Последен пат кога воопшто сум имала шминка на мене, вчера. Инаку не користам шминка за на факултет, само за излегување и за на кафе. А последниот период како што сум зафатена, со пријателите се видувам на некое поопуштено кафе во домашна атмосфера, со дечко ми исто, излегува дека цел месец не сум користела шминка, можеби неколку пати само маскара...
Не користам многу шминка па само за посебни некои пригоди на пр. кога ептен некаде се договоориме посебно негде да искачаме,за родендени,свадби,слави и сл. а инаку вака секојдневно си употребувам маскара,пудра,сјајче.А буквално ништо што не сум ствила беше во четвртокот
Денес... Скоро секој ден го врвам без грам шминка... Порано немаше шанси да излезам ненашминкана ама затоа сега се шминкам еднаш неделно...
Последно време ставам пудра само за викенд, бидејќи повеќето време сум дома и лицето ми е далеку поубаво од периодот кога не излегував од дома без пудра.