Вчера Чудна работа, во последно време имам приметено дека навистина мразам да вадам шминка, до толку што понекогаш не се ни шминкам, само крем за лице и фурам надвор.
Вчера,денес само малку пудра ставив на средишните делови од образите од страв да не ми се вцрви многу лицето,па после сите чудно да ме гледаат.
и јас вчера..иако подизлегов вечерта од пуста мрза не се нашминкав, ем што ми е мрза да се шминкам,ем ми е мрза да се бришам
Секогаш кога сум дома, сум без шминка, парфеми и останати хемикалии. Тоа им го препорачувам и на помладите членки, да не се оптоваруваат со ставање разно, разни хемикалии на себе, барем кога се дома, да ја остават кожата да дише. Доволно е само да се истушираат и да стават обична крема за хидратација на лицето. Можеби сега не ги чувстувате последиците од тоа што нон стоп вашата кожа е изложена на хемикалии, но подоцна сигурно ќе го почувствувате тоа, но за жал нема да можете да го вратите времето назад.
секогаш кога сум дома сум без шминка. Се шминкам само за во школо и кога искачам меѓутоа не трпам многу шминка а сепак знам да сум средена кога и да излезам некаде
јас доста често сум без шминка, се шминкам сега ептен кога морам, сакам природен изглед и не треба нон- стоп да е лицето со шминка, оставетеја кожата да диши и не го малтретирајте секој ден, казнувајќи го различни хемникалии и секакви чуда....јас за среќа имам чисто лице, си го негувам и не го мачлтретирам многу, имам чуствителна кожа и неподнесувам секакви производи и шминки....
Вчера. Никогаш не ставам шминка кога останувам дома, а ми се случува да излезам и без шминка. Имам чисто лице и ја оставам кожата да диши секогаш кога не е толку потребна шминката.
Па скоро секој ден сум без шминка. Ретко се шминкам, само кога не ме мрзи или излегувам навечер. Најубаво се чуствувам без шминка.
Недела дена no make up имам чисто лице,така да не сакам да си го расипам со шминка,но кога е некој битен ден се шминкам нежно.
Може сум офтопик, ама замислете, само обидете се, цел живот да не ставите ниту грам шминка, како мене. Ах, колку е убав животот на мажите. Добро, освен креми за кожа и лабела во неопходни зимски моменти.
Речиси месец и пол немам ставено пудра. Понекогаш ставам туш, маскара и кармин. Лабелото ми е во боја, па не изгледам толку лошо Се трудам да го средам лицево, па го лишив од шминка.