Вчера, денес, утре... Во главно се шминкам по потреба, односно доколку негде излегувам а сакам да бидам средена. Бидејќи ретко кога одам на факултет ретко и се шминкам, најчесто се шминкам кога излегувам од дома, но тоа да биде некое апла излегување, на кафе, во диско, на слава и сл. За докај мајка ми, до кај другарки, за кај на Петко другари ретко кога се шминкам. Иако да бидам искрена некогаш знам и кога сум дома да си се поднашминкам, пудра, маскара, руменило и малце лабело, но тоа е ретко, најчесто доколку очекувам гости. Не ми е проблем да бидам без шминка, но сепак сакам да се шминкам, кога на пример ќе облечам нешто во кое се чуствувам убаво, некако не целосно се чуствувам ако не се нашминкам, башка и сепак поубава се осеќам кога имам шминка на себе.
Па секогаш кога излегувам ставам шминка, освен за до продавница, у комшии, на цигара евентуално (летно време). Преку ден ставам минимална шминка, само пудра, маскара, и малку руж. И лабело во краен случај, друго ништо посебно. За вечерно излегување, малку поударно идам тогаш. Ставам туш горе, доле моливче и многу ми се допаѓа кога ми ги истакнува моите лепи плаво-зелени очи. Маскара секако, руж, и може кармин. Сјај не користам, и не обичам многу. Во краен случај немам потреба од шминка во смисла дека имам мн. исфрлано лице, митесери и сл. Ставам пудра зошто сум мн. бледа, таков ми е светол тенот, и не обичам да излезам негде без пудра. За другото ако ми текне. Иначе, да чукнам во дрво, имам мн. чисто лице. Едино црнките кои ги имам во пределот на носот ми сметаа малце, али се справувам со нив некако. Лепо се осечам додека имам шминка на мене.
Ве молам да се задржите на темата, како што е насловот,веќе има тема lice/bez-sminka-t5958/, може и во таа тема да се пообјасни за колку време би издржале без шминка, впрочем како што е и самата тема.
Денес, цел ден После кој знае колку време си го одморив лицето, не дека премногу се шминкам, ама од култура спрема другите кога излегувам, сакам да сум средена
Јас само кога сум дома сум без шминка...Во недела највеќе Имам многу бледо лице и ако не ставам пудра незнам исто како да сум болна или не ми е арно.
Кога не одам никаде, кога седам дома и учам, многу нормално дека седам без шминка. Нека ми подиши малку лицето, затоа што инаку секогаш се шминкам. Едно време повеќе се шминкав, сега гледам да ставам понежна шминка, барем за преку ден. Цимерките ми се чудат како станувам насабајле да се шминкам, барем 1 час порано од времето кога треба да испаднам, ама па не ми се испаѓа така, без шминка. Како тепач се чувствувам. Признавам дека во четвртокот ми пукна филмот, затоа што учев претходната вечер, гледав ГГ до два и пол ноќта, а требаше да претрчам, буквално, до факултет во 8 сабајле и ставив само пудро и руменило. Последен пат, кога поминав цел ден без шминка, бешеееее во неделата, а и викендов мислам дека ќе го преседам без шминка и со книги околу мене.
Денес, вчера, завчера Речиси цела недела не сум ставила ни грам шминка на себе, не излегував не знам каде, па и не сакав да се шлакам за џабе Ама затоа наредниве денови ќе надокнадам, секој ден имам за каде да се шминкам
Вчера... не, лажам, вчера имав само пудра и руменило, бев на забар и кога прска тоа водичето за чистење, мава некогаш директива у око, па се лишив од маскарата. Денес... веќе сум нашминкана, си го чекам либето. Во принцип не поминува ден без шминка кај мене. Барем пудра, руменило и сјај, ако ништо друго. Ептен треба да сум болна или цел ден да не мрднам од дома, па да бидам натурална. Тогаш имам втриено и масло во косата и шетам како некое наврнато маче.
Вчера... Едноставно ми беше доста од иритацијата на очите поради седењето во зачадена просторија со 0% шанси за луФтирање.
Вчера, бидејќи цел ден си го преседев дома..А изгледа и денес ќе го поминам денов во кревет и без шминка..