Обично секојдневната шминка ми е ББ крема и маскара и сум океј преку цел ден, но вчера освен што ставив крем за лице, друго ништо. Малце треба да одмори лицето.
Секој Ден во неделата дали ке се случи еднаш да се нашминкам и тоа само пудра и маскара а мозе и ниеднаш во неделата..бидејки по цел Ден сум дома со детето не одам на работа и затоа..☺
Скоро секој ден, не можам да се шминкам за на работа, смрт ми е, па и со топлово одма се топам во фацава
Шминка ставам само за некој посебни настани.. Но веѓите ми се секогаш нацртани! Значи секој ден го поминувам без сминка..веѓите не се сметаат хаха
Речиси секој ден. Ретко се шминкам. Не ми треба шминка Ставам единствено за свадби,родендени,слави.. и сл.
Најчесто фурам без шминка ама лицето не ми е баш за така, ама со пудра и ред други работи повеќе се влошува ситуацијата. Вакво си фурам за да не биде апла пудра, сега при крај е и планирам ББ крема од Гарниер да си земам. Инаку и шминката е лесна, со маскара и црвенило малку.