Без пудра го поминувам скоро секој ден. И за на работа не ставам веќе скоро две години, од кога почнаа маскиве. Без апсолутно никаква шминка - многу ретко, обично имам навика барем да римел да ставам. Не ми текнува кога последен пат, ваљда корона кога имав.
Same. Еве веќе 2 години има како не се шминкам. Сфатив дека е се работи целосно за прашање на самодоверба и престанав да ставам шминка секој ден и мнооогу ми олесна. Не можам да опишам колку сум порастеретена и посигурна во себе. Се шминкам многу ретко, обично за посвечени прилики или ако имам ќеиф, но пазам на рокот на шминката и ги обновувам независно.
Истооооо, мислам дека се препородив од кога престанав да се шминкам. А сега се вадам со тоа што имам мало бебе и ќе го исплашам со шминка
Како фати короната многу често, скоро секој ден, освен кога излегувам, а и кога излегувам не ми е баш шминкање во права смисла. Не сакам многу трупање по фаца декоративна козметика, повеќе сум по препаративна козметика.
Дури не се ни сеќавам кога бев без шминка, пред неколку дена. Обично секој ден за на работа сум нашминкана