Во последно време многу често сум без шминка повеќето од времето сум дома спремам испит , а и кога ќе идам на обична кафе пијанка не се шминкам
Вчера,ретко се шминкам..но ако излегувам негде, знам да ставам малку шминка...а вчера цеееел ден не ставив
И јас вчера, порано ич не ставав ептен ретко, 2 пати месечно па и поретко. Пред два месеци ме фати нокој кејф и се шминкам сега редовно. Немам некоја проблематична кожа, само ми се вцрвенува, чат-пат па знатоа и немав кој знае колку потреба да се шминкам стално.
Вчера, денес, целава недела.. можеби затоа што не сум излегла од дома и многу убаво ми е, лесно некако лицево.
Епа векее од стара нова год. неам ич шминка ставено на лицево мое а порано многу ставав зошто имав многу бубулици .. но бидејки ми се исчистија сеа можам комотно да си излагам без пудра
Скоро никогаш не се шминкам, само кога излегувам, но и тогаш употребувам само маскара и сјај за уста.
Секојдневната употреба на течна пудра ми го направи лицето ОЧАЈНО! Еден ден решив дека прекривањето на црнките и мозолчината е многу лоша идеја и престанав да користам течна пудра...се разбира, тоа значеше не излегување по кафичи 1 недела, но се исплати! Пудра ставив пред 3 дена бидејќи неодложно морав да завршам некоја работа во центар.Од тогаш на ваму не ставам шминка на лице, туку се посветив на чистење на истото со разни кремови и лосиони... сеа ситуацијата е мноооогу подобра. И кога сосем ќе го исчистам лицето, ќе се обидам да употребувам пудра колку што е можно поретко. А маскарче и креонче ми се задолжителни... маскара дури и кога не излегувам од дома ..
хахаха за мене темава би требало да гласи Последен пат кога сте поминале цел ден со шминка ...на 11Јануар бев последно нашминкана ама не цел 3сати Не се шминкам, мразам шминка преку ден, ми тежи на мене, не ја поднесувам...Така да нон стоп сум без шминка!
обично неделите лицето го одмарам без пудра само со бекутанче, инаку и не се шминкам воопшто само за излагање а преку ден за на работа само пудра ставам и шибам некако и работното место не ми е за шминка па така пудра е доволно
Денес и вчера не за друго по цел ден сум дома Инаку многу ретко скоро никогаш не ми се случува да излегувам од дома без шминка