Па последнава недела воопшто се немам нашминкано. Дома сум, учам, одам до продавница и до комшии, а за тоа не употребувам шминка и онака. Конечно ќе се нашминам у петок, причина - ќе полагам јееее, ќе заличам на човек
За време на викендите, кога сум дома, нормално дека сум без шминка. Но дневен ритуал ми е, штом стигнам дома од работа, се пресоблекувам, тргам шминка, и потоа може да продолжам со било што. Ако евентуално излегувам вечерта, свеж мејк-ап, нема ништо подобро. Да одговорам на прашањето, во саботата и неделата бев цел ден без шминка. И не излегов никаде. good for me
Кога сум дома секогаш сум без шминка. До продавница исто така без шминка. Но кога одам некаде секогаш ЗАДОЛЖИТЕЛНО шминка. Не поради другите туку поради себе. Битно ми е да изгледам средена. Колку шминка на мене зависи од поводот, секако за вечерни излегувања повеќе шминка. Инаку задолжително за секојдневие пополнување (маскара, руж, нежно карминче, врз него сјај за уста ) и фин изглед.
Скоро секој викенд кога сум дома ... и за празниците кога се прославува дома... Спојлер (а за секој ден имам само Пудра и секако римелче на мене- мн мнн ретко моливче)
Подобро би го преформулирала прашањето: Последен пат кога сте поминале цел ден со шминка? Не се шминкам, речиси никогаш. Многу ретко, за излегување или некоја пригода, ставам руменило, маскара и црно моливче, и тоа е тоа. Natural is natural.
Цела бременост ја поминувам без шминкање некако немав желба да се нашминкам и сега сум прикрај од бременоста и едвај чекам да се породам!
Во последно врме повеќе сум дома и не се шминкам, а и за на факултет не се тинтрам многу само туш и лабело и низ врата
Епа скоро секој ден си го поминувам без шминка Ако сум на училиште ама не се шлакам многу . А особено кога сум дома неможам да се шминкам,како да ми тежи нешто на лицево