Чувството без шминка,на пижами по дома на лаптоп со шолја кафе.ОМилена комбинација.Па незнам дали постои девојка која барем еднаш неделно несака или неправи вакво опуштање по напорен ден,или недела можеби,како и да е.Во своја кожа сме мислам тогаш целосно.Како да кажам-вистинските ние.
ke probav eden mesec bez sminka ama ne mi uspea ni edna nedela,sakav da vidam dali ke mi se podobri liceto ako prestanam da go pokrivam so sminki ama pak pocnav se osekam poubavo koga ke se poglednam vo ogledalo "sredena "otkolku bez sminka neznam nemozam a sakam da probam... [mod-kirilica:1nh2ox79][/mod-kirilica:1nh2ox79]
Кога би имала чисто лице,никогаш не би ставила пудра,колку ја мразам,кога ке ставам пудра ставам многу малку,а мислам дека сум фасадирана,и само што ке влезам дома одма ја бришам!Морам поради моите тенки капиларчиња и некоја акна на лицево кога излегувам надвор да ставам пудра.Кога би имала чисто лице нкогаш не би ставила!Не можам да ги сватам девојките кои имаат убаво лице а редат тон пудра,а доволно би било малку маскара и руменило.
Вчера, и баш ми беше супер. Дури сум заприметила ако цел ден сум со шминка, и кога ќе си легнам вечерта ништо не ми е, но од кога ќе станам осеќам замор на лицето.
22.04.2012 (минатата недела). Цел ден бев дома - никој не ме виде, па немав потреба да ставам шминка. Инаку секогаш имам шминка на себе, но онаа минимална - малку пудра, маскара, креон и лабело. Ништо повеќе. Не дека тоа што ќе се нашминкам ќе ме направи поубава, туку се чувствувам посамоуверено кога имам шминка на себе.
немам пореба од пудро, но ставам само заради подоцнаците, без сминка сум обично во недела еднино ако излезам вечерта па тогаш се шминкам....
јас не можам да се замислам без шминка , но кармин сенка маскара креон тоа е неизбежно.Не користам пудра бидејки имам чисто лице ,но кога станува збор за пудро најдобро пудро е хидрантното пудро бидејки не се ни познава дека се користи го користат и девојки и жени.А,сакам да сум секогаш средена тогаш се чуствувам комплетна.Никогаш не носам скапа облека,сакам секогаш да бидам поразлична од друѓите.
Многу често сум без шминка, понеделникот, вторникот, вчера, денес. На факултет неретко одам без шминка.
Јас не се шминкам. Имам чисто лице и не ми иде на памет да се мачкам со пудри. Сенки не користам. Само е така,маскара,сјај за усни,молив ретко.
Денеска ми текна да не се шминкам, и дојдов ненашминкана на работа. Како што е жешко сега, фали уште плус потење од пудра- не, благодарам! Сите ми викаат дека сум друга денеска, ама баш ми е гајле, барем си го мијам лицето да се разладам колку пати сакам без да се замарам за шминка