Последен филм што го гледав е... Рандом приказни на неколку ликови, за нивниот љубовен статус и сфаќања, чија заедничка потрага е онаа по среќата. Нивните приказни не завршуваат баш како што јас мислев и очекував, а тоа ми се допадна. На моменти е многу монотон (дечко ми дури и се успа) , но се на се интересно филмче.
Последен филм што го гледав е... P.S. I LOVE YOU Мислам дека нема човек што се уште не го гледал , јас коонечно стигнав да го гледам
Последен филм што го гледав е... Despicable me...го препорачувам и супер е веќе 4 пати го гледав и пак ми е интересен особено оние жолти мали слатки суштества
Последен филм што го гледав е... Добро што ми требаше ваков филм да гледам? Ова е еден од НАЈсексапилните филмови што сум ги изгледала!!! Цел филм кожава наежена ми беше. Глума - 10/10 Приказна - 10/10 Сексапил - 100/10 Ефекти (За тогашно време) 10/10 Препорака моја дефинитивно, филмов само за со дечко е, но немојте вака како мене сами да го гледате, не е на арно! Едит, овај Мickey Rourke да го гребниш и да бегаш е! Колку е убав во филмов, не е нормално!
Последен филм што го гледав е... Ееее Мики беше типац на времето... А филмот е перверзија. :up: ... и не сум гледала филм одамна, не знам кој беше последен
Последен филм што го гледав е... Tи со торент мајсторот правиш муабет или со кого правиш? Повели http://thepiratebay.org/torrent/5313108 Атеншн! Земи си апарат за против пожар, или блага вода, ќе ти треба
Последен филм што го гледав е... Мислев дека е пошалабајзерски, ама испадна доста добро филмче. Јас ја обожавам Камерон и овој филм и го имав пропуштено, па вечерва си надокнадив. Приказната е за две сестри, кои ја имаат изгубено мајката, и пресвртот во нивните животи откако ќе се скараат. Јас сум да го погледнете, особено вие што имате сестра.
Последен филм што го гледав е... Spoiler Kолку ми беше жална сцената кога и го мачкаше лицето во пештерата
Последен филм што го гледав е... Со маж ми гледаме секој ден по 2-3 епизода од Hell`s Kitchen. Тоа е америчко кулинарско шоу со награда - ресторан во Вегас. Шоуто го прави Гордан Рамзи, един од најдобрите готвачи во светот и ги прави учесниците партали Јако шоу, стигнали сме до 4 сезона...имаме уште 4 сезони да гледаме