Последен филм што го гледав е... Ништо посебно. Глумците се тие, кои се погоре прикажани. Очекував побурни дејствија... ама... ништо. Дејствата на кои требало да се задржат, не се задржани ниту поопширно издејствувани, а онаму каде што треба да е минлива сцена, отупени се едно 10тина мин.
Последен филм што го гледав е... Очекував многу повеќе, со оглед на тоа што глумциве се фантастични. Имаше светли моменти, ама воглавно е досаден, некако предвидлив и со постојано темпо.
Последен филм што го гледав е... Christmas Cupid со прекрасниот Chad Michael Murray... Интересна романтична приказна
Последен филм што го гледав е... Мислам дека не постои филм кој е подобар од книгата според која е направен. Нормално, во рок од 2 часа, режисерот не може да ви прикаже се она што е раскажано на 300 и кусур страни, особено кога се работи за Девојката со бисерната обетка каде описите и настаните се дадени до најситни детали. Но во секој случај - убави филм.
Последен филм што го гледав е... Само што го гледав The proposal со Сандра Булок. Уживав во филмот, романтична комедија, интересна приказна
Последен филм што го гледав е... Gone with the wind Преубав, разбуди во мене толку многу емоции, и не зажалив што потрошив речиси 4 саати гледајќи го, вредеше секоја минутка, и не се разочарав ги доживеав истите емоции како кога ја читав книгата. Конечно старата добра романтика после толку трилери
Последен филм што го гледав е... No strings attached Ештон ми е посебно сладок во овој филм а филмот е добар за опуштање The resident напнат филм, иако знаеш кој е психопатот ама пак има некои такви сцени од кои срцето во пети ти оди