Последен филм што го гледав е... Интересен филм - нешто поразлично. Станува збор за тоа колку сме сигурни дека знаеме што се случува во главата на нашиот партнер, пријател, за довербата и дали можеме да ја градиме среќата врз основа на туѓата несреќа?
Последен филм што го гледав е... Пред малку го догледав филмов, преубав е , плус со Ештон.........комбинација снова. Го препорачувам на сите http://www.youtube.com/watch?v=MRPr34vEbC8
Последен филм што го гледав е... Мене пак ми се допадна многу, за разлика од P.S. I love you. Сепак се работи за вкусови Сите ние имаме различни.
Последен филм што го гледав е... Filpped. Необично филмче, покажува две страни на една приказна за невина љубов од младоста. Филмов е драма, имаше некои смешни моменти, ептен е смирен без многу дејства, ако сакате динамика и акција не е за вас. Мене ми го задржи вниманието и ептен ми беше интересен. Секоја случка ја покажуваат прво од страна на момчето, па потоа од страна на девојчето и едвај чекав да видам како таа изгледа во различни очи Не е некој тежок филм, ама не е ниту лигава љубовна драма, туку баш реален. За релаксација е одличен Базиран е на новела, ама не сум ја читала и нема да правам споредба
Последен филм што го гледав е... A Cinderella Story, со Хилари Даф. Онака слатко, типично тинејџерско филмче.
Последен филм што го гледав е... И Тедимече, како ти се допадна филмчево? Насобрав неколку филмови, меѓу кои и овој па планирам да ги гледам кога ќе ми се опраи ДВД - то.
Последен филм што го гледав е... The Black Swan Луѓе совешен е! Патем Натали Портман доби пред некој ден Оскар за улога во истиот!
Последен филм што го гледав е... Ептен ми се допадна филмов, отвара многу прашања за дискусија... Мет Дејмон и Емили Блант се прекрасни. Ви го препорачувам да го изгледате
Последен филм што го гледав е... Го симнав највеќе за Енрике,ама тој па најмалце глумеше ,и со тој другар му цело време се вртеа,ко некои тутурутки ми беа ,и цел филм го протера со една јакна црвена.А во главните улоги беа Антонио Бандерас и Џони Деп,не му личат на Џони вакви филмови.
Последен филм што го гледав е... Ах ја обожавам Анистон , па + во комбинација со Адам Сендлер. Што да објаснувам повеќе.
Последен филм што го гледав е... Последно што гледав беше "Conviction" со Hilary Swank и можам да кажа дека навистина сум одушевена од филмот. Преубава драма! Тоа е еден од подобрите филмови што ги имам изгледано во последно време. Топло го препорачувам на сите