Последен филм што го гледав е... Женски да ве замолам нешто Коа ќе ставате слики ако сакате пишето го и името под сликата, пошо ногу често од разни причини не ми ги отвара сликите и пола од постовите ми се безначајни Фала Инаку вчера го гледав. Unfaithful, оној стариот од 2002. Не верувам дека некој го нема гледано, многу добар филм, драма и романса. Го имав подзаборавено па благодарение на некоја од вас тука го имаше напишано и си го симнав да се потсетам ако има некоја што уште го нема гледано - обавезно
Последен филм што го гледав е... The Game Plan Одлично филмче за релаксација... се пресмеав... Девојчето е преслатко..
Последен филм што го гледав е... ...и баш кога помислев дека ке биде се во ред со Клариса "Precious" излезе дека е ХИВ позитивна..
Последен филм што го гледав е... This is Not an American movie. Вчера во кино. Девојки, ве молам ако некоја го гледаше да прокоментираме. Јас глупава ли сум, или малоумна, ама сега да ми речат - раскажи го, нема да знам да бекнам. Абер немаше, а на некои сцени се смеев од што беше идиотско и моронско филмчево. Не ми се верува дека некој го финансирал тоа. Просто нема поента постоењето на филмов. И се смеам, траги-комичен е, повеќе трагичен, отколку комичен.
Последен филм што го гледав е... Sex and the city 2 Valentine's Day Залудно потрошено време... барем едниот да вредеше...