Последен филм што го гледав е... Zodiac Добар е, но дејствието некако многу време се развиваше.Седум ми се допадна повеќе од овој,како и да е не е лош, препорачувам.
Последен филм што го гледав е... Овие 3 филмови ги гледав последниве денови. Последните два ок се, ама првиот филм е ужасно здодевен! Саатипол чекаш нешто да се случи и на крај, ништо не бидува, нема никакво дејство.
Последен филм што го гледав е... Kнигата е секако подобра,ама и филмот не е воопшто лош.Само единствено секогаш ме разочарува тоа што многу се скратува во филмот...некои прекрасни детали кои ја прават книгата прекрасна, а тоа го нема во филмот.Како и да е ова е легендарно дело на Маркез така да филмот не би можел да биде лош.Изборот на актери ми се допадна, мада додека ја читав книгата не ги замислив ликовите никако...физички не можев да ги доловам во главата.Најмногу ми се допадна ликот на Трансито Араса, каква жена...докторот некако го замислував построго и како во книгата што е опишан, дека се мрчи за многу работи, актерот не ја има таа фаца.Актерката која ја глуми Фермина е прекрасна, баш како што се опишува во книгата,а Флорентино мислам дека е оригинален, одлично одиграна улога од негова страна. Прекрасен филм.
Последен филм што го гледав е... Penelope убав филм, со многу убава порака http://www.imdb.com/title/tt0472160/ оцена 8,5/10
Последен филм што го гледав е... Не ми се допадна како заврши, исто како и во секој филм. Ништо ново.
Последен филм што го гледав е... Spoiler Едвај се воздржав да не заплачам .. Додека го гледав цело време наежена бев.
Последен филм што го гледав е... Perfect man со Хилари Даф, абе филмчето е многу добро, кој не го видел, топло му го препорачувам.