Последен филм што го гледав е... Штом е со Хопкинс...нема утка. Постар ама еден од подобрите филмови што некогаш излегле.
Последен филм што го гледав е... Не ми ја дава сликата, а баш ме интересира филмот, можеш насловот да му го напишеш, се извинувам што сум офф топик
Последен филм што го гледав е... до филмот е, си велам....и мене воопшто не ми се допадна, само песната ми беше добра ``can`t take my eyes of you``
Последен филм што го гледав е... Hole in one Ја ли би, ја ли не би Америчка пита...?! Комедивче, онака.
Последен филм што го гледав е... Irreversible (2002) Irréversible (original title) 97 min - Crime | Drama | Mystery за сите љубители на европската, односно француската кинематографија. филм со преубавата Monica Bellucci, филм со премногу насилство, силувања, геј секс сцени, дефинитивно филм не за секого, особено не за оние со послаб желудник. дејствието се одвива уназад, па дури на крај сватив кој лик што е уствари кој сака да го провери : http://www.imdb.com/title/tt0290673/
Последен филм што го гледав е... The Last Deadly Mission (MR 73) Француско трилерче, со пар крвави сцени и сцени кои не се баш пријатни за гледање. Првиот саат малце напна од монотонија за после да се случат сите дејствија. Од мене 5/10
Последен филм што го гледав е... Trust. Го гледам океј, океј, океј ... поучно, реално, убава глума, те тера да размислуваш, девојчето е преубаво ... и кога крајот ќе го усерат, се што можам да кажам е е*ате.
Нели е барем добро кога гледаш некој филм барем оцена или 1 реченица да се напише за него. Ова како играчница му доаѓа, слика од филм постави Денес сум во некој бесен филм, па такви се и двата филма што ги изгледав. Али задоволна од изборот што го направив, 2 одлични акциони филмови Со Џејсон Статхам сум гледала и подобри филмови, не го спомнувам Транспортер зашто тој ми е еден од омилените филмови, но оваа година од неговиве 2 филма Механичарот и Блиц, сепак Блиц го ставам на второ место. Приказната е очигледна, знаев како ќе заврши. Иако фина приказна. 7мица ете оценка. E тука веќе ме соборија. Приказнава е предобра, многу подобра и од 3ката и 4ката. Одлично одлично од филмска екипа, од приказна, од место на случување, до коли, до техника, до ефекти, ма све! Воедно обожавам вакви акциони тркачки филмови и до сега не сум видела филм каде искршиле толку коли. чиста 10ка!
Дами и Господа, по иницијатива на членовите темава се преименува во Последен филм што го гледав и кратка рецензија и мислење за истиот. Само оставена слика не значи ништо, не го покажува вашето мислење, дали вреди да се гледа или не, што прави другите членови да одат оф топик со распрашување за филмот. Значи, само оставена слика ќе се смета за офтопик и ќе биде избришана. Ви благодарам на вниманието
Морам да признаам дека ако го гледав трејлерот немаше шанси да го гледам филмот . Ми имаа кажано дека е добар и го гледав така без да видам трејлер. Ми беше супер , да не кажувам што ми се допадна што не , не е убаво да знаете што ќе се случи
Само што го изгледав филмот "Vanilla sky", филмот е од 2001г. имав слушано за него но го немав гледано. Значи од филмот ми остави добри импресии малку се замислив од како го изгледав. Главна улога е Том Круз кој својата животна приказна ја раскажува на еден психијатар. Spoiler Тој почнува да живее еден нереален живот после сообраќајката во која ќе умре неговата девојка, а тој останува жив. Последиците од сообраќајката ќе се одразат на неговиот надворешен изглед, ќе има лузна на лицето па затоа ќе треба да носи маска. Тој пред несреќата се запозна со Џулие, со која ќе продолжи да се гледа и понатаму. Тие ќе се заедно се додека, еден ден ќе почне да му се предвидува Џулие во старата девојка. Па тој мислејќи дека Џулие е неговата бивша девојка ќе ја убие. Сето тоа на нему му го раскажува неговит психијатар во затворот, надевајќи се дека ќе се сети што се случило и ќе ја разјасни целата ситуација. Тој ќе се сети дека потпишал еден договор, па ќе отидат во агенцијата да дознаат што се случило бидејќи не се сеќава. Таму ќе го сретне човекот со кој го потпиша договорот и ќе му објасни се за договорот, и се што се случило после тоа. Па потоа тој ќе треба да се одлучи дали сака да живее во нереалниот свет во кој живеел досега и да му биде се совршено, да нема лузна на лицето и да ја има покрај себе жената која тој ја сака или да се врати во реалниот живот. Па ако сакате да го дознаето крајот на оние кој што не им е гледан, нека го изгледаат.
^ Офтопик е мислењево, но рецензија треба да се разликува од поимот кратка содржина. Нема потреба од тоа да го раскажуваме филмот. Во рецензијата треба да го напишеме нашето мислење за филмот, импресии позитивни или критика негативна, без притоа навлегување во детали за да им биде интересно на следните што ќе го гледаат.
Everything must go - го гледав вечерва и не ми остави некој впечаток. Всушност, на моменти ми беше и здодевен филмов, па го превртував. Нека некое посебно дејство. Има добра порака, но мене ми е еден од најздодевните филмови што сум ги гледала. А пак, и глумецот, катастрофа! Оценка - 4.