Филмот е супер. Главна улога има Вил Смит, Spoiler лик поради чија што вина (вози и зборува на мобилен) загинуваат неговата свршеница и уште 6 други невини личности. Од тој ден г. Томас (Вил) се обидува да им помогне на 7 личности кои имаат проблеми со цел да го надомести бројот на седумте личности кои загинаа поради негова вина. Последната личност на која и помага и треба трансплантација на срце, а тоа е девојка која се заљубува во него. На крај тој се самоубива и неговото срце го добива девојката. Се надевам дека никој не го расказал филмот претходно, затоа што не ги проверив претходните страници.
СПОЈЛЕРИ! Некој го нема гледано филмот, не може туку така да се пише крајот. Делови од содржина и крај на филм обавезно се стваат во спојлер.
Despicable Me Фино филмче т.е цртан. Интересен, а има и доста комични моменти, така да секако те расположува. Најмалото дете е закон . Препорачувам!
SPLICE Spoiler Филмот е научнофантастичен трилер, со Адријан Броди во главната улога. Се работи за двајца научници кои експериментираат со комбинирање на ДНК од најразлични животни, со цел да создадат моќен хибрид кој би дал многу патенти како потенцијална основа за правење на различни лекови против неизлечиви болести. Но, доколку го погледнете ќе видите каков хибрид ќе успеат да створат и што се' ќе се случи. Филмот е премногу интересен, нема да мрднете до крајот. Има еден многу бизарен дел, покрај тоа што нели целиот филм е чукнат , но е навистина поразличен од се што сте виделе досега. Препорачувам. :up:
The Day After Tomorrow Spoiler Филмот е научно-фантастичен. Раскажува за катастрофалните последиците од глобалното затоплување. Џек Хал (Dennis Quaid) од Њу Делхи се обидува да стигне до својот син Сем (Jake Gyllenhaal) и неговите колеги кој се наоѓаат во една библиотека во ледениот ЊуЈорк, на Менхетен. На IMDb има оцена 6.5/10, но јас му давам9/10. Вреди да се погледне филмот,пред се‘ поради тоа глобалното затоплување и катастрофалните последици проследени со дождови,ветрови и урагани.
Spoiler Хорор филмче иако мене не ми беше воопшти страшен. се работи група американски туристи кои одморот го поминуваат на остров во Мексико. таму запознаваат Грк, со којшто тргнуваат по посета на некои урнатини. кога стигнуваат на местото од мапата гледаат пирамида целата обрасната со некоја чудна трева со црвени цветови. веднаш по нивното пристигнување, на коњи доаѓаат некои наоружани типови од некое мексиканско племе и ги истеруваат сите кон врвот на пирамидата. таму нивниот пријател, гркот доживува несреќа, си го крши рбетот и останува неподвижен па мораат да му ги ампутираат нозете. наредниот ден тој забележува дека нешто не е во ред па бара да му ги покажат нозете, кога го кренаа кебето гледаат дека ластините на тревата му влегле во кожата брзо ги вадат и мислат дека се е извадено но не е таака. еден по еден тревата сите ги подлазува и ги усмртува. бегство од пирамидата нема! а тие доле мескиканците стражареа и не даваа никој да се побегне за да не се рашиири тревата бидејки кој ја допре....се знае што го чека
Прекрасен романтичен филм. Го препорачувам на љубителите на романтични филмови, што не го гледале филмот, да го гледаат.
Филмов незнам колку пати ми е гледан и ми е се поинтересен со секое наредно гледање. Пак се штрекнувам на истите сцени кои знам дека следат и сама си се смеам Да не зборувам за изгледот на Чед си знаете вие и сами
El Orfanato [2007] Филмов мислев дека нема да ми се свиѓа зашто е шпански, ама нема врска, баш напротив. Интересен хорор, со добра содржина. Spoiler Се работи за жена од 40тина години која со своето семејство (син и маж) се вселува во нова куќа, односно тоа е сиропиталиште каде што таа живеела кога била малечка. Наеднаш во куќата почнуваат да се случуваат чудни работи. Синот на почетокот ќе и зборува за некои деца кои се постојано во куќата и кои играат некоја игра, но таа нема да му верува. Кога тој ќе исчезне таа на секој можен начин ќе се обиде да го врати, да дознае каде е и кои се децата кои сега и неа почнаа да и се појавуваат. Крајот нормално не го откривам, оставам на вас да го видите. Добар е.
yes man! кога го спуштив мислев дека ќе биди само една обична комедија, и ич ама ич немав ќеф за да го гледам.. и конечно си го пуштив вчера, и дознав дека сум се излажала.. филмот е одличен, не е уште една комедија, напротив, со jim carrey во главна улога, филмот дава навистина поучни совети.. Кажете ДА! на животот.. секако присутни се и романтични елементи.. филм кој дефинитивно го смени моето размислување за некои работи.. давам 9/10
Spoiler Не знам зошто филмов доесга не сум го гледала, кој идиот. Италијански филм за Малена, прекрасна жена кој е на погрешно време во погрешно место. Ренато е момче кое се вљубува во неа, и ја раскажува нејзината приказна, од опсесијата на мажите со неа и љубомората на жените во мало градтче во Сицилија за време на Втората Светска Војна. Оценка: Задолжително да се изгледа!!!!! Повеќе пати не се на одмет
Lola Rennt или Run Lola Run или Трчај Лола Трчај Филмот е германски, го имав гледано, но вредеше пак да се изгледа. Франка Потенте (ја знаете од Борновиот Идентитет) ја игра главната улога и претрчува низ целиот филм, филмот е составен од три дејствија и поентата му е што би било кога (не) би било или ефектот на пеперутката, односно колку деталите влијаат врз последиците. Музиката е одлична, како и целиот концепт на филмот. http://www.imdb.com/title/tt0130827/
GONE BABY GONE Во режија на Бен Афлек, а во главната улога е неговиот брат, Кејси Афлек. Предобар кастинг и фантастичен филм. Буквално го одзема здивот, не знаете што ќе се случи до самиот крај и не е типичен холивудски филм. Препорачувам.
Интересна приказна, Џејмс Франко е едноставно неодолив, единствено имам замерка за спорото одвивање на дејството, премногу внимание е посветено на деновите додека е заглавен, а многу малку на неговиот живот. На моменти не ми беше јасно кој е кој, и што точно се случило. Се на се, фино филмче за тепање време. Очекував многу повеќе, а добив само типичен американски идиотизам. Не препорачувам.
Верувам дека многумина го имаат гледано. Станува збор за зависност од дрога и последици. Паралелно се прикажува американската илузија - желбата да се појавиш на телевизија и да бидеш познат меѓу останатите, осаменоста на старите луѓе, малите шарени апчиња за намалување на тежината кои на крај ќе те мрднат од умот... Глумата на Ellen Burstyn ме трогна!
Spoiler Ако уште еднаш некој напне со tres metros sobre el cielo ќе се убијам Амн деца го напнавте сегде, ств јак ви е ок, не мора да гњавите Evan Almighty (2007) Еден вид продолшение на Bruce almighty. Смешен е глумецов, мене секогаш знае да ме насмее. Ако сакате да се опуштите и да се посмеете барем на 20 минити ви го препорачувам. би му дала оцена 6 само заради главниов глумец. Смешен ми е како појава. И да не го заборав Господ, фантазија од актер. најјака ми е иронијата, господ=црнец. А зашто во следен филм да не биде жена Само предлагам де И Hall Pass (2011) Самиот наслов не ветува ништо интересно и забавно. И нависитна така. Искрено очекував малце повеќе акција од двете страни, смешни и позабавни сцени. Немаше ништо од тоа. Единствено се согласувам само со идеата, дека забранетот овошје е слатко и посакувано само бидејќи е забрането. Кога не е забрането, никој не го сака. дури и глумата е на ниско ново. Не очекувам ништо повеќе од глупава амарикаска романса-комедија. слаба 3.
Не верувам дека на многу женски би му се допаднал филмов. Анимирана акција со одлична порака и неколку часа пронаоѓање на неа. Би го препорачувам само поради силната порака.
Смешно филмче, ама без некаква содржина.. Освен смешните сцени, друго ништо не ми го задржа вниманието.
Решив да го гледам само заради фамата на фејсбук што е крената! Морам да си признаам дека филмот ми се допадна, поготово што не е типична шпанска приказна и не е романтична-комедија како што мислев. Го препорачувам пред се затоа што глумецов е толку хот што не можев да ги дојадам пуканките од што бев концентрирана на него, а и фина прича е.