jas go gledav the bourne identitu (Борновиот идентитет) стварно кул е филмот а глумецот не е многу убав ама кога ќе погледне ќе те онесвести
Friends with benefits. Океј филмче, Мила преубава, Џастин од секогаш ме нервирал на моменти со некои негови гримаси, ама воглавно и тој си беше океј. Онака за опуштање супер е.. Сестра му на Дилан и синчето нејзино премногу ми се допаѓаа. Можев да го грабнам тоа малото магионичарче и да бегам
http://ia.media-imdb.com/images/M/MV5BMTYxMjA5NDMzNV5BMl5BanBnXkFtZTcwOTk2Mjk3NA@@._V1._SY317_.jpg ТHOR - Типот е БОГ indeed. Филмот е митолошки, Ентони Хопкинс Натали Портман and Mr. GODELISIOUS himself... блади фантастик! Го препорачувам! Ај ЛАВ ТОР! екскламејшн поинт!
Triangle (2009) http://www.imdb.com/title/tt1187064/ интересен филм, трилер-мистерија,кој сака вакви жанрови вреди да се погледне, возбудлив е до самиот крај. оцена 7,5/10
Филмов ми е еден од поомилените. Го имам гледано неколку пати и пак не ми е досаден. Веројатно поради тоа што Тим ми е одличен актер а Тупак комплетна личност на која сум огромен фан, па ми се погодија и актерите и спојот на реалноста, хуморот, иронијата и расизмот во едно. Имено, станува збор за двајца наркомани кои на новогодишната ноќ решаваат да се откажат од дрогата и притоа запаѓаат во многу смешни и незгодни ситуации од кои се извлекуваат на уште посмешен начин. Би можеле да се опишат нешто како "Dumb and dumber from da hood" 100/10 му давам
Jas ТРи метри над небото го гледав пред некое време бос филм стварно. Никаква содржина. Интересен е за девојчиња до 16 години ама мислам дека не би ја заинтересирал постарата публика. Единственно машкото во филмот беше ептен хот и само сцените со него ги гледав..
Red ridin hood Mи се допадна филмов,затоа што сакам ваков тип на филмови,цело време се сомневав во тоа кој е волкот убиецот и тап-погодив! Mалку крајот ме разочара-очекував нешто друго
Е ме изнервира филмов што го гледав два ипол саати, за да заврши со претпоставка Ама верјатно дека е вистинска приказна не го смениле крајот.
Bad Teacher Добар филм за тепање време и на моменти неколку смешни сцени - ништо повеќе од тоа. И да Камерон Диаз е навистина топ а Џастин ми делуваше некако изгубено.
Јас повторно го гледав The Roommate па да споделам импресии. Добро трилер филмче за психички болната Ребека (Лејтон Мистер) која болно се опседнува со нејзината цимерка Сара (Минка Кели).Бидејки отсекогаш сум се интересирала за психологијата па сакам да гледам вакви филмови каде што се работи за болни лица и начинот на кои тие се однесуваат. Spoiler Филмот започнува со пристигнувањето на Сара во студентскиот дом,таа е возбудена поради интересниот период кој и претстои.Се спријателува со нејзината цимерка Ребека но не ни препоставува дека таа е психички болна.Како што минува време Ребека се почудно се однесува.Сака да и биде единствен пријател на Сара,очајнички се обидува да ја заштити од секој кој ќе и се приближи и ги позајмува нејзините работи со желба да изгледа како неа.Кога мајката на Ребека ја прашува Сара дали Ребека ги зема лекарствата е моментот кога Сара ќе се посомнева дека нешто се случува со неа.Откако ќе ги пронајде апчињата за болни од шизофренија или биполарно пореметување и откако Ребека ќе си направи иста тетоважа како неа сфаќа дека таа е навистина психички болна и ќе се отсели.Но Ребека со нејзиниот болен ум мисли дека Сара ја предала и и праќа порака од име на Ајрин (другарката на Сара) да дојде во нејзиниот стан со намера да ја убие.Сара оди во станот а не ни претпоставува каква опасност ја очекува.Но како и во секој филм од ваков жанр на крајот Сара се спасува а Ребека умира. Можеби ќе звучи лудо но донекаде и ја разбирам Ребека.Таа е осамена личност,која тешко се вклопува и сака покрај неа да има личност која ќе и биде како сестра и ќе ја заштитува од се.Но поради психичката болест не е свесна што работи и можеби затоа ваквите ликови не можам да ги гледам како негативци туку повеќе ги сожалувам. И покрај негативните критики мене овој филм ми се допадна.Вистина е дека има отприлика предвидлив крај но сепак е интересен за гледање.Глумата на Лејтон Мистер е одлична.Не е лесно да се изглуми ваков психопатски лик а таа е доста уверлива во оваа улога.Единственото нешто кое ми пречеше е тоа што не е многу објаснето зошто Ребека е таква и што се случило во минатото со неа. Иначе добар филм оценка 8/10
Ми се допадна, интересен е, али некако со предвидливо сценарио со оглед на тоа што е сличен на претходните дела.
Inception Дом Каб и неговиот партнер Артур работат илегално деловна шпионажа со тоа што влегуваат во потсвеста на жртвата преку контролиран сон. Користат техника „сон во сон“, преку која успешно ја добиваат бараната информација. Е сега зошто го прават тоа ќе треба да погледнете. Предобар филм што ме остави во прашалници, всушност не само мене туку сите што го изгледале.
Рецензија во спојлер Spoiler Романтичен филм. Млад брачен пар кои премногу се сакаат остануваат без пари. Знаејќи дека без пари не се живее, одат во Лас Вегас да си ја пробаат среќата... билионер ги сретнува и од прва ќе се заљуби во девојката. Предлага 1 милион долари за само една ноќ да помине со неа. По долги двоумења прифаќаат ветувајќи дека никогаш нема да го коментираат настанот, дека тоа е само секс без чувства и дека со парите ќе ги исполнат зацртаните планови. Но тоа нема да испадне така.. во текот на неделите љубомората и немирот кај мажот не престануваат па затоа се разделуваат. Меѓувремено милионерот ја брка девојката и прави се за таа да остане со него.. по неколку години тој ја пушта да се врати кај мажот бидејќи: Таа никогаш не ме гледаше така, како што го гледаше него. The end.
Не сакам да бидам "лоша" али сигурна сум дека под рецензија не се подразбира раскажување на филмот до крај... Повеќе ми се свиѓаше кога се постирање само слика, барем ме тераше да видам што филм е, вака кога знам се не ми се гледа. И да не бидам оф топик, само што го изгледав THE WARD (2010) и не сум нешто воодушевена. Филмот започнува конфузно и се се случува во психијатриска болница каде што не се знае кој е поболен, дали пациентите или докторите. За оние кои сакаат неизвесност и психо-хорори можеби ќе помине, ама кај мене иде со 4/10.
Mе мавна таква инсомнија, што седнав да гледам филмови SMILE- хорор филм, Spoiler се работи за група туристи, кои ќе се докопаат до мистериозна камера, и секој што ќе се слика со нејзе умира Oнака лајт филмче,ништо посебно 6/10 PERFECT GETAWAY супер филм, психолошки, ме остави со подзината уста на крајот 8/10 TANGLED одлинчно анимирано филмче, многу многу итересно, уживав додека го гледав
ИСто и јас го гледав A perfect gateway Многу добро филмче, го препорачувам на сите кои сакаат драма, психолошки трилери Дејството се одвива на остров,каде што не е се така рајско како што изгледа, маж и жена се сретнуваат со други двајца, исто маж и жена, и приказната мора да ја погледнете Доста интересен и добар филм.