Вчера го гледав ЦРВЕНКАПА новиот филм-добар е интересно направен,фантазија али сепак супер е!! денес се токмам да го гледам новиот икс ман 6
The Guardian филмот е прекрасен, не очекував дека ќе ми се допадне толку, ама навистина пријатно ме изненади. Станува збор за загубите, љубовта и саможртвувањето. Би го ризикувале ли сопствениот живот за да спасите некој друг? 2 сати и 15 минути не трепнав додека го гледав, навистина добра приказна, а и Ештон ме изненади пријатно - треба повеќе вакви филмови да снима. Оцена 10/10 Spoiler Станува збор за спасувачите од крајбрежната стража на САД. Кевин Костнер е спасувач кој во една спасувачка мисија го губи својот тим и само тој преживува, а во меѓвреме и неговата жена го напушта бидејќи на прво место му се секогаш спасувачките мисии. Неговиот командир му дава избор или да ја напушти работата или да стане инструктор да ги обучува кандидатите за спасувачи. Тој нерадо прифаќа да биде тренер, но воведува нови методи и само во првите недели пола од кандидатиде отпаѓаат. Ештон Качер е еден од кандидатите кој останува, но и тој си има свои трауми од минатото. http://www.imdb.com/title/tt0406816/ Hall Pass не е лош за тепање време, инаку не е ништо посебно. оцена 5/10 http://www.imdb.com/title/tt0480687/
When in rome Spoiler Spoiler Овој филм мене ми се допадна. Започнува со кога Бет оди во Рим на свадба на својата сестра таму се запознава со Ник.Таму двојцата танцуваа , станаа поблиски, но таа го виде со друга како се бакнува и зеде едно шише со пијалок и влезе во фонтаната на лубовта , таа од таму зема неколку парички и еден жатон за покер . по свадбата на бет секој ден ја прогонва луге .а тие всушност беа лугето што ги фрлиле паричките во фонтаната а таа ги зеде .така се одвива цел филм ја прогонуват и ред други работи .таа се залубува во ник и така ...се нема да и пишам ,гледајте го интересен е
Spoiler Се зборуваше за една жена која е убиена па ги гледаат снимките од пред неколку вечери пред убиството ама овој детектвивот не им веруваше бидејки кога светна со ласерот и таму кај жената светна...Искрено не можев да го разберам филмот добро и заспав гледајки А имаше уште еден час од филмот Баш сакав да видам што ќе се случи откако детективот остави порака кај колегата за да се врати времето Ако некој знае што се случило понатаму и ако не го мрзи нека ми каже
^Цаци крајот на филмот беше ужасен. На страна тоа што беа тешки измислици, некако како да не беше доoсмислен, па ајде само да нафрлаат случки. Spoiler Имено, он се врати во минатото, ја спаси Клер од тој убиецот и притоа беше ранет. Партнерот му го уби тој. Отидоа кај неа дома, се бришеше со крпи (од таму фактички беа завоите), напиша со магнетите на фрижидерот U can save her и во еден момент му текна дека ништо не изменил. Тука нешто не го разбрав баш, ама се вратија на бродот, следуваа пукања и убивања. На крај се качија они во пикапот каде што беше бомбата и правец море. Женскава успеа да се спаси, ама бомбата експлодира и си умре типов. Е моментот е многу глуп сега. Клер седи надвор со ќебе, плаче што го нема, а типов доаѓа од таму, баш како што беше на почетокот (со наочари и рацете на лице). Се запознаваат, ја качува во кола и толку. Крај. Ужас. Мене не ми се бендиса затоа што он се измени, партнерот му умре, ја спаси девојкава, он самиот умре и оп на крај само он жив, а партнерот...? Успеа за сите да го смени минатото, само за него не
Cheaper by the Dozen Интересен филм кој најубаво се гледа со семејството. Јас си го изгледав во мајка ми, Стив Мартин нема утка. Онака, лесно и убаво филмче.
The princess and the frog. Многу сладок цртан. Топло го препорачувам. ЈАс го симнав по препорака на другарка ми, и си уживав додека го гледав.
Spoiler Мене ми се допадна филмов, ако сакаш научно фантастични догледај го стварно е предобар, ако не, не си троши време. Малце повеќе е нереален, ама ми се свиѓаше како и да е. Малце поодамна го имам гледано, ама некако ќе се потрудам убаво да објаснам зошто е малку сложено. Од таму до каде што го имаш гледано, тој сфаќа дека всушност тоа не се снимки од камери што ги гледаа, туку направа со која што можат да гледаат во минатото но само во одреден интервал, затоа и тие што ракуваа кажаа дека нема назад - еднаш поминува снимката и толку. Тука пробува да испрати обичен лист во минатото кај партнерот и му успева, но тоа значи и комплетно менување на сегашноста. Партнерот му умира, но некако успеваат да му фатат трага на тој што го убил, кој воедно е и поставувачот на бомбата во бродот, на почетокот на филмот. Се транспортира во минатото со таа машината, ја запознава Клер, оди до нејзиниот стан, но не ми текнува како заврши ранет. Тука ги менува завоите, чашата, и уште незнам кои докази на кои имаше негов отпечаток, и пишува на фрижидерот тоа со буквите. Фактички тој веќе неколку пати се враќал во минатото но никако не успеал да ја спаси. Потоа одат и тој и Клер на бродот, бродот не експлодира, но тој умира - затоа што фактички тој е од иднината и има уште еден во сегашноста. Клер е спасена, и нели сега кога сегашноста е изменета, доаѓа, но не се сеќава на неа, само му изгледа позната, како да ја видел претходно веќе, нели дежа ву. Он топик : Waiting for forever Незнам што ми станало во последно време се некои романтики гледам. Интересен ми беше, малку необичен, но сепак за разлика од другите што веќе им предвидуваме и крај и се, без некоја посебна приказна, овој содржи приказна. Ми се допадна, супер филмче за опуштање.
Станува збор за филм во кој заради лоши временски услови, повеќе луѓе се приморани да останат заедно во едно место, кога оддеднаш се појавува личност која што ги убива сите еден по еден оставајќи број која жртва се по ред. Како што тече филмот сфаќаме дека во игра се луѓе кои имаат сомнително минато зад себе, луѓе кои не се претставуваат онакви какви што се. Интересна снимка, еден момент го претставува од гледна точка на сите ликови во филмот, во одреден временски период ни покажува како секој лик размислува. Името на филмот се "разјаснува" сосем на крајот, кој би рекла дека не е толку изненадувачки и неочекуван. Оценка 6.5/10. Со оглед на тоа дека мене ретко може да ме импресионира филм, овој е добар за љубителите на трилери.
Fast Five Предобар! Чекав долго за ваков филм! И крајот, мислам на оној по одјавната шпица кој говори дека ќе има и шести дел! Да го гледате и тоа задолжително .
Добар филм, спој на мистичните приказни за боговите и сегашноста. Синот на Посејдон треба да го најде громовникот на Зевс и да му го однесе за да спречи војна. Притоа поминува низ повеќе места, веќе познати од митовите и се среќава со митски суштества. Ликовите се комично прикажани, а лично мене најмногу ме насмеа богот Хејдис (на подземјето) кој беше облечен како рокер
Friends with Benefits Изненадувачки добар! Мислев дека ќе биде лош како Bad Teacher, ама ме изненади. Добар е, одлична идеја и добра реализација.
MIDDLE MEN По препорака на идивиди, филмот е ФАНТАСТИЧЕН. Базиран врз вистински настан... Spoiler зборува за двајца шутраци кои ќе дојдат на идеја први да воведат наплаќање на посета на порно сајтови. Од обична идеја ќе направат милиони, главниот лик им се приклучува во лудото возење и започнуваат сплетки со мафијата, со законот и други останати перипетии. Возбудлив и интересен до самиот крај. со одличен кастинг. Лук Вилсон и Раде Шербеџија. Win-win combination. Можеби еден од најдобрите кои ги погледнав оваа година, must see.
Одлично филмче..Суперхеројов ептеМ dreamy. Си се заљубив. Бев скептик пред да го глеам филмов, ако нипто друго пошто дечко ми беше ептен ентузијаст, викам ова ќе биде нешто мачо тестостеронско напуцавање али ај.. И не дека не е... АЛИ....АЛИ.... Ентони Хопкинс, ЛЕПОТАНОВ и Натали Портман...Need I say more? Содржина - Според Скандинавска митологија, Тор е богот на громот. Син на Кралот на Боговите..Како Зевс и Херкулес..Само што овој е цел Бог. И ќе биде прогонет од кралството - паралелна димензија со Земјата - по што ќе слета на нашата планета.... За повеќе - гледајте го.
The Task На imdb има оценка 3.9 и многу негативни коментари, ама мене ми се допадна. Не е класичен хорор како што се денешниве т.е. многу крв и насилство, напротив е суптилно језив. Ако сте хорор фан, нема да згрешите..
Mystic River интересне филм, не е лош ма да не и ни кој знае што, сум гледала далеку подобри трилери, оцена 6/10 http://www.imdb.com/title/tt0327056/ Станува збор за тројца пријатели од детството (од кои едниот како дете бил киднапиран па побегнал) на кои на едниот му е убиена ќерката. И целиот филм се врти околу тоа - кој ја убил