The Life Before Her Eyes иако добро почна, интересно ама на крајот ја утнаа ептен работата - просто да ти биде криво што сте го гледале целиот филм оцена 4/10 http://www.imdb.com/title/tt0815178/
Мислев дека филмов има скроз друга приказна, повеќе е како документаре да речеме, спремање за најважниот, септемвриски број на Вог. И Трендафилке, како ги рекламираш филмовиве... Само ја дополнувам листата за филмови што треба да ги гледам
Три метри над небото и Fast five. Двата ги гледав вчера. За Tри метри над небото го препорачувам за оние кои сакаат малку промена во крајот на филмот. Односно нетипичен крај. Оние кои прифаќаат само романтичен хепи енд да не гледаат. За Fast five...па...Вин, Пол и Тајрис во вашиот екран истовремено, па ако сакате да пропуштите ваша работа. Јас не сакав Препорачувам. И мислам дека овој дел е најубав од сите досега, а и 6 очекувам да биде исто добар.
Spoiler Типична приказна за мачо-мен кој врти многу жени, а се заљубува во една обична девојка, која е болна од Паркинсонова болест, па конечно му доаѓа умот и ужива во моментите со неа, меѓутоа се случуваат некои работи (нормално, како и во секоја друга љубовна приказна), по што тие се разделуваат извесно време, ама се' завршува среќно. На моменти ми беше тоооолку досаден, што посакував да го исклучам, ама имаше и моменти кога буквално ме растопи, ама онака ептенски - одличен е , му давам 9+
An Unfinished Life Овој за жал нема толку да го изрекламирам Старфиш. Се урочив, после 3-4 добри филмчиња ми налета овој. Не дека е толку лош, ама е бавен, на моменти безживотен, и нема некоја животна поента. Јас како најголем обожавател на Роберт Редфорд во младите денови , како и секогаш сум задоволна од неговата глума, НО... Spoiler мадам Џеј Ло, тука глуми очајно. Мажот и е починат во сообраќајка, и поради тоа што дечкото ќе ја малтретира, еден ден ќе го напушти со ќеркичката и ќе отиде кај екс-свекорот (Редфорд) со кого не се поднесуваат. Има еден момент кога малечката ќе ја праша дали го сакала татко и, и оваа Џеј Ло го има најбезизразниот лик на светот. Што глума ќе беше... Во други филмови ми е онака слатка и прифатлива, ова е утка. Жанрот драма не и одговара. Тука е и Морган Фримен, најдобар пријател на Редфорд , кого го има нападнато мечка. Редфорд го лекува, овој упорно се запнал да ја ослободат мечката да живее слободно... мислам онака, без везе тотално. И непотребно. На крај нормално ќе се помират сите, ќе ја пуштат мечката на слобода, и Редфорд како највечи фраер ќе го исчука екс дечкото на Џеј Ло - насилникот и ќе го прати у ПМ. И сите среќно си живееја. Приказната е млака и филмот е просечен. 4/10 Инаку, мене многу ми се допадна September Issue. Го изгледав два пати и не трепнав. Како за еден моден не-фанатик, некако убаво ми легна филмот. Посебно воведот ме импресионираше, кога Винтур зборува како луѓето сметаат дека модата е неважна, преценета и плитка. Кога всушност се работи за многу, многу повеќе. Интересно навистина.
limitless На почеток се противев и велев дека овој филм не е а мене, мислев дека ќе ми биде досаден.Но филмот е многу интересен и многу ме замисли дали сето тоа би можело да е вистина иако баш не верувам
Одличен филм,интересна и многу необична приказна за тоа до каде може да оди ривалството и опсесивната желба за одмазда,а последиците се секогаш неизбежно трагични.Сакам трилери во кои нема многу акција зашто чакнорисови финти ми го убиваат интересот.Супер!
И јас синока го гледав LIMITLESS постиран погоре од HI. Филмов ветуваше многу на почетокот за на крај да останам разочарана.Некаде во средина се борев да не го исклучам оти филмов почна страшно да стагнира со настани, а јас сакам динамични филмови. Станува збор за некој си нов вид на дрога која те прави да го користиш мозокот 100 %. Се што некогаш си видел, чул или прочитал ти е перфектно организирано и достапно. Ама...секогаш има ама...
Филмов е релативно стар и токму поради тоа одбрав да го гледам , нешто поразлично да видам од денешниве филмови . И не згрешив, Џулија ме нема разочарано досега иако главниот глумец не ми е воопшто убав на филмов . Ама шармантен е , пролази .
Brick Чуден филм. Филм noir а сите ликови се средношколци. Многу брзи дијалози што се напрегав да ги следам, невообичаена приказна, мрачни ликови, не знаеш што е со филмот до крајот. Брендон добива повик од поранешната девојка и потоа таа исчезнува. Што се случува понатаму ќе треба да погледнете, ако остана некој заинтересиран. http://www.imdb.com/title/tt0393109/
The Usual Suspects Spoiler Комбинација на Crime, Mystery и Thriller. После организираниот масакар на еден брод, остануваат тројца сведоци, од кои двајца се тешко повредени, а едниот е жив и здрав. Тој е и всушност дел од бандата па ретроспективно и раскажува на полицијата што и како било. Многу ги комплицира настаните. Главниот организатор не се знае, освен под името Кајсер Созе, а од него сите се плашат како од ѓавол. На крајот, на големо изненадување се согледува кој е баш тој... Филмов е помашки некако
Ривалство меѓу две фирми и како едната ја надмудрува другата, како што се и самите актери-одличен На тројца другари им е дојдено преку глава од нивните шефови и да не откривам повеќе-супер е, мене баш ме расположи
Fast five! Одличен филм, со прекрасен избор на актери! Оценка 9/10, го препорачувам. Многу добра акција. А плус, ќе има и 6ти дел.
[ Со Џејсон Статхам сум гледала и мн подобри филмови,... Приказната е ОК, оценкаод мене едвам 6(што велеа на факс на стаклени нозе. Spoiler за да е толку ниска оценкава највиновен беше демек убиецон...божееее колку се станало предвидливо
Шознам.Според трајлерот очекував многу повеќе од филмот.Глумците се океј,ама некако целата приказна се одвиваше набрзина.Ништо посебно оцена 6/10
http://www.youtube.com/watch?v=Na1PpkDR ... re=related The Pregnancy Pact Го гледам он лине и морам да кажам дека ми се допаѓа за приказнава слушав и читав пред повеке години и ми е мило дека ја екранизирале па ке видиме дали пораката навистина стигнала до масата која треба . 8/10 како оценка.
THOR Поделена сум во мислењата. Spoiler Од една страна ми се допадна приказната "од горе", на Асгард, екстериерот, глумата. Од друга страна, кога го протераа и кога падна на земјата ми се виде апла шабанско. Многу детско и смешно. Па тоа ууу, ааа, WOW, OMG! во типична америчка интепретација, ту мач за мене. Малку глупичко. Вака интересни ефекти, дел од приказната супер, глумецот бонбона. Скоро сите други филмови на Марвел ми се ТОП! Овој не ме импресионираше како што очекував. Ама после сконтав дека од сите ликови на Марвел, само овој е нели бог, и во стрипот постојано го илустрираат на Земјата, па ок ми е. До некаде. 5/10
Wristcutters: a love story. Го обожавам филмов значи. Го гледам по незнамкојпат и.. Романтична комедија, ама толку нетипична, преубава приказна.. Мрачен хумор, мрачно сценарио, чуден филм..
значи женски ви го препорачувам TRES METROS SOBRE EL SIELO знам и мене ми изгледаше кич отпрвин, ама ставрно после титаник ми е најубавиот љубовен филм што го имам гледано. Гледајте го, ќе ви се допадне сигурно!