Интересно филмче за релаксација,се навратив во детството Иако беше лоша сликата,кино снимка сепак си се пресмеав
Jumping the Broom 5/10 Убаво филмче но веќе видено. Филмов скроз потсека на филмот Свекрвиште, поарно да го крстеле Свекрвиште 2.
Интересна романтична комедија Spoiler Дени има успешна кариера како пластичен хирург,девојките ги освојува со приказна дека е во ужасен брак и дека жена му физички го малтертира.Еден ден ке ја запознае убавата Палмер,поминуваат прексана вечер на плажата но таа му ја наоѓа бурмата во џебот.Потоа Палмер сака да ја запознае неговата фамилија и Дени бара од својата асистентка Кетрин за неколку дена да глуми негова бивша жена но тука ги вклучуваат и децата на Кетрин и сите играат една игра додека се на одмор на Хавајте.За тоа време тие двајца се заљубуваат и сфаќаат дека не можат еден без друг
Rango Интересно цртанче, верувам дека ќе ви се допадне. Ранго е закон . Вреди да се погледне! Препорачувам!
се заредив јас со зомби филмовите љубител сум на зомби DEAD SNOW мислам дека е данско филмче, не сум сигурна, се работи за група туристи, одат на зимување, и ќе бидат нападнати од наци-зомби, кои бараат злато што го изгубиле во 1942 во WW2 Dance of the Dead Hа матура, студентите се нападнати од зомби,и единствени кои можат да ги спасат, се бубаторите Hа моменти и комично филмче, онака лајт,за зомби љубителките edit сега ќе го гледам и "Against the Dark" иста тематика! со познатиот полицаец нико мислам се викаше, оној со репчето Hо, да бидам искрена, зашто сите се исти, првите 20 минути ги скокам од филмовиве пуштам само кога зомбите напаѓаат всушност, затоа и ги гледам овие уан тајм уач филмови
The Perfect Host [2010] Добар филм. Имаше неколку пресврти (и поголеми и помалечки ). Само едно нешто не ми се допадна, ама ајде, амерички филм, мора да има и тоа. Spoiler Затвореник бега од затвор и влегува во една куќа со изговор дека го познава сопственикот. Тој ќе го прими, ќе го покани да остане на вечера, но за кратко време работите се вртат за 180 степени. Да не откривам многу ај, интересно ми беше во секој случај.
Една жена отвора продавница за чоколадни колачи в гратче во Франција во време на пости и наидува на многу критики.Многу мил филм и земете си чоколадо додека го гледате
Bridemades Spoiler Oнака женско филмче,имаше доста смешни сцени,за кои за малку не се помочав од смеење Bажно во авион отепав малку време Somethin borrowed Hајискрено мразам ваков тип на филмови,ми се чини приказна ја имам видено 100 пати,за актерите Kате хадсон сакам да си ја гледам во магазини,а вака на филм еднолична е
The Third Wheel The Third Wheel е романтична, американска комедија од 2002 година. Филмот е режиран од Џордан Брејди, а главните улоги ги толкуваат Лук Вилсон, Дениз Ричардс, Џеј Лакопо и Бен Афлек. Spoiler Срамежливиот Стенли конечно ја поканува преубавата Дијана на состанок. Колегите на Стенли цела ноќ го следат парот, сакајќи да знаат што се случува, и дали таа вечер ќе "падни" и првиот бакнеж помеѓу Дијана и нејзиниот партнер. Но вистинскиот заплетот почнува кога Стенли со својата кола го удира бездомникот Фил, па настаните се одвиваат далеку од она што тој го беше планирал за таа вечер. Spoiler Морам да признаам дека сум малку разочарана од целиот филм. Очекував повеќе. Филмот го гледав само колку да го пополнам времето, но целата приказна беше предвидлива. Уште кон средината на филмот се знаеше како се ќе заврши. Досега сум гледала дааалеку поуспешни и поинтересни филмови од овај. Но, ајде да не бидам лоша од мене 7/10.
Ми се допадна. Интересна приказна ... скриена тајна, заплеткани односи ... Посебни животни патишта, а сепак поврзани. Само ако го барате најдете го со превод дали на англиски или др. јазик ...
Филмот е добар за тинејџери, па и за повозрасни.Инаку станува збор за типична бајка за девојка која е родена со прасешки нос и уши како резултат на некоја клетва која е фрлена над нејзиното семејство. За да стане нормална, таа мора да се омажи за некој од нејзината класа... Но тоа нема да биде така лесно имајќи го во предвид нејзиниот физички изглед... Филмот не ме остави без зборови, но беше добар онака за потполнување на време Моја оцена 6/10
The Joneses 10/10 :up: Одличен филм со малку поинаква приказна од се што сум гледала во последно време. Филмов зборува за тоа дека некои семејства се премногу добри да бидат вистина. Тие не се само што го живеат американскиот сон, тие го продаваат тоа. Овој филм навистина ќе ве натера да мислите за она што го купувате и зошто токму тоа го купувате. Филмов има добра порака за американската потрошувачка и стилот на живеење. Ви го препорачувам на сите.
Вечерва го гледав El Orfanato, интересно шпанско филмче кое и не ме воодушеви нешто посебно, ма да крајот беше интересен. Од мене има 5/10 И најважно, она што морам да го споделам (за некој друг да не изгуби драгоцен саат и пол од животот) е никако да не го гледате The House of the Devil... Каков промашај не ми се верува. Мислам дека нема потреба да го оценувам, смајлињава кажуваат многу повеќе, а слика ни на крај памет не ставам
Сега го имаше на Сител, цепки Spoiler Дус е чистач на аквариуми.Се запознава со Антоан додека му го чисти неговиот aквариум.Антоан е машка проститутка, оди на пат во Швајцарија и го остава Дус да се грижи за рибите и станот.При една незгода го крши аквариумот кој е доста скап.Ќе почне со проституција за да може да го отплати пред Антоан да дојде.Дали ќе успее?