Доооолг филм. Ама интересен. Малце гнасен. Малце збунувачки. Малце машки. Spoiler Се зборува за човек кој сака да биде спротивно од она што е, па така создава друга личност наспроти него, се дружи со него, развива идеи.. а пак тој го зборува она што реалниов човек сака да го слушне. На крајот, ќе се ослободи од него... Збунувачки е. Narrator: This is crazy... Tyler Durden: People do it everyday, they talk to themselves... they see themselves as they'd like to be, they don't have the courage you have, to just run with it. If you wake up at a different time in a different place, could you wake up as a different person?
да не останам покусо, и јас го изгледав Hавистина, интересно хорорче, добар беше не велам не! еве му 7/10 од мене! супер избор за хорор љубителките
Изабел е одлична готвачка што ќе се пресели од Бахиа, Бразил во Сан Франциско кога маж и ќе ја изневери.Таму ќе биде многу успешна, маж и полудува зашто сака да му се врати и оди по неа да ја бара
Пред малку завршив со Identity (2003) и морам да забележам дека е одличен филм и неизвесен до крај. Приказната се одвива паралелно на две места и е навистина збунувачка бидејќи се случуваат работи кои се физички невозможни. Додека го гледав постојано ми висеа прашалници над глава бидејќи не можев да ги поврзам работите али крајот кажува се. Од мене оценка 8/10
Филмот беше на сител синоќа некаде накај 3. Таа се вика Шанте, а тој Кит мислам. Шанте го гледа Кит со друга девојка во дискотеката и сега цел филм таа одржува лекции како да се понашаш у таков случај, гледан ми е повеке пати ама никако да видам како се вика ...
Love, wedding, maariage. Интересен филм, лесен. Оценка 6/10. Се работи за млад брачен пар. Девојката дознава дека родителите и се разведуваат и прави се за да ги смири... Со тоа, ненамерно влијае на односот со сопругот.
Комедија и драма. На Tv1000 го начекав. Маж научник и жена му вљубена во природата ќе најдат несоцијализиран човек кој се однесува како мајмун. Ќе го припитомат, иако тоа е против желбата на жената. И типов ќе стане со тек на време многу учен и е спремен за во јавност.. само има проблеми со смирувањето на сексуалниот нагон.. меѓувремено има спретки помеѓу докторот со асистентката, па жената на докторот со социјализираниот човек, па соц. тип го убиват докторов, а жената ја превземат вината.. на крај - асистентката и типов останват заедно. Со други зборови, мажов и жената се зезнаа јако.
Многу интересен филм. :up: Сплетки помеѓу љубов, занес, уметност, страст, одговорност, зацртани планови, лудост. Едната знае точно што сака, но некои работи не можат да се контролираат. Другата не знае што сака, ама знае што не сака. На крајот, шпанецов ќе испаднит голем љубовник.
Limitless :up: :up: :up: Депресивен писател открива дрога која овозможува комплетна искористеност на човековиот мозок. Ја користи истата за да си го промени животот.
final destination 5 ....Како последен дел од филмот очекував повеќе,нешто по екстремно во врска со случувањата и смртта на ликовите... Но само едно ќе кажам доколку некој ги нема гледано првите 4 дела од филмот нема да го сфати крајот на последниот дел.. На крајот се сврзува со првиот дел а воедно и со останатите делови. Крајот беше се на се добар
Spoiler Конечно и јас го изгледав фамозниот Tри метри над небото и мене ми беше онака океј.Типична тинајџерска љубовна приказна со малку различен крај.Не ми е филмот нешто страшно добар како што го направија сите пошто вакви филмови никогаш не ми биле страшно добри.Значи би му дала 7/10. А и да напоменам немој да ме тепате мене актерот не ми е убав, може е згоден стварно ама убав не е,посебно не кога се смее.Мене ми имаше малку сељачки манири, со тепачките и покажувањто сила на секој втор, поради белата мајца што ја мкнеше и така. Значи филмот би им бил добар на оние кои сакаат лесни љубовни приказни со несреќен крај, мене ваков тип на филмови не ми се по мерка
Spoiler Добар, просечен филм за вапири...веч виџено...очекував поинаков крај. Луси Лиу (Сејди Блек) е репортека која станува вампир, целото дејствие на филмот е како таа ги бара и ги гони оние кои ја направија немртва за да се одмазди.
Stake Land Веќе познато сценарио,скоро цела Америка мртви и сега random преживеани луѓе во потрага по прибежиште, успат се борат со вампири, ма да мене на зомби ми личеа повеќе.. Не беше лош, ваму-таму имаше акција, интересно..
Приказна за еден млад човек кој ги напушта студиите за ветеринар и се приклучува во циркуз. Сниман е според книга, која за жал јас не сум ја читала. (ако некој знае каде да ја најдам ЛП!) Приказната е многу убава, и мислам дека не може да ве остави рамнодушни. Плус, животните се преубави и филмот носи многу убави пораки. Препорачувам!
The Joneses Со Деми Мур и Дејвид Духовни во главните улоги, Spoiler станува збор за четиричлено лажно семејство кое всушност позира во богат кварт, каде презентирајќи го нивниот богат и екстравагантен лајфстајл, всушност треба да извршат влијание врз соседите и најблиските пријатели со цел да се зголеми потрошувачката на продуктите од различни бранши. Тоа е нивната работа, т.е. задача, но работите стануваат комплицирани, бидејќи станува збор за луѓе, а не за роботи. Интересна приказна и уште поинтересна порака. Деми Мур одглуми одлично. Чукнато филмче, но ќе ви го задржи вниманието. 6.5 / 10 според мене. Sneakers Кај нас многу пати го имаат давано на тв, мислам дека е преведен како Душкала ако не се лажам. Филмот е од 1992 година и кастингот му е близу совршен - Роберт Редфорд, Сидни Поатје, Ден Акројд... Ко за тоа време направил очигледно БУМ, зашто бил модерен и кул. Од оваа перспектива денес делува малку бедничко, поради несопирливиот развој на технологијата, но има интересни моменти и да се направи римејк би бил многу солиден. Технологија, сплетки, одмазда и една многу паметна екипа , а-ла претходници на Оушн. Не е лош... како за филм од 1992.
film-i-tv/francuska-i-evropska-filmska-umetnost-t5130/50.html да не се пофторувам, но ете едно филмче за Љубителите на историските филмови Доста потресна драма и тешка реалност која се случувала во 1940-43год. Не го препорачувам за оние кои се со слабо срце и кои се венсуваат во филмови Spoiler незнам како можеле да спијат ??? после хоророт кој го вршеле