Deuce Bigalow: Male Gigolo (ova e prviot del) Deuce Bigalow: European Gigolo (ova e vtoriot del) Најдобри комедии на свет! Гледајте ги нема да Се покаете!!
The Boy in the Striped Pajamas (200 Spoiler Приказната се одвива за време на Втората Светска војна. Бруно - едно малечко 8-годишно момче, син на германски командант, наидува на концентрациониот камп каде што неговиот татко работи. Немајќи други пријатели, се запознава и спријателува со Шмуел - Еврејче од логорот. Бруно не е свесен за сето она што се случува околу него, го гледа светот преку неговите невини детски очи и не може да ја пронајде причината за големата омраза кон Евреите. Сакајќи да му помогне на Шмуел да го пронајде својот татко, ја преминува оградата и филмот завршува со сосема неочекувани последици. Го препорачувам на сите оние што сакаат историски филмови поврзани со Втора Светска војна.
Bright Конечно да видам некој на форумов, освен мене, да го спомне филмов. Еден од моите омилени, прекрасен е и на сите им го препорачувам. А музиката! Уф. Мислам, Royksopp може ли некогаш да се лоши? Вчера едвај го догледав односно заспав при крај гледајќи го Friends With Benefits. Боже прости ми што посакав да го гледам и што си мислев дека ќе биде онака лесно комичен и забавен филм. Не беше ниту едното, ниту другото. Ме потсети на оние луѓе кои имаат ужасно досаден смисол за хумор и мислат дека со секоја реченица кажуваат нешто смешно а на крај уствари тие се единствените кои си се смеат на сопствените шеги. Премногу насилен хумор во стилот - леле глејте не колку сме кул и забавни, премногу глуп филм. Поглупо нешто ако сум гледала у животов јас Пирамид да не се викам на форумов. Сериозно - некој се секса онака без емоции? Сериозно? Абе ајде. Никаква хемија, чисто механичка работа и да беше ова реален живот навистина се сомневам дека на Џастин ќе му се Spoiler дигнеше на готовс барем еднаш. Мила премногу зборува, Џастин премногу зборува. На моменти ми изгледаше како филмов да е некаков си battle меѓу нив двајца за тоа кој ќе направи поглупа, пооригинална, поуникатна ствар. Нитуеден. Жалам за потрошеното време. Friends with benefits за мене се се она што тие двајца не беа. Разбирам секс без емоции, ама не мора да се понашаш ко неандерталец за да имаш по некој оргазам по потреба. Го препорачувам само на оние кои ептен обичаат типично амерички холивудски лесни филмови и амерички хумор. На оние со вкус за филмови како мене - о Боже не го гледајте, самоубиство на сите сетила ќе си направите, мајке ми
Ова е еден од неколкуте филма што имаат оценка 10/10 кај мене. Втор пат си го прегледав, го догледав уште повоодушевена. Филмот зборува за млада девојка која што има типичен живот, се убива од работа и воопшто не ужива. Еден ден дознава дека има рак кој е во доцна фаза и дека и остануваат само уште неколку недели од животот. Промените кои таа ги прави, всушност предизвикува таа да почне да ЖИВЕЕ конечно по толку време. Бидејќи ракот е на гласните жици таа учи да го живее животот низ убвините на допирот, погледот и слухот. Почнува да станува хедонист и да си ги дозволи работите за кои секогаш велела дека има време. Музиката е преубава во филмот. Глумата остава без здив. Крајот е таков што или филмот ќе го пишете во еден од најдобрите, или во најлошите. А зошто се вика гитара? Епа изгледајте за да дознаете Препорачувам.
Сабајле го гледав Husk (2011) одлично хорор филмче за оние со појако срце... тоа сцените коа наеднаш ќе се појави нешто и музиката ќе се појача... абе адреналин
Nightmare before Christmas Онака. Интересен, помалку депресивен цртан со искривени, тажни фацки и духчиња, но ми одговара на целокупнава ситуација. Не би да тупам многу со содржина, доволно е да се рече дека е од Тим Бартон и веќе горе-долу е познато како се одвиваат кај него приказните. Инаку се заљубив во песната на Сали и поради неа 8/10 ке дадам на цртаниов.
Оној новиот со штрунфовите..леле закон е..одам утре да го гледам оној бед тичар...ќе ви раскажам каков е
Јас се извинувам, не сум модертор, немам право да пишувам правила, но може да пишувате рецензија за филмот, значи кратка содржина, нешто како вовед, се разбира без откривање на битни информации. Значи освен коментари дали е супер, одличен, разочарувачки, морбиден, пробајте раскажете накратко што се раскажува во филмот. Не да го прераскажете целиот, но заинтересирајте некој да го симне и да го погледне. Рецензија не е "одличен филм", "супер комедија" и слично.
Сега го гледав се работи за една девојка која има среќа и на нејзина забава бакнува еден дечко и според таа гатачката тој и ја зема среќата.. и потоа се среќаваат пак и гледајте го преубав е
The Perfect Host глеам го плукаат. може и со право. ама ова е дефинитивно ментален филм! не е од оние коа уште на почеток знаеш што ќе се случи, туку е неизвесен до крај, полн со изненадувања. преплети, шизофренични моменти... а ја такви филмови сакам!
Уште еден во долгата и тажна серија на Американски повраќаници во кои раскажуваат за битката winners vs losers во средно школо, како и последиците на тие индивидуи во подоцнежниот дел од животот. Се обиделе да го прикријат очигледниот недостаток на било каква содржина со еден куп убави лица, филмот изобилува со евтини реплики и е предвидлив од почеток до крај. Тоа што го платиле Двејн Џонсон да се појави во 2 сцени им е многу ниско. Само заради тоа и наседнав да го гледам, ама евтино си останува евтино. http://www.youtube.com/watch?v=S1-UMzt9 ... ture=share
Not My Life Филмот го гледав на телевизија, мислев дека е од почетокот на деведесеттите ама он ти бил од 2006 ? Spoiler И како и во сите вакви ТВ филмови мора да има некој психопат, најдобра другарка, детектив, на крајот сите умираат, а филмот е со хепи енд бидејќи главниот лик нели се спасува.
Just go with it Мислам дека повеќето го имате гледано филмот. Мене ми се допадна. Интересно филмче да се погледне. Има и поука од него. Тоа што ти е пред нозете понекогаш не сфаќаш дека тоа е тоа.
17 Аgain http://www.youtube.com/watch?v=CW9TkWY6Cng Се работи за еден 17 годишен дечко кој ќе се откаже од своите соништа за кошарката, заради една девојка која ја сака. После едно дваесеттина години откога се венчале со девојката имаат две деца тинејџери, но решаваат да се разведат бидејќи тој ја обвинува за тоа што не ги следел своите соништа и смета дека животот му е мизерен. Тој изразува желба да се врати повторно во младоста на еден мистериозен човек, кој ќе го бутне од мост и ќе го преобрази повторно во 17 годишен. И тука почнува дејствието, ви го препорачувам, навистина добар филм Spoiler П.С дури сега го гледам филмов иако знам дека постои оддамна од самата причина што воопшто не го сакав оној филмон хајгскулмјузикл со глумецов Но навистина се изненадив од Зек, прекрасна улога! И да, многу ме потсеќа на една личност вака гледајќи го Исто така и Чендлер од пријатели е тука
8 Mile; http://www.imdb.com/title/tt0298203/ Интересна приказна, ми се допадна, ма да мислам дека повеќе ми беше до Еминем. Капчето му стои претрано добро! Онтопик: Spoiler Незнам како да опишам, тоа мора да се гледа. На кратко, го пријавуваат на шоу за рапери, но првиот пат не успева да каже ништо, а е решен да сними демо, се појавува и втор пат на истото шоу ииии... мислам дека на тие што им се допаѓа Еминем, ќе им се допадне и филмчево.
Го обожаваааММММ Еминемм да не знајш некоја онлајн страна каде би можела да го гледам или да го симнам..Фала однапред
Во последно време не одвојувам време за филмови, зашто стварно разочаруваат со лоша глума и уште полоша содржина. На овој филм му дадов шанса, и не се разочарав. Напротив. Воодушевена сум. Додека траеше филмот цело време имав некоја блажена насмевка на лицето. Прекрасно! Чинам љубовта и пријателството се натпреваруваат кој ќе преовладува во филмот. ''Сонот станува легенда''. Колку е само точно кажано. Топло, најтопло го препорачувам. Гледајте и уживајте.