Како филм ништо посебно, но тоа што е правен според вистинска приказна, го прави да биди повеќе од филм. И самото име ни ја кажува содржината на филмот, се работи за млада девојка која што сурфањето е се во нејзиниот живот, но поради сплет на околности таа ја губи можноста да сурфа, но со голема волја повторно го остварува нејзиниот сон. Да не откривам многу нема да му биде интересно на тие што го немаат гледано. Многу добра порака носи филмот. Го препорачувам на сите што го немаат гледано.
Бев скептична за гледање филм во кој индијка има голема желба да игра фудбал, а идол и е Бекам. Ама за мое изненадувње, филмот беше доста освежителен, со интресна и необична приказна. Поготво интересно ми беше да гледам како традицијата се меша со модерното, типично индиско семејство во ново модерно опкружување. Не знам дали е филм за сите вкусови, ама мене ми се допадна многу! (а добро знаете дека не сум фан на фудбал или било каков спорт) Филмчето ја носи позната порака, дека упорноста се исплати, и дека никогаш не треба да се откажуваме од своите соништа.
Симпатичен филм, лесен за процесирање во кој има материјал во кој сите ние, кој помалку, кој повеќе, ќе се пронајдеме. Приказна за два пара, едниот во брак, другиот во 6-7 годишна врска. Акцентот е ставен на машката недокваканост и неподготвеност да се обврзат и да останат верни. Малку плачење, скршени срца, прошка и хепи ендинг. Хуморот исто така не е изоставен. Ликовите се повеќе харизматични отколку убави, што кај мене беше плус. Од мене има препорака. http://www.youtube.com/watch?v=1SGXGki_rSU
Hanna Првите сцени од филмот прикажуваат татко и керка кои живеат примитивно во дивите предели на Финска. Таткото го тренира девојчето за некаква мисија. Хана се чуствува подготвена да и се приклучи на цивилизацијата што и го прави и тука почнуваат заплетот и расплетот. Девојчица која убива се пред себе, а зошто, ке дознаете доколку го погледнете филмот. Мене не ми остави посебен впечаток... 4/10.
Micmacs à tire-larigot Повторно го гледав филмов и од срце го препорачувам. Група луѓе се обидуваат да уништат две компании кои произведуваат оружје. Европски филм :up:
^Shana филм манијаку секој ден по некој нов филм, браво The Invention of Lying (2009) Филмов не само што не ме воодушеви дури и ми стана досаден. а средина од филмот веќе ја изгуби смислата, па и понетата! Мн фантазија, кога почнав да го гледам, реков а конечно нешто различно. ок идеата ми е иновтаивна, но со самиот тек на настаните, ми стана глупав! Идеата е дека спостои свет во кој никој не умее да лаже, сита ја кажуваат виситната, додека на еден писател на сценарија на филмови, на кој животот му е пред распад, во ситуација за живот и смрт, не му дојде идеа да каже лага. Од тука ситуациите се свртуваат во негва корист, станува богат и познат. и секогаш има девојка девојка која е ниво погоре од него, и навидум не си одгараат,но сека љубовта победува! слаба 3, ако не и 2.
Water for elephants, оцена според мене 10/10 Филмот сосема ги исполни моите очекувања и ме прошета назад низ времето, не само заради тоа што дејствието во филмот се одвива во 1930 та година, туку и поради што е снимен таков квалитет и внимание на деталите. Роберт Патинсон беше и повеќе од одличен во главната улога, и мислам дека покажа дека е многу повеќе од само убаво лице по кое лудуваат тинејџери. Инаку филмот има убава приказна, многу реално е опишана суровата страна на циркускиот живот, една забранета љубов, испреплетена со страв, интриги и страст... и многу животни (кои се преубави)... Овој филм го ставам во групата на филмови кои мора да се гледаат
Five Girls Па.. се работи за пет проблематични девојки кои се испратени во католичко училиште, секоја поради различна причина. Но како што поминува времето дознаваат дека секоја поседува различна моќ. Магии,демони,молитви.. тоа преовладува во филмов главно.. Не беше лош, ама сум гледала и подобри. Сепак, Не го препорачувам..
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/e ... poster.jpg Кога почнав да го гледам, очекуав лесно и левтерно филмче за да го поминм денот. На крај останав со потрошена кутија палома и многу теми за размислување. Вреди да се погледне.
Гледа го во Кино во 3Д, ефектите беа интересни но од сторија е исто како и другите 4 дела.Само што во последниот мислат дека ако убиеш некој друг невин човек се спасуваш самиот себеси. Целиот филм се одвива, исто како и другите 4 дела...акција, несекојдневни смртни несреќи, ногу крв, гадни сцени...некогаш дури посакаш да ги затвореш очите од шо е толку вознемирувачка сцената. Spoiler На крај завршува исто како првио дел... Вреде да се виде у 3Д поради ефектите, а овака „од скала 10„ ке му дадам 6....Исто така и несреќата шо се случува секогаш на почетоко е многу кратка.
Dragonfly Се работи за маж и жена кои се доктори, Spoiler жената ќе почине додека е во мисија на Црвен Крст во Венецуела. Откако ќе умре, на сите начини таа се обидува да комуницира со него, а на крај ќе ја видите и причината за тоа. Одличен филм, 10/10. :up:
Spoiler Пет пријатели ќе одлучат да отидат со јахта на спротивната страна (да не речам) од океанот за да ги видат неговите убавини и да се забавуваат.Арно ама на враќање ќе удрат во нешто и нивната јахта ќе се преврти . Четворица од нив ќе одлучат... Тоа сами погледнете го Оценка 8,5/10
Passengers (200 93 min - Drama | Mystery | Romance у задње време као ги бирам ми се поредија се јаки филмчиња добар филм. непредвидлив. според IMDb 5/10. според мене повеќе http://www.imdb.com/title/tt0449487/
The stepfather Ууу каков психо татенце. Spoiler Умоболен тип си наоѓа разведени жени со деца кои ги убива ако не му одат по кеф. При секое менување фамилија, си наоѓа нов идентитет и тешко на оној кој ке го открие. Мутав крај. Мораше да преживее, нели? Сепак 10/10. Предобро осмислено сценарио и ни на момент досадно и развлечено. :up:
Beastly 8/10 Филмска верзија на Убавицата и Ѕверот. Убаво и интересно филмче, лимонатка. Морам да кажам мене глумецот многу повеќе ми се допаѓаше кога беше како ѕвер. Уф каков поглед имаше.
По малку наивна, но лесна за гледање и симпатична романтична приказна за пластичен хирург и неговата асистентка. Таа разведена со две деца, тој игра некои муваторско - плејбојски игри за секој викенд да легне нова цура, и цело време без да сватат дека токму тие двајца се made for each other. Ќе се појави и една права убавица, која на крај, од причини несватиливи за мојата плитка психа, ќе биде откачена за докторот да заврши со неговата асистентка. Хирургот - докторот.......Адам Сандлер Асистентката...............Џенифер Анистон Убавицата што ја откачија на крај.... Spoiler И и и заборавив, се појавува и Никол Кидман, мислам дека беше таа. Ауу цурата се држи дефинитивно. Има и смешни моменти, но се е во рамките на виденото. Не е сериозен филм за гледање, ова е повеќе како материјал за тепање време. Нема ни да го памтам за 5-6 дена. Но, колку за релакс, ви го препорачувам http://www.youtube.com/watch?v=Jz5Ubqhru7g
Just go with it Tипичен филм со Adam Sandler како и сите други негови филмови Spoiler Tипов демек е срце скршен,се преставува дека е женет на секоја девојка,се залубува во една девојка,која што сака да ја запознае неговата бивша жена,тогаш се појаувува Jenifer Aniston и нејзините деца,и цело време глумат дека биле бивши,за на крај да се залубат и тогаш останува дилемата Kако што кажа Eлементал,лесно филмче кое нема да го паметиш