RED ... Или пензионирани екстремно опасни Се работи за поранешен агент на ЦИА, кој води прилично мирен живот, но еден ден ќе го нападнат со цел да го убијат. Тој бега и го собира својот стар тим, обидувајќи се да преживее и да ги открие своите напаѓачи. Кастингот е одличен, но не и филмот. Не толку колку што очекував! Веќе видено. Му давам оценка 6/10, а се мислам дали и толку. Не ме воодушеви, а сум љубител на акции.
Конечно го гледав, не е лош, имаше некои оригинални моменти што не се среќавале во други романтични комедии, ама Џастин многу пропаднал, поубав си беше помлад
The Unborn Конечно да изгледам некој хорор филм што е стварно страшен а не само крв,месо и колење . Филмот е навистина интересен и да од повеќе сцени се извадив од памет.Инаку впечаток ми остави и главната глумица (мислам дека ја гледав и во You Again) потсетува на Меган Фокс но во глумењето е далеку подобра. Spoiler Се работи за младата девојка Кејси која ја демне дух на дете и потоа дознава дека тоа е нејзиниот правујко кој бил убиен уште како дете и сега лута во форма на дибук и бара друго тело во кое ќе влезе Го препорачувам на сите оние кои сакаат добри хорор филмови на оние со послабо срце не .
Seconds Apart Немам зборови. Се заљубив во глумава на близнациве, а уште се само почетници. Каков филм, ме остави без зборови, па и го сонував дури.. Ќе го гледам уште 9284798324 пати! Spoiler Значи, двајцава близнаци имаат моќ да контролираат мисли, и работаат на нешто што го викаат 'the project' а тоа е всушност нивна цел да се тестираат дали има нешто што ке ги натера да почувствуваат било каква емоција. И така убиваат луѓе, ги тераат на самоубиство итн итн.. Какви беа двајцава леле,како глумеа....
Drive angry филм од типот,еден сите лом ги направи не ја сфатив баш приказнава,овај веке мртов беше или што? 6/10
Cecilie (2007) 93 min - Horror | Thriller данско филмче. Холивуд може вода да му носи 5/10 http://www.imdb.com/title/tt0494216/
Insidious http://www.youtube.com/watch?v=E1YbOMDI59k Се работи за фамилија со 3 деца кои се доселуваат во една куќа и почнуваат да се случуваат некои чудни работи. Едното од децата паѓа во некој вид коматозна состојба и никој не знае што му е, дури ни лекарите. Чудните работи продолжуваат да се случуваат и фамилијата се сели во друга куќа мислејќи дека со тоа ќе престанат.... Мене ми беше онака средно добар филмот, ништо посебно...
Dangerous beauty или The honest courtesan - моја оцена 10/10 Филмот го гледав по незнам веќе кој пат и имам желба да го гледам повторно и повторно. Станува збор за филм базиран врз основа на вистинска приказна која се случувала во 16 век во Венеција. Вероника Франко е убава млада девојка од средно имотно семејство која уште од мала е заљубена во Марко Вениер, син на познат функционер во Венеција и кандидат за иден сенатор на Венеција. Љубовта е обострана и многу силна, но за жал семејството на Марко е против таквиот брак. Марко потпаѓа под влијанието на семејството и и признава на Вероника дека нивната љубов нема да може да успее поради разликите во класите и статусот. По разделбата Вероника под влијание на нејзината мајка, и во недостиг на друг избор станува куртизана, најпозната и најбарана во тоа време во Венеција. Ова е само вовед во филмот, па оние кои сакаат нека го погледнат, нема да зажалат . Инаку во филмот на многу убав начин е опишана тешката положбата на жената во 16 век, причините зошто веницијанските мажи ги изневеруваат своите жени со куртизаните и зошто куртизаните се најпосакувани жени во тоа време. Многу убаво е опишана и борбата на Вероника Франко да најде прифатлива позиција во општеството, па макар и да биде изложена на најтешката казна во тоа време - инквизицијата.
Во оваа моја рецензија ќе бидам целосно пристрасен. Признаваm, слаб сум на трилогијава и финалниот дел не ме остави рамнодушен. Ако го активирам критикувачкиот ЕлеМентал, нема да е тешко да го размонтирам филмов како deeply flawed во многу аспекти, но тоа нема да се случи во овој пост. Очекував многу акција и аудио ефекти и токму тоа беше испорачано на едно релативно високо ниво. Имаше неколку многу добри моменти на build up на тензијата, за во последен момент да се појават добрите момци и да го спасат денот, условно кажано. Хуморот секако не изостана. ЗНачи имав насмевка од целокупниот впечаток од почеток до крај, и дефинитивно ќе го симнам во HD од 5-6 гига и ќе си го чувам. Ете толку ми вреди. Голем плус е отсуството на Меган Фокс, која беше заменета со уште поубава, овој пат, Британка со секси акцент, полни усни и 2 грама талент за глума...што е 2 грама повеќе од нејзината претходничка. Љубовната приказна меѓу неа и еден од главните ликови во трилогијата е многу по убедлива и оригинална во овој дел. Од мене има препорака Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=kHRf01Gjosk
http://www.youtube.com/verify_age?next_ ... T6YM7RE5wQ Тhe Serbian Film Spoiler Најодвратниот и најгрдиот филм, не ви го препорачувам да го гледате, ќе ви се одмили од секаков секс.. Но најчесто порно ѕвездите, наркоманите и коцкарите завршуваат токму така.. Ми се повраќа
April Fool's Day класика хорор од 1986. у тоа време бил страв и трепет. али сеа е смешен. битно добра идеја за филмов. не е досаден.
The Perfect Host Добар, ма како добар одличен... Уфф, секоја минутка од филмов е битна, a крајот е ... 10/10, дефинитвно им го препорачувам филмов на љубителите на крими-трилери. И повеќе нема да откривам, доволно кажав мислам, кој сака нека го погледне. Spoiler И дечки дајте ве молам не ги раскажувајте филмовите, се губи филингот кога горе-долу ги знаеш дешавките. Кажете свое видување, оценка, мислење...тоа е според мене рецензија. Она што вие го правите е куса содрижина, пишете жанр, актери, режисер и т.д. а не да го раскажувате, и да ми е мерак да гледам некој филм кога ќе ја видам вашата „рецензија“ ми се губи магијата.
Мемоарите на една Гејша. Да ви кажам, решив дека веќе не гледам глупави филмчиња. Па што филм е тоа, да го запирам на 10 минути оти ми е досаден, да не може да го догледам. А овој, горе, е тоа е веќе филм, молим. Не трепнав, цел го изгледав. Spoiler Направен е според истоимената книга, со мали измени. Ја немам читано книгата, а одамна ја барам. Значи се работи за едно мало девојче, кое татко и го продава. Е бидејќи зборуваа на јапонски, не разбрав дали ја продаде како слугинка или ја продаде за да стане Гејша. Девојчето има исклучително сини очи. Ја носат во Океа-та, ја разделуваат од сестра и. Прво се обидува да побегне, ноо.. Таму, Натсумомо, најпознатата Гејша во тоа време, и е љубоморна. Ај да не ви раскажувам се, погледнете го филмот. Не е интересно да ви го раскажам. Филмов има оцена 9/10.
Australia Дејството се одвива за време на втората светска војна. Филмот започнува со една жена(дама) која ќе оди во австралија кај нејзиниот маж затоа што предолго се задржал на фармата па се сомнева дека ја изневерува. Всушност кога ќе стигне во австралија, истиот ден нејзиниот маж умира, па таа се решава да ја продолжи неговата работа, но ќе се соочи со мал милион тешкотии, ќе љуби повторно, и едно дете ќе и го освои срцето ... Мислам дека нема човечко срце до кое Нала не може да допре. Нала е детето, кое е мелез и е абориџин. Навистина е срце, но не е прифатен од околината ... Како завршува филмот ... гледајте и ќе видите. Животот, тешкотиите на луѓето, расизмот, злоба, што се човек е спремен да направи за моќ и пари, искрена љубов ... сето ова го има во филмот. Јас од филмот извлеков еден тон поучни работи. А и си поплакав. Го препорачувам. Хју - совршен.