Gypsy Magic Еден од подобрите македонски филмови, само не знам зошто македонциве не инвестираат повеќе и не се трудат да направат уште повеќе филмови кога ги бива... Интересен и смешен, па и поучен, ама криво ми е што не можев до крај да го изгледам... Се надевам дека ќе можам да го најдам да го симнам на нет.
Spoiler Срцекршач кој не верува во љубов, емоции бла, бла туку само во секс и онли секс ... На припремите за свадбата на неговиот брат со помош на духовите од неговото минато, сегашност и иднина сфаќа дека од малечок па до сега е заљубен во една девојка која ја знае цел живот и дека всушност некаде длабоко во себе верувал во љубов, но го потиснувал чувството ... итн. Останатото ќе го дознаете кога ќе го погледнете. Одлична романтична комедија! Препорачувам
Bad teacher Spoiler Само што го гледав на почетокот беше ионтересен ама потоа... Не ми се допадна искрено.На почетокот беше интересен ама потоа ми здосади и не го догледав цел Мислам дека филмот нема цел нема дејство се се случува така полека Не ја препорачувам!
The Reeds Што знам. Добар беше, Spoiler ама ако сте го гледале Triangle скроз истата идеја, само нели поинаква реализација, ама и не којзнае колку поинаква, ист крај имаа дури.. .. Се се вртеше во круг, па се мешаа минато-сегашност, па не знаеш зошто всушност се случува се тоа.. Страшен не беше ама баш ич.. Ке му дадам едно четворче out of ten, а не помалку, дека сум гледала и полоши..
own: сега го изгледав и апсолутно никаков впечаток не ми остави! се се испомешано не знам, јас не го препорачувам
Spoiler 30 и нешто годишен дечко сеуште живее со родителите (Matthew McCaughney) па неговите родители ангажираат девојка (Sarah Jessica Parker) која би требало да го убеди да се отсели. Потоа тој ги открива нивните намери, во меѓувреме девојкава вистински се заљубува но него,но тој не и верува (deja vu ) и да не откривам се.... Не е лошо..лесно, опуштено филмче, со по малку предвидлив крај
Water for elephants Убав филм. Вреди да се погледне Spoiler Станува збор за младо момче кое по смртта на своите родители ги напушта студиите и по пат на судбина се вработува во циркус како ветеринар каде ќе ја запознае убавата Марлена
Нема да имам што повеќе да кажам за филмов освен дека си остана верен на квадрологијата. Исполнет со пиратска акција, интересни и смешни сцени, во главно веќе видено, но шармот на Капетан Џек Спароу ќе ве задржи до малите екрани од почеток до крај. Убаво освежување за кое бев скептичен отпрвин и Пенелопе Круз, која иако долг период ја сметав за смотана фаца без талент за глума, овој филм ме натера да си го гризнам јазикот повеќекратно. Едноставно преубава е и одлично се вклопи во филмот. Барем за мене сепак, не беше целосно надополнето за отсуството на Орландо Блум. За него немаше замена. Не се ни потрудиле. http://www.youtube.com/watch?v=t5AqJww06bw
Because I said so - Diane Keaton, Mandy Moore, Lauren Graham Не знам кога последен пат толку сум се смеела. Ептен го препорачувам за забавна вечер со другарките, не е баш за со дечко гледање. Иако на моменти мајката ме излудуваше, Spoiler особено во делот кога и се избаци на врата на ќерката додека дечкото и звонеше на врата и мајката не сакаше да си оди од што и збореше како навиена , сепак би го гледала пак. Овој пат со мајка ми, за да знае што не нервира
My sister's keeper. Филмов ... епа филмов ... ах. Се работи за девојка која е болна од леукемија. Потребна е трансплатација, но никој не е компетентен па родителите преку вештачки начин прават уште едно дете. Од неа(новородената) постојано земаат некој дел од телото, крв, ткива и слично се со цел да ја одржат болната ќерка во живот. Се додека на малата 11 годишна ќерка не и здосади и не отиде кај еден адвокат ... Филмот е тежок. Барем мене ми беше тежок, а има луѓе што нема мравка да ги полази. Болеста и справувањето со неа е опишана до најситен можен детал, од кои мене желудникот ми реагираше. Мислам дека од оној апект за да научиме да ги цениме вистинските вредности во животот филмот е многу добар. Кога сме живи, а веќе со едната нога во гроб, и нема назад ... глупостите кои секојдневно не заморуваат ич, ама ич не се битни. Како и да е, го препопрачувам, да го гледате во оние денови кога сте разочарани, лути на животот, кога ви се плаче. Затоа што јас се истурив.
Halloween: Resurrection [2002] Го гледав вчера на Сител. Филмов не ми остави никаков впечаток. Општо Halloween не ме воодушевува, ама ајде, не сакам да го критикувам, сепак е класика. Сакам да кажам, посебно овој дел не ми се допадна. А и никакви емоции немаше во филмов. 4/10 ајде, дека се работи за Halloween.
children of men - интересен филм, возбудлив за гледање Spoiler година 2027, луѓето повеќе неможат да се разнмножуваат, најмладиот човек е 18годишно момче кое го убиваат. Поранешен политички активист помага на една жена која останува бремена да ја пренесат на брод каде што научниците ќе откријат како да ја вратат плодноста на човештвото оцена 7/10 http://www.imdb.com/title/tt0206634/ Cloverfield истотака интересен филм Spoiler градот Њујорк е нападнат од чудовиште а сето ова мала група на млади го снимаат со камера оцена 6/10 http://www.imdb.com/title/tt1060277/ District 9 има доста висока оцена на имдб а мене воопшто не ми се допадна, гледав едно 30мин а останатите 80мин ги премотав Spoiler станува збор за група вонземјани кои се доселуваат на земјата и живеат тука едно 20год во сектор9 и им текнува на луѓето да ги селат. И додека главниот лик им носи известување за селидба да го потпишат воземјаните, се заразува и му израснува рака како нив и отука почнав да мотам и колку што сфатив владата ќе го брка па тој ќе се уздружи со вонземјаните и на крајот никој нема да знае што се случило со него, каде исчезнал а тој уствари целиот ќе се претвори како вонземјанин како и да е филмот е живи глупости оцена 2/10 http://www.imdb.com/title/tt1136608/ Quarantine баш ми се допадна филмов, значи трилер хорор мистерија 3 во 1 Spoiler станува збор за една новинарка која прави репортажа за пожарникарите и која заедно со камерманото тргнува со нив кога ќе добијарт повик. Завршувааат во една зграда каде што една станарка почнува да напаѓа луѓе и набргу зградата е ставена во карантин. уствари станува збор за еден вид на беснило кое од кучиња ќе се пренесе на луѓе и многу брзо се манифестира оцена 7,5/10 http://www.imdb.com/title/tt1082868/ The Sixth Sense убав ама предвидлив филм, ама во секој случај вреди да се гледа, има стварно некои језиви сцени Spoiler станува збор за детски психијатар кој е ранет од еден негов поранешен пациент. После една година се наоѓа во ситуација да му помогне на едно дете со слични сиптоми како и оној пациент кој пуца во него оцена 8/10 http://www.imdb.com/title/tt0167404/
Па се надевав на нешто повеќе, зошто одамна сакав да го гледам. Интересна приказна, меѓутоа можела да добие далеку подобра разработка. Spoiler Станува збор за приказна, за тоа како биле третирани малите деца во Аушвиц и како тоа се одразува на денешницата. Односно како злото завзема човечки облик (претежно детски). Поврзано е со децата близнаци. За ваква тематика, можело да се направи пореална слика, тоа со ревртените глави не само што не беше хорор, туку изгледаше прилично смешно. Оцена од мене 5/10.
сега го изгледав добар беше, нешто сосема поразлично, само крајот не ми се допадна, е да бе тие цел живот злобни, Spoiler и сега од еднаш едниов сака да се смени безвезе
Les rivières pourpres (The Crimson Rivers) http://www.imdb.com/title/tt0228786/plotsummary Одличен трилер. Париски детектив доаѓа во едно планинско универзитетско гратче за да истражи убиство. Трагите водат до друго, и друго убиство... Коцка по коцка, се склопува една морничава мистерија за универзитетскиот кадар. Одличен кастинг. Жан Рено и Винсент Касел, could it be any better? Напнатост до самиот крај. Филмот е француски. 8/10.
Spoiler во филмот се раскажува за една студентка која доаѓа да студира во друг град и живее во дом. Ама и се погодува психа цимерка. Најпрво е сосем фина со неа, но набрго ќе почне да се однесува чудно и посесивно... Оцена 10/7