Папата Јована До сега одбегнував да го гледам затоа што сакав да ја читам книгата прво, само што никако не можам да ја стрефам во библиотека, не можам да ја најдам од никаде и тоа стварно ме нервира и одбегнував да го гледам филмот, арно ама вчера ми се посака да гледам добар филм ама стварно добар и си реков ќе го симнам.И што и да кажам мислам нема да е доволно за да ја доволам убавината на овој филм, трагичноста на овој дел од историјата, овој инзвореден настан.Филмот или книгата не е битно што едноставно мора да се знае, да е види и прочита.
Синоќа имав одличен филмски маратон . Bridesmaids ...или Деверуши! Одличен, интересен и смешен. Одамна се немам така смеано . Се работи за Ени, чија другарка се мажи, а таа и е кума. Не сакам да ви раскажувам, препорачувам да го гледате ако сакате вистински да се насмеате. Следен е The Pacifier Малку постаро, но добро филмче, онака лесно за опуштање. Вин Дизел е војник, маринец кој е задолжен да се грижи за безбедноста на семејството на професорот кое се наоѓа во опасност , додека нивната мајка е отсутна. Филмот е комедија и акција. И за крај Ghosts of Girlfriends Past Мислам дека има пишувано за филмот, и мене ми се допадна. Добар е. Мене ме потсети приказната на цртанот за Пајо кога беше злобен и кога духот му покажа кои се последиците од неговото однесување и како ќе му се врати. Ви текнува на цртанот? Мики Маус е сиромашниот работник кој работи за Пајо.
Мирен живот, ако така се вика филмот што го даваа до пред еден саат на МТВ1. Се запрепастив колку добар филм е направен во тоа време, со толку малку средства и со слаба технологија. Одлична глума, интересна и смешна приказна, алал нека им е. Глумците, немам зборови, камо денес така да глумеа нашиве глумци, Макхоливуд ќе бевме. А Петре Прличков, легенда. Се изнасмеав, цел филм - Галееееее, немој бе гале, не се секирај. Едит - Заборавив, во филмов се работи за млад брачен пар. Сопругот добива работа во Охрид, мора да го обнови/отвори еден музеум. Се е добро, додека не им се ,,тупат,, милион ненајавени гости. Друго не ви кажувам, не е интересно. Едит2 - Мирно лето, пардон.
Tea with Mussoloni Не стигнав да го гледам од почеток, но се работи за англичанки, дами, кои живеат во Италија за време на втората светска војна (и пред и по неа). Испреплетено и со комични реплики (од страна на Шер) но се прикажува и реалноста за сите оние кои се странци, а поготово непријатели на земјата (во случајов Италија е против Британија и Америка).
Последен филм што го гледав беше Hop(Скок). Spoiler Се работи за Е.Б кое е Велигденско зајче.Негова животна желба е да стане тапанар во некој бенд.Но.. потешко доаѓаме до она што го сакаме.Се двоуми помеѓу тоа што тој сака да биде и што татко му сака Е.Б да биде.Погледнете што ќе се случи. Spoiler Ова е Карлос. Ова малечково лево колку е слатко само
The General's Daughter Филмот го имав и порано гледано ама не се сеќавав баш на се, па затоа си го изгледав пак на Канал5. Како што кажува насловот се работи за ќерката на еден познат генерал која е убиена. До крајот на филмот додека да се открие кој е убиецот како и секогаш се откриваат и некои тајни... Инаку детективот го глуми Џон Траволта. Јас лично го препорачувам, мене многу ми се допадна. http://www.metacafe.com/watch/4207622/t ... e_trailer/
I Am Sam (2001) Драма препрепреубав филм. никогаш 132 минути не ми поминале побрзо. http://www.imdb.com/title/tt0277027/
Откако ќе му починат родителите, еден млад ветеринар случајно се приклучува во циркуз. Таму ќе се заљуби во жената на сопственикот- посесивен и нестабилен човек кој малтретира се живо околу него и ќе се обиде да ја ослободи од него. Добро филмче, добра глума. Иако на моменти ми беше малку досаден, ми се допадна :up:
Fast and furious 5 Според imdb 7,4/10, според мене 10/10. Многу ми се допадна, преубава акција. Вин Дизел и Пол Вокер се
right at your door Лекси тргнува на работа, а нејзиниот невработен маж Бред, музичар, останува дома. За кратко време по тоа, токсична, бомба експлодира во центарот на Лос Анџелес. Откако Бред неуспева да ја пронајде жена му, ја затвора целата куќа херметички, за да не навлезе отровниот чад кој се шири. На вестите им јавуваат да не стапуваат во контакт со контаминарите. Во меѓувреме доаѓа жена му и дали ќе ја пушти... Филмот е доста интересен и напнат, и баш беше вчера во духот на 11 септември Има неочекуван крај, цело време мислиш дека знаеш како ќе заврши ама не било така. http://www.imdb.com/title/tt0458367/
Rec Се мислев дали да го гледам затоа што ја имам гледано америчката верзија па мислев ќе ми биде досаден. Ама испадна интересен и страшен и пореален изгледаше стравот кај глумците.. Spoiler Значи, двајца новинари снимаат репортажа(?) за пожарникари. И кога овие ке добијат итен повик новинариве одат со нив во една зграда, каде се случуваат чудни работи, па после дознаваат дека се работи за некојси мутиран вирус итн итн..
Clash of the Titans (2010) http://www.imdb.com/title/tt0800320/ Римејк на добриот стар Борба на титани од 1981. Оригиналниот филм ми беше омилен во детството и го гледав речиси секој ден. Во новиот е изгубен шармот. Пегас се појавува само кратко на крајот, а Бубо, металниот буф само во блиц сцена на почетокот. Па тоа ми беше омилениот лик од филмот бе луѓе. Улогата на принцезата Андромеда исто е скратена и нема вљубување како во оригиналниот филм (никогаш нема да ја заборавам сцената кога Персеј ја гледаше низ мрежата како спие). Испуштени се сцените со шлемот за невидливост, а крајот е сецнат затоа што веќе се снима втор дел. Ќе го гледам и вториот кога ќе излезе, ама ако го нема Бубо и Пегас пак само кратко се појавува, ќе му дадам 0 на imdb. На овој му давам 6/10, сепак ми се допадна како е снимен, а да го немав гледано стариот филм, оценката ќе беше повисока. Еве кратко резиме за приказната - се работи за филмска адаптација на митот за Персеј, кој е предодреден да го спаси човештвото од разбудениот гнев на боговите. Андромеда треба да е жртвувана на најголемото чудовиште од подземниот свет - Кракен, кое може да се уништи само со главата на Медуза... Сега ќе си го спуштам вистинскиот Борба на титани и ќе го гледам со уживање по 1249435 пат.
BLACK SHEEP Комедија со Крис Фарли во главната улога (Томи бој) и мислам дека доволно е кажано. Неговиот брат се кандидира за гувернер, а црната овца во семејството прави се' што може да му помогне. Навистина смешен, со old school хумор. Вреди да се погледне во едно релаксирачко попладне или вечер.
Spoiler Жена што порано правела кукли(Mary Shaw), имала свое шоу во театарот со нив и тие навистина зборувале. Едно дете не и верувало, и и рекло дека таа ја мрда устата за куклите да зборуваат. Таа ќе го киднапира детето и ќе го направи кукла. А потоа селаните ќе ја убијат и ќе и го исечат јазикот. И оваа ќе биде закопана со куклите и по некое време некој ќе ги откопа сите кукли и Мери ќе живее во нив и на сите што ќе им се појави, ако вриштат, ќе им го отсече јазикот и ќе ги убие.
Cleaner (2007) 88 min - Crime | Mystery | Thriller трилерче со Samuel L. Jackson, Ed Harris и Eva Mendes http://www.imdb.com/title/tt0896798/
Love, wedding, marriage Реално ништо посебно. Колку да изгубиш саат време. Spoiler Ева се мажи со човекот од нејзините соништа надевајќи се дека ќе има совршен брак како на нејзините родители. Но по неколку недели нејзините родители се разделуваат, а таа како брачен советник се обидува да ги смири, занемарувајќи го својот сопруг
Horrible bosses Интересно лесно филмче за одмор на мозокот. Тројца другари си имаат мака со нивните ужасни шефови па една вечер седејќи во ресторант ќе одлучат да ги убијат, но што ќе се случува понатаму откриете сами доколку ве интересира
Water for elephants. Откако тука видов милион убави коментари, се решив пак да го гледам. И не и не и не. Не сменив мислење. Книгата ми е една од омилените, но филмот не ми се допаѓа не знам точно зошто. Имео една сцена премногу ја мразам. Не сакам да гледам до тој реален степен мачење на животните. И некако премногу натрупано, набрзински, а не обрнале внимание на некои убави моменти како во книгата. Сеедно, си останав зад тоа дека не ми се допаѓа филмот. Ја препорачувам. Ама книгата. Инаку се работи за студент по ветерина, и додека му трае последниот испит неговите родители умираат. Тој сфаќа дека татко му куќата ја ставил под хипотека за неговиот факултет и останува без ништо. Бесен трча, и судбината го носи кај еден воз. Возот на циркусот на браќата Бартолини. Момент пред да го исфрлат, ќе го прифатат и ќе работи како чистач на гомна. Додека не сфатат дека е ветеринар од јак колеџ и не го унапредат ... и се е добро ... додека не се заљуби со жената на оној што не треба. Кој патем е шизофреничар ...