Spoiler седум блиски пријатели се собираат за свадбата од двајца од пријателите. Се јавуваат проблеми затоа што една од деверушите и невестата долго време се заљубени во младоженецот. не е некоја интересна приказна но мене многу ми се допадна. 7/10
A Little Bit of Heaven Просечен филм. Дејствието не тапка во место, ама мене ми беше прилично развлечен и бавен. Го категоризирале како комедија, мене ми немаше ништо комично , освен можеби сцена или две... Кејт Хадсон стандардно добра во изведбата, иако за мене лично нема статус на секс симбол како што ја прават повеќето фанови во нејзините филмови ... фацката и' е просечна, нема нешто необично кое отскокнува. Габриел Гарсија Бернал како помала ми беше симпатија за озбилно, во филмов се направил креле (можеби поради улогата), ми се виде таков спекнат и неухранет, фацка на момченце закована за едно неразвиено тело на мажјак... Немаше хемија помеѓу двајцата актери, приказната типично-американска, жена која е реализирана на секое поле, освен во љубовта, има страв од врзување, а тоа трае додека не открие дека боледува од рак... и почнува драстично да се менува... бла бла бла, видено, чуено... Па она стандардното - the single best friend, the married best friend, the gay best friend... Го изгледав докрај, но не го препорачувам дури ни за губење време. Навистина е просечна, плитка лимонатка филмов. Па и кога ќе видиш дека Вупи Голдберг се појавува во улогата на Господ, неминовно ти се прави револуција во желудник. Што е најтрагично не е ниту правен според некоја чик литература, туку некој паметен сам си напишал сценарио... бљувотина. 2.5/10 Толку му давам оценка.
Што ми требаше... Многу лошо филмче, не дека очекував којзнае што од една лимонатка, ама посекако очекував интересни, лајт, 90 мин, али тоа што го исклучив по 15 мин. најдобро опишува како го доживеав... Мизерија, приказната бледа, нелогична, глупава, глумциве страор... Е неможев да го гледам Тимберлејк како мафта пластично со рачињана, и ја гледа Кунис во очи, на штрек, и уште пред да заврши со муабетот, тој го почнува неговото да си го каже... Оваа па претставена ко ,,воооов,, девојка, трча, скока по аеродроби, ау, живее 100 на саат девојчицава... Уф, никогаш не ми било јасно зошто ги прават ваквите филмчиња, ни за пуштање мозок на пасење не се, а баш имав намера да се насмеаам и релаксирам со некое интересно, ако ништо друго, барем поврзано приказниче... А Мила Кунис, мислев ќе ја биде, ама после ова
John Tucker must die Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=Lzrj97cGifw Онака интересно тинејџ хајгскул филмче. Се работи за еден типец што е најпопуларен во школото и водич на кошаркарскиот тим. Сите девојќи го обожаваат, а тој е женкар и си има повеќе девојки одеднаш без тие да знаат. Една нова девојка во школото сето тоа го увидува и кога ќе дознаат ќе сакаат да го посрамотат и да му го скршат срцето (за да види како им е на нив) и ќе направат да се заљуби во таа новата девојка. П.С глумецот е многу убав Spoiler Познат ми беше и после се сетив дека всушност овој беше тој младиот секси градинар што и беше љубовник на Габриела Солис во очајни домакинки
The Amityville Horror Интересен хорор, малку досадна приказна. Т.е на половината малку ми здосади, ама крајот беше добар. Не беше нешто којзнае што страшен. Spoiler Инаку, се зборуваше за едно семејство, кое што еден ден, после полноќ во 3:15, член од семејството, ги убива сите. Потоа куќата се продава, ја купува друго семејство, ама овие умрените, духовите нивни ги прогонуваат новодојдените. При крајот, на таткото (втор маж на мајката, првиот т.е вистинскиот татко на децата, починал) ќе ги убиваше сите од семејството, поради тоа што овие духовите го прогонуваа со реченицата ,,Фати ги, убиј ги‘‘. Ама ништо, се спасија некако, и сите се отселија од куќата.
Friends with benefits. (Конечно го најдов со добра слика) Се што ќе кажам е дека е нешто веќе видено,интересен е додека го гледаш ама не е нешто посебно, многу е предвидлив. Мила Кунис е преубава!
Mamma Mia! за мене 2/10 мразам ваков тип на Музикли не го сакам моментот 500 познати фаци како скокаат и се занесуваат на сцена .... Не ми се ДОпаѓа The Pineapple Express и уште еден промашај за мене 3/10 не сакам „напушени“ филмови во кои се губи смислата за Хумор Marley & Me Оваа веке на секој филм е иста фаца- иста коса- дури да не кажам и иста плачка секаде едно те исто го прави и незнам зошто толку се пага по нејзините филмови за мене 2/10 давам и тие 2 се за преслаткото кученце Big Mommas - Like Father, Like Son ни К од комедиите кои беа во 1 и 2р дел можеле да се пооргинални пошто мнн мнн пропусти можат да се најдат во овој 3т дел 4/10 можеле по комедичен СИН да најдат
And Soon the Darkness (2010) 91 min - Crime | Horror | Mystery интересен реален филм. откако ќе го изгледате ќе размислите два пати пред да отпатувате некаде. http://www.imdb.com/title/tt1391034/
Spoiler Стара жена која ќе прави кукли ќе биде убиена од страна на повеќе луѓе од едно маало заради исчезнување на едно мало дете. Потоа таа ќе живее во нејзините кукли односно духот нејзин и кој ќе вриска ќе го направи ваков Многу интересен филм, ниедна минута не ми беше досаднен 10/10 од мене
Мене баш ми се бендиса филмчево. Онака е фино, носи порака во себе т.е. повеќе пораки, се на се 8/10. Spoiler Девојка дознава дека е болна од рак ... нејзините три последни желби се остваруваат ... конечно дознава што е вистинската љубов и ја доживува ... итн. да не објаснувам, погледнете го.
Spoiler Во глобала иста приказна е за секс без обврски кој не останува само на тоа, но Friends with Benefits има далеку подобра глума и ми се допагаше 300 пати повеке од No strings attached. Натали Портман искрено ме разочара, за Ештон Кечер веке се знае дека не е којзнае каков добар глумец. Friends with Benefits 8/10, No strings Attached 3/10.
17 AGAIN Сопруг и татко живее кај својот пријател бидејки се разведуваат со сопругата. Посакува да е повторно 17 години бидејки тогаш се било поедноставно. Желбата му се остварува итн. Не ни очекував повеке од филм со Зак Ефрон Ликот на Thomas Lennon му дава комична нота на филмот инаку не се насмев ниту еднаш. 3/10
7 Knoon Maaf (7 простени убиства/гревови) Нетипичен индиски филм за животна љубов и нераскинливи врски. Повеќе драма, отколку зацртаниот трилер. Spoiler Се работи за жена, индиска христијанка, која барајќи ја совршената љубов, шест пати станува вдовица, за во седмиот сопруг да го најде посакуваното. Кој е убиецот? Видете сами. Се зезам, ова лепотицава сите тутун ги стори.
THE OTHER END OF THE LINE Мене многу ми се допадна филмчето. Станува збор за романтична комедија која нема да ви ја раскажам Мислам дека вреди да се погледне Spoiler Глумецот ми е уффф
Rec 2 Рецензија пишав за првиот дел, овде истата тема нели, само што има повеќе акција! Многу поинтересен од првиот! Има многу сцени како да се од видео игра, многу сцени каде од блиску се покажани тие заразените,многу крв.. Добар!
Ма целиот филм беше супер какви ефекти имааа...а за Наталија Воиданова како Медуза ме изненади со улогата
Ice Princess Spoiler Кога видов со кого е филмот.. вака останав .Епа да ви кажам филмот е со Џорџи од Gossip.Во филмот се работи за Кејси која е многу добра ученичка.Многу знае, но има голема страст кон уметничкото лизгање. Но тие неможат да си доволат курс, бидејќи е многу скап. Видете што ќе се случи
Првиот дел-интересен. Вториот-личи на првиот. Третиот-тууу толку не можеа нешто друго да смислат?! Четвртиот - 0/10. Преку таквото од овие Фајнл Дестинејшн мааааалку барем да се потрудеа, а не се полошо и полошо. Се работи за девојка кариеристка, која никогаш не била вистински заљубена. Оди на свадбата на својата сестра во Рим, и таму го запознава него...и уште петорица. Интересно, освен глумата која ме разочара, 7/10.