The General's Daughter Филм според истоимената новела, за која слушнав сјајни коментари, па сум во потрага да ја пронајдам. Како за филм од 1999 година, предобар дури и во денешно време. Вистински трилер, од првата до последната минутка е интересен, неизвесен и добар. Го препорачувам. 8/10 Џон Траволта слично како Лео ди Каприо е еден потценет глумец во Холивуд, вечно обележан поради неговите Брилијантин и Треска во сабота навечер. Навистина глуми одлично. На многу негови филмови треба да им се даде шанса. :up: Истото го мислам и за Медлин Стоув, квалитетна актерка.
Fertile Ground [2010] По препорака на другарка ми. Добар беше филмов. Не очекував таков крај, ама океј Spoiler Брачен пар, Емили и Нејт, откако ќе го изгубат своето бебе, се преселуваат во куќа која што му припаѓа на семејството на мажот и која е стара неколку децении. Двајцата прифаќаат да се вселат во неа, иако е изолирана и далеку од градот. Сметаат дека е добро да се одморат од се и да започнат нов живот. Но, наеднаш на Емили ќе почнат да и се случуваат чудни работи. Преплашена, ќе се обиде да побара помош на секаков можен начин и набрзо ќе ја открие целата приказна од минатото...
http://www.imdb.com/title/tt1231583/ Луд филм! Зак му се закачува на Роберт Дауни и е неподнослив. Роберт дури и го исфрлаат од авионот заради Зак. Роберт бара начин како да стигне на време за порагањето на неговото дете но Зак цело време предизвикува проблеми, ненамерно се разбира. Одличен филм ако сакате да се насмеете.
Waiting for Superman, или Чекајќи го Супермен. Документарен филм, во кој го разглобуваат системот по кој функционираат државните училиштата во Америка. Се покажува зошто се толку неписмена нација, како е можно 15 годишни деца да не знаат да читаат, собираат и одземаат, и богами, да се запрепасти човек. Очигледно се што лета не се јаде! Истовремено, ја следиме приказната на 5 деца, чии родители/старатели се обидуваат да ги запишат во поквалитетно школо. Дали ќе успеат да влезат или не, како и начинот на кој ги бираат, видете сами. Препорачувам за сите анти-Американци, дефинитивно ќе им се допадне.
TRUST Девојче запознава пријател преку чет и после неколку месеци решаваат да се сретнат. Нормално, се работи за возрасен човек а не момче и тука почнуваат заплети. Филмов би го ставила за лектира во 6-7 одделение наместо некои глупави стихотворби. Има многу јака порака и го препорачувам на сите девојчиња, посебно на оние кои брзаат да пораснат пред своето време. Поради темата и идејата 10/10.
HESHER Епа... од каде да се почне? Го одбрав незнаејќи ништо за филмот, бидејќи сум обожавател на Joseph Gordon-Levitt (3rd Rock from The Sun, 500 days of Summer, Inception) затоа што израсна во еден исклучително квалитетен актер. Филмот е типична драма, зборува за загуба на сакана личност, за справување со тагата, семејни односи, дете кое е на прагот на пубертетот; за еден пироман ем металец, помалку чукнат кој се вселува непоканет во домот на детето и ќе одигра мошне значајна улога во животот на ова семејство. Од една страна знам што ефект сакал да постигне режисерот, значи суров, edgy, нешаблонизиран филм, кој ќе допре до срцата, од друга страна не е по мој вкус, поголем дел од времето сакав да го истепам металецот и неговиот неортодоксен начин на справување со проблемите. Натали Портман ќе ја видите во издание каква не сте ја виделе досега. Во секој случај препорачувам, зашто глумата е одлична, филмот е надвор од сите американски шаблони и пораката која ја носи е силна, јасна и вредна. Чисто заради мојот вкус 4/10, вам можеби ќе ви се допадне повеќе.
The Bucket List. Kicking the bucket е англиски идиом, најсличен на нашето, ,, да скинеш конци ,,. Од тука, името на филмот, што најлесно би се сфатило како листа на работи што мора да се направат пред да умреш. Кога двајца мажи, едниот автомеханичар, а другиот милионер и сопственик на ланец болници, дознаваат дека имаат рак, пишуваат бакет лист. Што, како и зошто, не ви кажувам, гледајте. Мора да се види како луѓето се менуваат соочени пред стравот од смртта. Морган Фриман добар како и секогаш.
Само што ги изгледав,предобар А баш зимава во план ми е да одам на скијање ... Spoiler Тројца млади сноубордисти и скијачи не се сомневаат дека ова може да стане реалност, и каков одвратен кошмар ги очекува. Тие се качуваат на лифтови но веселата вечер во снежните планини на зимата се претвора во пекол. Ужасен студ и ветер ги остава во заробеништво на голема височина. Времето е против нив – нема никој наоколу да помогне, бидејќи ски курортa е затворена за неколку дена. Останува само една работа – да се спасат сами. Но за да преживеат мора да го победат ужасот на таа ноќ … целиот ужас.
Ту-ту-ру-ту-ту-ту-ру-ту!!! ВНИМАНИЕ, за сите обожаватели на Шерлок Холмс! Sherlock Holmes "A Study in Pink" Ова е всушност првата епизода од британската серија Sherlock која се емитува на BBC1. Сезоната содржи три епизоди , секоја во времетраење од 90 минутки. Се случува во модерно време, во првиот филм се запознаваат Шерлок и Д-р Вотсон и работат заедно на случајот. Јас сум вљубена во Роберт Д. Јуниор во улогата на омилениот детектив, ама нема да ве разочара изборот на глумецот. Малку поостар и не толку убав, но премногу харизматичен. Филмот е толку шармантен и добар, ќе ве освои и навлече во првите 10 минутки! ГО ПРЕПОРАЧУВАМ ТОПЛО. Еве и торент со сите три еп. т.е. целата прва сезона. http://thepiratebay.org/torrent/6435221
Филмчево ми разбуди едни стари спомени . Комедија што ќе ве насмее а истовремено ќе сакате да се случи нешто , сите да го зафркнат John бидејќи не заслужува ни една од девојките . Оцена 9/10 Вреди да се погледне.
No Strings Attached- предобар филм :up: Spoiler Двајва познаници од минатото се среќаваат по долг период, нивната страст се развива, се договараат да бидат секс-партнери, секогаш кога ќе си бидат потребни еден на друг, без никакви обврски,љубомора и сл. но на крајот двајцата се заљубуваат еден во друг! Вреди да се погледне!
Jennifer's body http://www.youtube.com/watch?v=LCSzYioSeT0 Spoiler Интересен филм, многу ми се допадна. Трилер со одреден црн хумор зачинет со хорор елементи Глумата е одлична. Се работи за две најдобри другарки кои се како сестри, се дружат уште од малечки. Започнува како едната од нив се наоѓа во лудница, и раскажува како се било нормално до пред два месеци кога тие две отидоа на свирка кај една рок група и наеднаш настана пожар каде многу луѓе загинаа. Бегајќи од пожарот беа пресретнати од пеачите од рок групата кои ја киднапираа едната. Уште истата вечер таа се врати кај другарката дома, но во сосема друго издание. Тука почнува расплетот. Ви го препорачувам, оцена 9/10
Miss March Незнам што ме натера да го гледам, ова многу е да го наречам филм! мизерија. Многу ми беше одваратен на моменти, а содржински не коментирам! НЕ засужува ни 1. Полош филм дефинитвно не сум гледала 0/10
Конечно го гледав фамозниов Spoiler Солиден, доста солиден, што и очекував нели после толкава фама што се крена. Добра приказна, романтики ово-оно.... ама не бев нешто посебна изненадена, па да паднам во несвест. Можда дека не сум романтик-тајп. Јас му давам 7/10. Да бев романтичар ќе му дадев најеверојатно 10/10.
Сигурна сум дека нема девојка шо го нема изгледано p.s. i love you! [http://www.imdb.com/title/tt0431308/ ] Ако за некое чудо постои таква под итно гледање! Најубавиот романтичен филм! Јас си го прегледав по 100ти пат.. и по 100ти пат се расплакав.. се надевам дека еден ден ќе осетам таква љубов како оваа на филмов! преубав! 10/10
Аууу како овој филм сум го пропуштила, сега го видов трејлерот, ова е must see. Денеска го гледам па доаѓам со импресии. Дузи, љубави тенкју претенкју
Sherlock - The Blind Banker Предобар. Заплет, глума, музика, мистерија, супер дијалози, нема да почувствувате ниту минутка досада, дури и да сакате. :up: 9/10