Knight and day. Не знам зошто ама мене ме нервираат вакви филмови. Прости акции, па тоа 100 души против еден едвај вооружен и едвај ќе го гребнат. Јас му давам 4/10, ради некои симпатични сцени што ми се допаѓаа. Инаку, се работи за една батерија која има голема моќ. Да, батерија. И сите ја сакаат батеријата, само еден е чесен и добар, и тој оди против сите да ја заштити батеријата. Тој е уствари агент, и неговиот партнер ќе стане лош и ќе тргне по батеријата, ама компанијата ќе му верува на лошиот, и добриов останува сам да ја заврши работата ... и така, трчи пукај, трчи лажи ... и завршил филмот.
mercury rising интересен филм, со Брус Вилис во главната улога,а Алек Болдвин е главниот негативец. Станува збор за едно аутистично дете кое ќе ја пробие шифрата на Н.С.А и потоа ќе му го убијат семејството, а Вилис ќе треба да го заштити и тој да не биде убиен. Оцена 7/10 http://www.imdb.com/title/tt0120749/
Trust - по препорака од некои форумџики. Не е лош филмов, има многу добра порака за тинејџерките. Особено нив им го препорачувам.
TAKEN http://www.imdb.com/title/tt0936501/ Одличен филм, преееедобар. :up: :up: :up: Не знам како досега не сум го гледала. 10/10 Филм за татковската љубов. Колкава може да биде и до кај може да иде еден татко за да ја спаси својата ќерка, која додека е во Париз, е киднапирана, и има само 96 часа додека не биде продадена.
Waiting for forever Предвидлив крај.. Иако очекував повеќе од оваа приказна, испадна дека не е нешто посебно.. моја оценка 6/10
Вчера го затекнав на канал 5 или на Телма не сум 100% сигурна на која баш беше Iris (2001)- Young Iris Murdoch Според мене предобра Драма и секако топла препорака за филм кој не е УСА производ и збори за ЉУБАФ која нема граници...за Простување и за Жртвување... од мене има 9/10
Тhe women - (2008 год.) Meg Ryan, Annette Bening, Debra Messing, Eva Mendes, Jada Pinkett Smith Женски филм, убаво е да го гледате во женско друштво со другарки Многу познати актерки играат во филмот.
И од мене препорака за филмов. Баш се сеќавам имавме текст за писателкава Iris по англиски во средно. Кој е за драма нека навали на филмов .
Криминалец, после грабеж, во бегство, завршува кај еден човек дома кој по некоја случајност вечерта има забава со пријатели.... Не би кажала повеќе, освен да го гледате. Интересен е, непредвидлив до самиот крај, шокантен, чуден, збунувачки и е дефинитивно филм кој би го гледала пак. 9/10
Bridesmaids 8/10 Интересна комедија која ќе ве насмее и опушти. Типично женско филмче. http://www.youtube.com/watch?v=LzsHQCb4 ... ure=relmfu
The bucket list - по препорака на Дузи, фала ти девојко за овој прекрасен филм. Многу ми се допадна и ме натера да размислам. Оценка 9/10
http://www.youtube.com/watch?v=HP4NxUFgFrs Од каде да почнам...... Значи, пред се, чиста 10ка. Одлична глума, актерите прекрасни, но не попрекрасни од филмот. Љубителите на квалитетен филм, одма ќе знаат дека нема утка тука. На кратко, филмов е драма, трилер, филмот е поучен, колку само ние треба да го цениме тоа што сме живи и што сме здрави гости на овој свет. Девојка болна од леукемија, која има брат, и сестра ( која е направена за да и донира на болната сестра од леукемија органи ), и нивните родители, се главните улоги. Мајката е опседната со тоа ќерката да ја излечи, но помалата сестра оде кај адвокат, и сака медицински да биде независна од родителите, зашто не сака повеќе да ја боцкаат, и да и донира крв и слилни ствари на сестра и. Но тоа всушност не е така како што ви изгледа, и нема да ви откријам што всушност стои позади се, останува на вас самите да видите И нема да зажалите.
Waiting for Superman (2010) http://www.imdb.com/title/tt1566648/ Доукументарен филм за образовниот систем во Америка, сите маани и доблести, просекот на децата и школите, како децата треба да бидат извлечени на лотарија за да можат да го продолжат образованието. Интересен филм .
RIGHT AT YOUR DOOR (2006) Интересен и возбудлив филм за тоа до каде може да не одведе себичноста. Дефинитивно филм кој го препорачувам да се погледне, со напната содржина и непредвидлив крај. Од мене има 8/10
Spoiler Ненормално добар филм. Најсериозно ви кажувам после филмов вака сум била Би пробала да ви го објаснам филмов ама не можам. У прицип не е класична приказна туку ги поставува прашањата кои мислам дека сите си ги поставуваат во еден момент од животот од стилот Што би било кога би било. Трае 2 и пол саат и бара сериозна концентрација за гледање. Ама вреди неда вреди!!! Оние што сакаат филмови што поттикнуваат размислување и претставуваат теории верувам ќе им се свиѓа. оценка: 10/10
^^ Не можам да ја видам сликата! Не знам зошто се излажав кога го видов Ед, па си реков дека е добар филм. Просечна приказна, повеќе тинејџерска и далеку од комедија. Единствено што вреди во филмот се прекрасните кадри од снежните планини. 3/10
Trust Преубав филм, од мене 9/10 само затоа што крајот беше онака.. Иначе се работи за една девојка 14 години мислам, татко и и купува лаптоп и таа се запознава со некој Чарли што ја лаже дека има 15 години, и праќа негови слики и она се заљубува во него, после и кажува дека има 20 години али она уште го сака.. и се договорија да искочат и кој го интересира нека си го гледа не е интересно се да кажам Spoiler
Lost and delirious - интересен филм, оценка 7.5/10, само затоа што имаше тажен крај. Се работи за две цимерки кои се лезбејки на почетокот, но потоа едната си фаќа дечко. Таа што е оставена не може да го прифати тоа, и прави се за да ја врати љубовта...
Sorority Row (2009) 101 min - Horror | Thriller искрено имав аверзија према филмов пошо сите ми го збореа. мислев дека е најобично тинејџерско глупо хорорче. али се изненадив. интересен е . http://www.imdb.com/title/tt1232783/