The Sentinel интересен класичен американски трилер. Агент на тајната служба е обвинет дека е предавник во обезбедувањето на претседателот на САД и тој бега за да ја докаже својата невиност. Оцена 5/10 http://www.imdb.com/title/tt0443632/ friends with benefits залудно потрошени 1час и 40 минути, глупости живи, ни К од комедија а за романтика да не зборам. Кај бе Џастин глумец некој од улица да собрале па подобро ќе одглумел од него. Само Мила ми беше ок, ма да во Црн лебед е далеку подобра. Како и да е, катастрофа филм. оцена 1/10 http://www.imdb.com/title/tt1632708/
Bend It Like Beckham 6.5/10 Филмов зборува за една индијка која е страствен играч и љубител на фудбалот и нејзин идол е Бекам. Таа ќе мора да оди против семејните традиционални правила за да игра во женскиот фудбалки тим. Се на се интересно филмче, ништо посебно но се разликува од повеќето тинејџерски филмови по тоа што тука нема да видите леле ноктот ми се скрши или опседнатост со шопинг и најнови трендови.
The Lost Valentine Spoiler фимлечево ме потсека na Notebook и Letters to Juliiet,си бил еден пар,и се венчаат ,но тој е пилот и испага некој проблем што мора да замине,заминува на валентајн деј,и се поздравуваат на една клупа,и таа му дава писмо,тој ја остава бремена,по 60 години тој не се врака,а таа добива писмо дека тој е исчезнат,сите тие 60 години,на секој валентајн деј го чека на таа истата клупа,а оваа Jenifer e некоја новинарка која и помага да пронајде информации
Mirrors 2 Spoiler Го препорачувам на љубители на хорори затоа што има доста крвави сцени.. И секако на тие што им се допаѓаше првиот дел.. Нема некоја којзнае каква тема филмов за да го раскажувам, еве само ќе дадам оценка 6/10 и не можам да решам кој дел ми беше подобар, исто двата.. просечен крвав хорор...
Law abiding citizen Spoiler Се работи за еден навидум обичен граѓанин на кого му го убиваат семејството. Правосудниот систем го изневерува и не ги казнуваа соодветно убијците. После 10 год. граѓанинот сам ги презема работите во свои раце и му одржува животна лекција на целиот град која нема да ја заборави. Го препорачувам, мене ме остави
Пред малку само што го изгледав (после долго време канење ) филмот Nine. Мјузикл-драма е да речам, ама навистина ме одушеви. Фантастична глума, избор на актерите, костими, музика...целокупно е прекрасен. Не сакам да откривам многу, имам trailer, па кој не го гледал, обавезно нека го погледне. Фантастично нешто, според мојот вкус. Позз http://www.youtube.com/watch?v=y_5_lzags3I
По не знам кој пат на Канал5 (познато ви е давањето исти филмови, нели? ): Материјални девојки со Хилари Даф и сестра и‘ Хејли. Spoiler Филмов ми е глуп, преглуп веќе. Излегува афера за некој си производ од фирмата на татко им и двеве се фрлаат на работа, изиграваат тајни агенти, чистат гомна, скокаат во ѓубре за да дојдат до вистината. Yeah, right И се разбира, неизбежно е да има по некоја љубовна приказна, во случајов две Уште еднаш ќе повторам, знам дека е глуп, ама ај што да гледам во 6 сабајле? Оцена: 2/10 (ради дечково од Хилари на крајот ).
Lake placid 3 дел. Абе демек хорор нели ,али не е. Искрено, го гледав филмот зашто само тој од мојата колекција не ми беше изгледан. Зашо се давам во филмови, немам нет да си симнам нов, и морав овој да го изгледам. Филмот еве ќе добие една 5ка одмене. Како и сите делови, 3ката е малку најмизерна, и пред се многу ме изнервира шо тој лик ( жена е) шо најмногу го биваше во глумата умре на крајот баш Се работи за семејство, кое се враќа во нивната колиба, која припаѓала на мајката на таткото и решаваат да видат дали е добро да живеат тука или да ја продадат колибата ( зашто знаат дека имало крокодили претходно, кои воедно биле хранети од умрената мајка) но локалниот полицаец ги уверуваше дека нема, и тие 2 години мирно си живееја таму и решија да не ја продаваат. Но детето, нели круша под круша паѓа, еден ден, досадно му беше, родителите постојано работат наидува на нив, и почнува да ги хране... Па после има мн дешавки со други момци девојки, оваона, има некои интересни делчиња.
Филмот е преубав, но многу е депресивен. Сите кои неможат да поднесат крв,болки ... нека не го гледаат. А сите кои можат тоа да го поднесат - НЕ ГО ГЛЕДАЈТЕ НАВЕЧЕР ! ПОВТОРУВАМ , НЕ ГО ГЛЕДАЈТЕ НАВЕЧЕР.
Just go with it со Џенифер Анистон и Адам Сендлеп...комедија. Адам Сендлер носи бурма и ги лажи девојките дека е женет и дека жена му до тепа....но кога вистински ќе се заљуби ќе побара од неговата колешка Џенифер Анистон да глуми дека таа е жената со кога е женет и Џенифер треба да каже дека ќе се разведуваат. Одлична комедија, мене многу ми се допадна http://www.youtube.com/watch?v=Jz5Ubqhru7g
MIDDLE MEN Одлична драма со многу набиени случки во 90 минути и непредвидливо дејствие. Семеен човек кој работи како консултант, започнува бизнис со морони кои за прв пат поставуваат порнографски слики на интернет за пари. 7/10
Постариот Зоро, го тренира неговиот иден зет за да го замени во поранешната негова супер херој професија со која престанал да се занимава кога нема да успее да си го заштити неговото семејство. ај да не ви го раскажувам цел филм сеа...интересен филм исполнет со доста акција и љубовни сцени. Antonio Banderas, Anthony Hopkins & Catherine Zeta-Jones во главните улоги.
Schindler's List до 60та минута сум и не знам дали да продолжам да го гледам ... леле не го можам филмов значи LIAM NEESON е врв, најдобар актер на сите времиња, а филмов, филмов е најпотресителниот филм на сите времиња! steven spielberg е гение кога станува збор за филм! е ова е филм што секој, ама секој треба да го види, доколку може секако..... од мене за филмов 100000000000000000000000000000000000/10 а филмот се работи за германец, Oскар... ко е многу богат и ќе им помага на евреите ... за холокаустот се работи ... инаку Oскар е погребн во Eрусалим по негова желба, да биде близу до своите деца ... како што тој кажувал инаку филмов е подолг од 3 саати
Наивстина убава тема,но еден совет до членовите,а тоа е дека под“рецензија“ не се подразбира да се раскаже филмот,туку едно ваше видување за филмот дали ви се допаѓа изборот на глумци,нивната глума,ефектите што се употребуваат за филмот,музиката,но секако добродојдено е и кратко воведување во приказната околу што се случува во филмот.Финтата во рецензијата е да го привлечете нашето внимание да го гледаме ,а не да ни го раскажувате.Поздрав и се надевам не смета овој мој добронамерен совет
The Muppets' Wizard of Oz http://www.imdb.com/title/tt0422778/ Глупости Многу бледа, не може ни да се нарече копија на оригиналниот Волшебник од Оз.Дејствието се случува многу брзо, се е некако измодернизирано, чевлите на Дороти се Армани, дрвосечачот има мобилен, Тото е јастог .А башка и со оние Мапетине кои не ги љубам баш. Kindergarten Cop http://www.imdb.com/title/tt0099938/ Просечна комедија, полицаец оди на задача, со партнерката, партнерката во меѓу време се разболува и полицаецот (Арнолд Шварценегер) оди како воспитувач во градинка за да го најде сведокот за случајот. The calcium kid http://www.imdb.com/title/tt0330111/ Еден млекар ако спаринг-партнер на боксерот кој треба да се бори со шампионот во средна категорија случајно му ја крши раката на боксерот и неможе да се бори, па затоа тој оди на негово место.По тренинзи, гафови, откажувања доаѓа тој ден.Дали ќе успее да го победи?
CASHBACK Момче после раскинување со девојката неможе да заспие со денови. Преку ден е студент на уметност, а за полесно да му поминат ноките, се вработува во 3 смена во супермаркет. Одлично англиско филмче 8.5/10
Law Abiding citizen - Одличен филм, многу добра приказна. Силно го препорачувам на сите оние кои не го виделе. Глумата на Џејми Фокс е повеќе од одлична. Оценка 10/10
Failure to launch http://www.imdb.com/title/tt0427229/ Романтична комедија со Сара Џесика Паркер и Метју Мекохни. Паула заведува мажи кои сеуште живеат со родителите, тие се заљубуваат во неа и откако ќе се иселат им раскинува, а тие продолжуваат да живеат сами. Трип е еден од тие мажи, има 35 години и се уште живее со родителите.Секоја недела има нова девојка, и кога сака да и раскине едноставно ја носи дома и таа му раскинува кога ќе види дека не живее сам.Родителите на Трип ја најмуваат Паула за да го исели Трип. Но двајцата се вљубуваат меѓу себе...