Original sin Starring Angelina Jolie Antonio Banderas This is not about story love. This is story about love. Предобар филм! 10/10 оценка. Ви го препорачувам на сите. Глумата која и е доделена на Анџелина, и која таа ја одигра во филмот е префектна. На Антонио исто така. Малку е двосмислен филмот од почеток, но потоа работите се разјаснуваат. Неможам да ви го доловам, мора да се види.
Биро за прилагодување.....Со Мет Дејмон ....мора да го изгледате..ке ве замисли навистина....можеби ќе ви го смени начинот на кој ги гледате работите во животот
Right at Your Door (2006) 96 min - Drama | Thriller искрено филмов го гледав по препорака на неколку феминки кои го фалеа на цел глас. мене лично не ми остави никаков посебен впечаток. дејствието се одвива премногу бавно за мој вкус, односно ништо не се случува. јас очекував сосема нешто друго од овој филм, дали терористички напад, или крај на светот, или нешто слично, но ова сигурно не. и искрено веќе ми е здосадено у секој филм на крај да има пресврт као наводно никој не претпоставувал што ќе се случи. би било интересно коа Холивуд би направил филм што завршува баш онака како што мислиме цел филм дека ќе заврши. е богами тоа би било изненадување. на мое чудење овој филм е оценет со 6.3 што е многу за IMDb. јас најмногу би му дала 5. сепак ствар на вкус е. мене вакви и слични теми ми се здосадени веќе.
Penelope Класична бајка снимена во денешно време. Среќен крај и се по ред, да не се плашат децата нали 6/10 само поради локацијата, Лондон
Montevideo, bog te video. 1. Dragan Bjelogrlic освен што знае да глуми, знае и да режира. 2. Кастингот е толку на место - главниот лик е толку симпатичен и момчешки, нараторот на приказната, командантот на полицијата - , Сергеј Трифуновиќ за мене е еден од најквалитетните актерски ликови на балканот. Покрај нашиот Никола Ристановски кој се појавува во исто многу интересна ролја, ми се допаднаа женските ликови. Додуша на едната не престанавме да и' го зјапаме деколтето , ама навистина пријатен лик. 3. Приказната е топла, убава и човечна. 4. Реализацијата е успешна. 5. Хуморот е природен и неизнасилен , за разлика од префалената Ивкова Слава и ред други турли-тави од сличен тип. Се' на се', ова е еден прекрасен филм, кој ќе го изгледате со уживање, без грам досада и ќе ве остави опуштени, среќни и со насмевка, дури и да не сте некој особен љубител на српската кинематографија. Музиката е исто прекрасна, овој Мањифико Spoiler (е педер, мајке ми мајке ми, мајке ми - педер!!! ) , завршил исто одлична работа. И се појавува во една сцена. 8/10
The duchess Ако сте љубители на драми од 18 век во Англија - гледајте го Spoiler Прекрасен филм за животот на Џорџијана (Кира Најтли). На млади години влегува во несреќен брак со Војводата од Дивоншир и тука започнува нејзиниот пекол.....
Disaster Movie.. По многуте негативни коментари, очекував да биде нешто слично на Scary Movie, но овој е многу полош. Spoiler Мислам дека сите знаеме за што се работи.. една голема пародија на повеќе филмови
Убав! Трогателен! Исполнителен! Инспиративен! ... итн. 10ка од мене. Spoiler Девојче болно од леукемија но сепак до последната сила за борба е позитивна и поддршка за своите најмили кои се скршени поради нејзината болест. И случувањата во семејството кои сепак не успеваат да им го раздрмаат единството и љубовта која ја имаат меѓу себе посебно за неа ... Погледнете го ќе ве натера да се замислите ... Пораката е многу јасна која филмов ја носи.
Типичен хорор од редот на Scream напнат и неизвесен се до крајот. Малди тинејџери кои по добивање на еден повик умираат... морбидно во секој случај.
Legally Blonde 2: Red, White & Blonde http://www.imdb.com/title/tt0333780/ Во овој дел Ел Вудс е веќе изградена адвокатка, и ја планира својата венчавка.При планирањето на гостите, таа сака да ја најде мајката на нејзиното куче - Брузер за да присуствува на венчавката.Кога ќе ја пронајде ќе види дека таа е жртва на тестирањето на козметика на животни, и оди во Вашингтон за да усвои закон против тестирањето на животните.
Tres metros sobre el cielo .. Романтичен филм кој навистина направи да се расплачам. Тој што го нема гледано обавезно да го гледа Филмчево е законн! Чиста 10ка А за глумецот да не правам муабет.
Ми се допаѓаат вакви филмови па затоа и интересен ми беше . Да не раскажувам што ми се допадна , како и да е ви го препорачувам
Не сум пишала сто години во темава, па ај да прокоментирам за неколку филмчиња што ги гледав неделава. Friends With Benefits Spoiler Узалуд потрошено време за филмов, веќе прочитав слични коментари за истиот така да нема да се повторувам. Не дека очекував да е нешто предобар филм, ама очекував дека барем е интересно филмче за опуштање ама оно тапа Никаква хемија ми немаше меѓу двајцава, никаква посебна приказна, ептен ми беше досаден и едвај чекав да заврши. 3/10 Soul sourfer Spoiler Можеби филмот не е ништо посебно направено, ама ми се допадна тоа што е вистинска приказна а пред се има и убава порака. Ти ја враќа самодовербата и те тера да размислиш дека во се може да се успее, ако доволно сакаш да успееш. 8/10 Титаник 2 Spoiler На тв го начекав, ама жалам што го гледав. Поглупо нешто здравје..катастрофа. Бледа копија ама далеку од стариот и добар Титаник. Разочарана сум од филмов ептен. 2/10 Orphan Spoiler Е ова веќе ми се допадна, добар трилер. Доста долго те држи во неизвесност и не знаеш како ќе заврши.Бреди да се погледне. 9/10
Malena Се работи за една жена Малена која со својата убавина се издвојува од толпата. Сите погледи се свртени кон неа. Секој маж сонува да ја има а секоја жена ја мрази, нормално, ниту една ја нема ни приближно нејзината убавина и фигура. Многу тажна приказна, ептен ме потресе. Мора да се погледне .
Source Code [2011] Конечно со брат ми се натерав да го гледам. Добро филмче, 9/10 од мене. Немаше некои сцени што не ми се допаднаа, добро смислено и супер реализирано. Го препорачувам.
Duplicity Бидејки директорите дома не ми даваат да гледам ТВ (се врти Boomerang и Minimax 24/7), јас си пуштам филмчиња на лаптопот дури ги извршувам домашните обврски. Обично ги гледам од нога, но за филмов морав да седнам, да се сконцентрирам и дури 3 пати го враќав. Се работи за индустриска шпијунажа и идејата е ОК, но дејствието е премногу испреплетено. Започнува пред 7 години, па се враќа денес, па пред 2 години, па пред 12 часа а ти се питаш: чекај сеа, 12 часа порано пред 2 години или 12 часа порано од вчера.... И на крај сета во прашалници, отидов на ИМДБ да видам дали е до мене ама не било, и други луѓе пишале слични коментари. Со помешани чуства ке кажам дека е пристоен за тепање време, ако немате што друго да гледате и ако сте љубители на судоку
Barney's Version Прекрасна драма за животот и љубовта, онаа безусловна љубов, за пријателството, за емоциите. Филмот ја раскажува животната приказна на Barney Panofsky (Paul Giamatti) кој освојува со својата глума (добитник е на Златен Глобус за оваа улога). И останатата актерска екипа не е за потценување. Dustin Hoffman го глуми таткото на Barney и иако мала неговата улога е забележителна, Minnie Driver поранешната жена на Barney, а ме изненади Rosamund Pike - во филмот Миријам (љубовта на Barney) и за мене е нов, интересен лик. Се на се прекрасна глума од исто таква актерска екипа. Интересна приказна со добри дијалози, се радувам кога ќе налетам на ваков филм. Од мене има висока оценка и препорачувам да го погледнете. http://www.imdb.com/title/tt1423894/
Не се сеќавам од кога немам гледано вака досаден филм. Нема никаква приказна, демек комедија е филмов ама јас ништо смешно не видов, глума просечна. Оценка 2/10
Shark Night 3D (2011) 91 min - Horror | Thriller ауу колку долго го чекав филмов да излезе и да се појави на нормална снимка, што дури не ми се верува дека конечно го изгледав. за со ајкули филм добар е. не е само она група млади идат негде и сите ги јаде еден по еден, туку има така малце подлабока приказна, трилерски елементи од мене лично има лајк. http://www.imdb.com/title/tt1633356/