Pandorum 7/10 се работи за луѓе кои се будат во некаков вселенски брод, без меморија, и не знаат што бараат таму, а и набрзо ќе бидат нападнати од некакви суштества, не е лош добар е поготово за љубителките на научни фантастики EXAMP E филмов имаше навистина добра замисла, но сепак, никој не би одел толку далеку за едно работно место! Eдна угледна компанија нуди работно место, и на кандидатите им се дадени 80 минути и одредени наредби кои што не треба да ги прават! Kој ќе згреши е дисквалификуван! пак ќе кажам добра замисла, но, доста доста нереално, инаку вака добро филмче, те држи во неизвесност до самиот крај 6/10 A, го пуштив и 500 DAYS OF SUMMER на 20тата минута изгасив, толку ми беа Aнти пар овие 2цата тоа е чудо, не можев да ги гледам и го изгасив, некако не е мој тип на филм што знам... Hе ми се допаднаа тие 20 минути, а што било понатака не ни сакам да знам, депресивен ми беше тој 20 минутен дел од филмот
Knocked Up [2007] Просечна комедија. Имаше една сцена... ауф Spoiler Се работи за млада девојка која една вечер ќе заврши со непознат дечко. Неколку недели подоцна дознава дека е бремена и и покрај тоа што и двајцата се многу различни, остануваат заедно и нормално... they lived happily ever after.
25th Hour (2002)9/10 http://www.imdb.com/title/tt0307901/ Филм којшто остава многу добар впечаток на крајот.Ви препорачувам сите да го гледате.Се работи за њујоршки нарко дилер и наеговите последни 24 часа пред отслужување на 7 годишната затворска казна.
Conviction Spoiler Kени и Aнн се неразделни брат и сестра уште од мали,кои се приврзани еден за друг,но еден ден Kени е обвинет за убиство за кое не се знае дали го направил,жена му тоес,девојка му со која има керка сведочи против него и е осуден доживотно в затвор,за тоа време сестра му е мажена има две деца тинејџери,и на секаков начин пробува да го извади од затвор,па се запишува на школо за адвокат,тука почнуваат проблемите со нејзиниот маж кој ја остава,воедно и децата се одалечуват.....погледнете го крајот Mи се допадна 9\10
Интересно семејно филмче исполнето со комични ситуации. Ако сте љубител на животни сигурно ќе ви се допадне Spoiler Животните во една зоолошка ќе се обидат да му помогнат на чуварот да ја одвои женската што ја сака, а да не си замине од зоолошката
http://www.filmovizija.com/musicvideo.php?vid=49aee3938 Баш одличен е не мислам да го прераскажам, но ке кажам дека има 9/10 доста забаваа и интересна порака како и секогаш Spoiler Stick IT2006 se vika
DORIAN GREY, 9/10, само затоа што е нереален, до некаде. Филмот е правен според романот на Оскар Вајлд „Портретот на Доријан Греј“ Spoiler филмот е за младо момче кое се враќа во родниот крај, еден пријател му прави портрет и тука започнуваат неговите проблеми, тој е убав, но портретот ја претставува неговата вистинска убавина, погледнете го
За љубителите на анимирани филмови Откачено филмче, пародија од повеќе филмчиња, приказни и сл. Му давам 8/10
The Pursuit of Happyness (2006) 117 min - Biography | Drama депримирачки. http://www.imdb.com/title/tt0454921/
Spoiler еден тип по име ник ги губе девојката и пријателите во сообракајна несрекја и после се вракја во минатото за да ги спасе ....бледа копија на 1 дел
Mel Gibson & Jodie Foster - The Beaver ( 2011 год ) Драма, семеен психолошки филм за маж кој пати од депресија и на чуден начин се обидува да се излечи преку играчка која ја носи на својата рака и зборува со неа. Многу добра глума, и Мел Гибсон и Џоди Фостер два пати имаат добивано Оскар.
500 days of summer. Најпрво неверојатно е колку машкиот главен лик потсетува на Хит Леџер, мислев дека него го гледав цел филм, како брат близнак да му е. Женското пак, потсетува премногу на Кејти Пери, дури и исти движења како неа прави. Класифициран е како романтична комедија, го симнав заради тоа што прочитав навистина добри критики како е сосема поинаков од типичните "романтични комедии". Всушност сниман е на тој начин што ни претставува измешани делови од врската помеѓу главните ликови, раскинувањето, па запонавањето, па повторно денови по раскинувањето, па преболувањето... Не оди по редослед. Морам да се сложам, дека не е типичен тинејџерски филм, доста пореален е, но сепак многумина нема да се пронајдат, зошто тоа и е поентата на режисерот, да ни покаже дека секоја врска си е специфична на свој начин. Познавам доста вакви реални приказни, нема ништо невозможно и само како на филм моменти, нема сметнување на ѕвезди, возење на луди мотори, 3 метри над небо и слично. Кратката рецензија е всушност тоа. Вљубување --> врска --> раскинување --> преболување. Добар е, но сепак за мене треба многу повеќе за да го сместам во категоријата прекрасни филмови. Оцена 7/10.
По препорака на Трендафилка го гледав Sherlock Holmes. Траат по 90 минути и многу ми се допаднаа сите 3 филма (епизоди) :up: :up: :up: И јас ви ги препорачувам. Детективски филмови на кои нема трепнување А глумецот (Benedict Cumberbatch) ми беше многу чудно-шармантен и одличен избор за улогата
По не знам кој пат... Интересен е филмов, за разонода, кога немате што да правите... Му давам 8/10. Spoiler Се зборува за сестрите Марчета кои што имаат фирма за козметички производи. Наеднаш фирмата пропаѓа, тие остануваат без пари, куќа... Што ли ќе смислат сестрите да се вратат во нормала?
My Girl (1991) 102 min - Drama | Family | Romance филм за навраќање во детството. филм кој ме растажува кога ќе видам каков актерски потенцијал беше Macaulay Culkin и како си го уништи животот. заедно со Anna Chlumsky едноставно воодушевуваат со глумата. тука се и Dan Aykroyd и Jamie Lee Curtis кои според мене се споредни ликови во филмот. децата се тие кои владеат. филм кој ќе ви изнуди и насмевки и солзи. едноставно прекрасен. http://www.imdb.com/title/tt0102492/
COCO BEFORE CHANEL http://www.imdb.com/title/tt1035736/ Интересен филм за животот на Габриел „Коко“ Шанел, нејзиниот пат од дното па се до врвот. Нејзината едноставност, елегантност. Audrey Tautou е одлична во улогата како Коко. На моменти досаден, заради тоа оценка 7/10.
Bad teacher Од комедија од овој тип не можеш да очекуваш којзнае колку импресивна приказна но очекуваш барем да те насмее и колку толку да има некое дејствие.Филмот е без поента и без никаква цел.Толку многу се зборуваше за него што едвај чекав да го гледам а останав разочарана и искрено ми ја навреди интелигенцијата.Да не зборувам пак колку бесмислени и глупи беа ликовите на Џастин и таа професорката Трител или така нешто.Единствено Камерон со својот шарм и способност да се снајде во комедии беше некој плус за филмот но тоа не е доволно. 3/10