Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.353
    [​IMG]
    На ваша препорака :)
    Преубав е, само штета што не го гледав сама на раат.Крајот ме натажи, ама па без таков крај може и немаше да е така убав :)
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  2. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Не баш последен, ама ми остави убав впечаток.
    Ask The Dust (2006)
    [​IMG]

    Главните улоги ги толкуваат Селма Хајек (Камила Лопез) и Колин Фарел (Артуро Бандини).
    Дејствието се одвива во Лос Анџелес во 1930- тите, период на расизам, сиромаштија, омраза спрема Мексиканците. Камила е Мексиканка која се надева дека еден ден ќе се омажи за богат Американец и со тоа дека конечно ќе се стекне со толку посакуваната почит. Но нејзините планови ќе ги замрси средбата со Артуро Бандини, Италијанец кој доаѓа од Колорадо со надеж да ја напише големата новела, и да стане познат писател. Следат нивните авантури. И кога навидум ни изгледа дека целата приказна и покрај се' има среќен крај, дека и покрај се' тие успеваат да бидат заедно, Камила се разболува од туберколоза и умира. Но умира среќна, дека сепак успева да стане госпоѓа Бандини - сопруга на Американец, а Артуро ќе ја напише својата голема новела, ќе стане познат писател, но празнината која му останува како резултат на смртта на својата сакана не може ништо да ја надомести.
     
  3. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    The Unsaid со Енди Гарсија..мн добар филм..психолошки трилер..ви го препорачувам.
     
  4. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.792
    Пол:
    Машки
    Последен што го гледав е Аватар. Вчера го гледав... да каснам знам. Не беше нешто кооојзнае што, не ме импресионира баш.

    Последен што ми се допадна беше Black swan. Epic mindfuck. Darren Aronofsky е гение.
     
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.981
    Допаѓања:
    45.699
    Пол:
    Женски
    Кој што сака нека збори пOубаво суштество од Џоли јас немам видено!И да, знае да глуми, добра актерка е и повеќето улоги знае да ги одигра најдобро што може.Улогата во овој филм и одговараше 100% со ниедна друга актерка не би изгледал филмот толку добро.Јас ја сакам како жена и како актерка.Филмот е одличен,ја прикажува суровата реалност и начинот на кој завршуваат голем дел од славните, заборавајќи се во славата и парите...а и не само тоа, туку сите кои не знаат како да кажат не на дрогата.Односно го прикажува животот на моделот,нејзините 15 мин слава, подемот и падот и времето измеѓу,вистинска приказна,многу реална и тажна,со болен крај.Жално е стварно, таква убавина заврши во гроб на 26год.Лошо.
    Филмот го препорачувам, мада мислам дека оние кои ја сакаат Џоли досега го имаат гледано.Јас му давам 10/10.
     

    Прикачени фајлови:

    На Neytiri, JuLleE и manja666 им се допаѓа ова.
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    The roommate,


    и не де разочарав како што очекував, мене лично ми се допадна! не дека беше нешто уау филмов, али онака интересен за еднаш да го види човек :)

    edit- се работи за една девојка, чија цимерка ќе биде психопат и опседната со нејзе :)
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.704
    Допаѓања:
    24.130
    Пол:
    Женски
    The Shunning - по препорака на една феминка, го спуштив и го гледав. Од секогаш ме интересирал животот на Амишите, а во овој филм на многу добар начин се прикажани нивните размислувања и ставови за истиот. Оценка 8/10
     
  8. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    soul surfer




    г о имав во лап долго се тегавев да го гледам за да не плачам али и плачев и го изгледав со поука и за восхит е
     
  9. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    http://www.youtube.com/watch?v=z93AADd2Dpo

    Ми требаше страшно акција-трилер и мажишта на екранот на мојот лап топ.
    Глумат едни од најдбрите, типот од Taken, типот од Limitless и уште двајца едно црнец мажиште и еден фрик кој ќе ве насмее.
    Филмот е акција трилер, се работи за алфа тимот, кој го сочинуваат овие 4 ица, и се најдобри во својата работа. Значи вакви луди идеи, вакви претпоставки, размислувања, донесување на паметни потези и мудри планови го прават филмот одличен.
    Доколку сте расположени за добра акција-трилер, гледајте, а башка и рај за око, има добри мажи и то како.
     
    На IvanaIvanchica и Trendafilka им се допаѓа ова.
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    APOCALIPTO во режија на Mel Gibson
    Филмот го имам гледано два пати досега, ама вечерва случајно го начекав на ХРТ 1 и го изгледав уште еднаш.
    Да, ова е филм кој вреди да се погледне и тоа не само еднаш ;) Во филмот е опишана цивилизацијата на Маите, се зборува и на нивниот јазик, така да не се изненадите што филмот не е од америчко говорно подрачје. Станува збор за едно племе, кое живее во шума недопрена од цивилизацијата. Живеат буквално како животни, а и самите тие се сметаат дека се животни. На многу интересен начин е прикажана нивната борба за опстанок и прежививање, начинот и борбата за исхрана, ритуалите кои ги имаат итн.
    Ова мирно племе, кое исто како и животните е територијално ориентирано, живее и лови само на своја територија, една ноќ ќе биде нападнато од друго племе, многу помоќно и покрвнички настроено, се со една цел...
    Ова е воведот, да не го раскажувам понатака, кој е заинтересиран слободно нека го погледне, нема да зажали. Филмот е прекрасен, на имдб има оцена 7.8, јас му давам најмалку 9.5, ма 10 му давам бре ;)
     
    На irena-10 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  11. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Eye for an Eye
    (1996)
    101 min - Crime | Drama | Thriller

    [​IMG]


    филм за јачината на мајчината љубов со Sally Field, Kiefer Sutherland и Ed Harris.

    http://www.imdb.com/title/tt0116260/


    офтопик: зашто секоја сликичка кога ја ставам ок е се, и после некое време ја снемува? :worried:
     
    На Queen-b и Blesavka им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.311
    Допаѓања:
    259.487
    Зона Замфирова!
    Филм кој го гледам можеби и по 50 пат. Сериозна сум :) , го имав на цд и секоја вечер си го пуштав, а денес го фатив на тв. Дури и репликите му ги знам :lol: .
    Го обожавам филмот.
    Филм кој никогаш нема да ми стане досаден.

    И се разбира како шлаг на тортата Мистер Бин односно Одморот на Мистер Бин :lol: .
    Мистер Бин добива награда да оди во Кан на одмор, ама бидејќи тоа е Мистер Бин и нему сешто може да му се деси :lol: .
    И така, имав убава филмска вечер зачинета со голема доза на хумор :lol: .
    Овие денови ми се погодија филмовите :) .
     

    Прикачени фајлови:

    • Zona Zamfirova.jpg
      Zona Zamfirova.jpg
      Големина на фајлот:
      73,6 KB
      Прегледи:
      269
    • bh.jpg
      bh.jpg
      Големина на фајлот:
      19,1 KB
      Прегледи:
      269
    На IvanaIvanchica и teddybear им се допаѓа ова.
  13. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.506
    FRIENDS WITH MONEY



    Приказна за 4 пријателки и нивните животи. Нема незнам какви глумечки остварувања но приказната ми се допаѓа. Реалистична драма, 7/10.
     

    Прикачени фајлови:

  14. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    [​IMG]
    http://www.youtube.com/watch?v=Eubjj4LyUz8

    Следува детално раскажување, оние што не сте го гледале, а мислите да го гледате, подобро не го отварајте спојлерот.
    Се зборува за двете сестри - Нора и Мери. Нора е бубалица, студирала право, а другата е модна икона. :D Зезам се, другава е разлигавена, разцмиздрена. Аама, сепак и двете ми беа слатки.
    Татко им умира и доаѓа нивниот брат (за кој не знаеле дека постои) со жена му Оливија. Они ја купуваат нивната куќа. Во куќата доаѓа Едвард (братот на Оливија), а вратата му ја отвара Нора, така они уствари се запознаваат.
    Но, они ја напуштаат куќата и се вселуваат кај нивната тетка која е Мексиканка. Имаат еден комшија Бруно, ама човекот е типац прва класа. 8) Тој се заљубува во Мери, ама она се заљубува во асистентот на факултетот. Мери му кажа за куќата на татко и’ , па се договорија да ја купат. Едвард со камион им ги донесе сите ствари од куќата. Нора си бараше работа и целосно сакаше да се потсети на кариерата, а Едвард и даде весник со огласи. Она најде работа каква што бараше, но кога отиде таму, и’ рекоа дека шеф е Едвард. :rofl:
    Тетка им правеше една забава, мексикан стајл. :lol: Сите комшии дојдоа, музика, танци, ухуу. Дојде и Едвард, а Мери дојде со асистентот на факултетот. Нора и Едвард влегоа во куќата и нешто си зборуваа и Едвард ја бакна. Во тој момент влезе Мери и се засрами што упадна на таков момент, па само зеде вилушка и си отиде. Нора не беше свесна што направи. Почна да му зборува на Едвард дека таа се посветила само на кариерата, не може да мисли и на љубов, бла, бла бла... Овој се налути и си отиде.
    Утрото кога отиде на работа - бирото и’ беше испразнето, немаше ништо. Отиде кај секретарката и оваа во една кутија и’ ги зберала работите и и ги даде.
    Мери спиеше со асистентот, а после тој и рече дека требало да оди на неколку недели во Мексико кај семејството.
    Кај тетката на сестрите пристигна писмо, а тоа уствари да ти било покана за веридбата на Едвард со Луси (оваа Луси е другарка на Оливија, она ги намести!). Кога Нора дозна, отиде горе да плаче, а и Мери по неа. И Мери ја тешеше и решија заедно да одат на веридбата.
    Мери ја среди малце и излегоа. Веридбата беше во нивната бивша куќа. Мери и’ рече на Луси нешто како „Едвард е добар човек, чувај си го“ , а оваа праша „Од каде ти знаеш?“ и на ова Нора се вмеша „Јас знам!“ и отиде подалеку од нив т.е. на другот агол на куќата. Едвард дојде и Нора му рече дека никогаш не се чуствувала така, бла, бла. Овој ништо не рече зашто глупавата Луси го викаше.
    На забавата Мери го виде асистентот како во устата и дава на една жена да пие еден пијалок. Она кога го виде го праша дали си дојдел, овој вика само што си дојдов од Мексико, еве да те запознаам со жена ми - Мери остана како стаписана. Асистентот ја купил куќата за да живее со жена му.
    Врнеше мнооогу дожд, Мери излезе отиде во колата и замина нанекаде. На сред пат колата застана. Излезе надвор, дождот ептен ја накисна, ладно и’ стана и пак влезе во колата. После многу обиди - ја запали. Тргна, со солзи во очите... И ... сообраќајка. Беше во болница, ногата и беше скршена.

    ...Едвард дојде кај Нора, ја купил куќата отспротива. Тој дел не го разбрав најдобро, но мислам дека рече таму да им биде канцеларијата. Рече дека ја сака и се бакнаа.
    Мери отиде со количката кај Бруно. И тие се бакнаа.
    Во следната сцена ја дадоа Нора како се венчава со Едвард. Мери беше заздравела и пак си беше во нејзините миничи, ама овојпат и со Бруно до неа.
    (Инаку, не спомнав дека и братот нивен се раздели со Оливија).

    Леле, цел ви го раскажав...
    Епа, ова беше типичен американски филм, со хепи енд.
    Му давам 8/10.
     
    На HappyOne му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Micmacs à tire-larigot
    [​IMG]
    http://www.imdb.com/title/tt1149361/

    :clap: :clap: :clap: :bow: :bow: :bow:
    Одамна не сум гледала олку добар филм.
    Класифициран е како комедија и навистина се смеев цело време, но филмов разработува суштински проблеми на денешницата и поскоро би го нарекла сатира. Се работи за еден просечен човек чиј татко загинал од нагазна мина, и сега после многу години тој случајно и на многу глупав начин е погоден со куршум. Преживува, но останува на улица, без ништо и со голема горчина кон производителите на оружје. Случајно доаѓа во друштво на едни чудаци кои рециклираат отпад и прават секакви технолошки чуда. Заедно прават план за уништување на две фабрики за производство на оружје.
    Крајот е феноменален, уште сум под импресии. И се изнасмеав и се замислив и посакав сето тоа навистина да се случеше.
    Од мене добива највисока можна оцена и препорака. 10/10
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bunny05

    Bunny05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    124
    [​IMG]
    The kid. Интересно,лесно филмче за опуштање. :)
    Се работи за 40-годишен човек кој нема ништо значајно постигнато во животот и на 40 години сеуште е самец без семејство. Денот пред да полни 40 години во неговиот дом ке дојде едно детенце,а тоа е всушност тој кога имал 8 години.Со помош на малечкиот,тој ке сфати дека единствен приоритет во животот му е работата, и заедно двајцата ке пробат да си го променат животот,а дали ке успеат во тоа погледнете сами :) На IMDb е оценет 5.9/10 и јас би му дала толку.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    И јас го гледав истиот на сител :rofl:
    Јас му давам 7че, само ради детето срце ми беше :D
     
  18. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Taken
    (2008)
    93 min - Action | Crime | Thriller

    [​IMG]


    каснам со филмов знам :)
    ама дека коа искочи го напињаа многу и имам одбивност така коа нешто ми е наметнато.
    после една година седење у компјутер и немање идеја што да гледам викам ај овој па да го тргнам да не ми фаќа место.
    иии онака ми е трилер. типов е нинџа, џемс бонд, тарзан, се у едно, на сите им ја крши кичмата, битно он неповреден :D
    зја тепање време добар е.

    http://www.imdb.com/title/tt0936501/
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Многу глупо филмче, а јас па запнав да ги изгледам сите делови, ме интересира крајот на приказнава.
    Во овој дел Бела останува без вампирот, паѓа во депресија, во меѓувреме си наоѓа нов кој излегува дека е врколак, а врколаците се борат против вампирите. Така Бела повторно запаѓа во нов заплет за да повторно се сретне со својот сакан кој и образложува дека ја оставил за да и направи услуга, таа да продолжи со нормален живот, но сепак на крај оваа врска продолжува.
    Оцена 5/10, а за глумата на девојката што ја глуми Бела немам коментар! Очајно...
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    :o типов е истрениран шпоион како и да е :D затоа е ко Tарзан Hинџа и се у едно :D па ако земеме сите акција филмови се вакви, со по некој ваков непобедлив, само што повеќето не се ни пола добри како овој :D ок, ствар укуса е тоа, мене лично филмов ми е еден од омилените а и актерот ми е еден од омилените нинџи :rofl:
    Hего да не бидам офф јас го гледав
    In the Name of the King: A Dungeon Siege Tale со доста познати актери, во главна улога е актерот од TRANSPORTER ок филмче, за крал воини борби за тоа се работи

    6/10 :)