Wrong Turn 3 Left for Dead - Ништо страшно само малце грозен филм инаку интересен е сега 4ката е на ред
Од вчера и денес ќе ги постирам тие што ги гледав Добар хорор , го гледав сабајлево зошто ако ги гледам навечер не можам да спијам Многу ми беше страв , а што се смеат на вакви филмови нема ништо страшно да им биде Неколку феминки го гледале па морав и јас : Се изненадив од филмов , преубав ми беше . Како што кажаа и другите , се работи за нејзините почетоци . И не знам зошто ама многу сакам во тоа време да сум живеела
Војник се буди како друг човек и е всушност вклучен во некаква мисија при што треба да открие кој подметнал бомба во еден воз и планира нов напад во Чикаго Брачен пар си поминува ужасно на медениот месец и се враќаат скарани.Фин е, ме изнасмеа, не е тупаџиски
Cinderella Pact или јас го спуштив како Lying To Be Perfect Лимонадка филмче за тоа како да излезиме од сенката на другите, да бидеме посамоуверени и храбри за да се избориме за она што го сакаме и заслужуваме. Приказната и пораката во филмот не се лоши, единствено што мене не ми се допадна е изборот на глумицата, како коњ ми е За глумецот немам замерка, башка многу личи на еден мој бивш
Одличен филм. Го гледав два пати и два пати го препорачав и во темава и во Европска филмска уметност. Остава без зборови, нели? Филмов е апстрактен и поразличен од било кој друг што сум го гледала до сега. Неспоредлив е, како Picasso и Monet. Збирната оценка на ИМДБ е 8 но ако ги прочитате рецензиите и оценките, или се 1 или 10. И се слагам, или ке ви се допадне или не. Зависи што очекувате од еден филм, дали ги гледате кадрите или и позади нив. Збирка од моменти, случки и импресии од детството.... Јас лично му давам 10ка.
Само за Лудото 19 штом типот од Тејкн ти е омилен, ако го немаш гледано овој филм да го изгледаш, моја препорака http://www.youtube.com/watch?v=z93AADd2Dpo Ју вонт ригрет.
Британски филм, оценка 8/10 ... Едноставна приказна но носи порака со себе. Spoiler Тинејџерка од 16 год. ќерка за пример, ученичка со солидни резултати, запознава повозрасен маж ... Тој ја придобива нејзината љубов со тоа што ја носи по фенси места, и купува скапи поклони, ја носи во Париз ... се додека не ја запроси ... таа во љубовен занес прифаќа иако е млада и има амбиции за да студира на престижниот унив. Оксфорд, го запоставува училиштето, прифаќа да се мажи за него. Но една вечер сонот и се урива дознавајќи дека е женет. Ако ве интересира целосната приказна погледајте го. Посебно да го погледнат младите девојчиња кои се лажат по вакви преваранти мислејќи дека им го нудат светот на дланка, а тие всушност ги искористуваат за забава ...
Veronika Decides To Die Претпоставувате дека е според книгата на Пауло Коељо Како негова обожавателка ми се допадна многу приказната, иако сигурна сум дека книгата е подобра (долго време планирам да ја прочитам ама ништо), по детална... Не би раскажувала ништо од филмот, всушност мислам дека самиот наслов е добар вовед. Вероника реши да умре... а зошто така и што се случи потоа, погледнете сами
Teta asustada, La (2009) http://www.imdb.com/title/tt1206488/ Само што го изгледав и мора да кажам дека е тешка драма Дејствието е во ПЕРУ и се раб за една млада девојка која се плаши да не е силувана и за таа цел си става КОМПИР во вагината... Оххх само колку се раДувам дека сум родена и школувана во МАкедонија И Уште еден го имам гледано пред мнн време, а вчера случајно го налетав на некоја од телевиззите : Mentiras y Gordas http://www.imdb.com/title/tt0822833/ Со глумецот од ( од најубавиот шпански филм на ФЕМИНА, но во млади години) теен Деца, журки, многу секс и такви ми ти работи.. не е лош за гледање. Spoiler ги ставив и во другата тема но мислам дека тука секако ке бидат видени додавам Crime of Fashon http://www.imdb.com/title/tt0414923/ пак би рекла дека е доста теен 4/10 пошто ми се допадна ДОН ете тука може да се видат 2 актерки воо доста младо светло Spoiler една девојка дознава дека станува шеф на мафијата, а живот сон и е да биде дизајнер...плус ситуации http://www.imdb.com/title/tt0259567/ Perfect Opposites (2004) љубов, желба, недоразбирање, давање и губење 5 збора за објаснување на сите неша од филмов и од животот 5/10
Donkey Punch (2008) 99 min - Drama | Thriller солиден бритиш хорор со група млади на одмор во Шпанија на кои што им се случуваат триста глупости. добро познато сценарио, ништо посебно, само јас знам дека тешко пак да гледам филм со бритиш акцент у брзо време пошо страшно ме напиња. препорака да не го гледате филмов со вашите пошо има многу Rated R сцени. http://www.imdb.com/title/tt0988849/
Uploaded with ImageShack.us Значи преубав филм,по незнам кој пат го гледав и нема шанси да ми здосади,само да го погледнам Jude Law и одма се топам иначе тој што го нема гледано мѕ го препорачувам,малце подолго трае али се исплати.Значи две девојки разочарани од љубовта сакат да заминат некаде подалеку на одреден период али таму им се дешава New LOVE ......останатото ако сакате да го дознаете мора да го гледате.Најдобар во филмот ми е Jude Low совршенство од маж
Amelie Филм, за кој апсолутно никој нема кажано дека не му се допаѓа. Секој што го гледал е фасциниран од него, на дел од феминките им е омилен, а некои го сместиле во најдобар филм на сите времиња. Но јас не се согласувам дека овој филм е најдобар, ниту сум фасцинирана, ниту ми е омилен. За мене е еден сосема просечен филм, на моменти досаден. Сум гледала далеку подобри филмови, но овој никако не ми легна. Не би рекла дека е катастрофа, тоа никако, ама најдобар, не би се сложила. Можеби е во прашање вкус или незнам што, се трудев цел филм да ми се допадне и не бе никако. Очекував многу од филмот, со оглед на препораките кои ги читав на форумот, а и многу луѓе ми го имаа препорачано. Но ете не се воодушевив. Барав тема за филмов, но не најдов, бидејќи сакав да прочитам коментари што е тоа што ги воодушевува филмот останатите, а мене не. Се надевам дека не сум единствена кој има дадено толку негативна критика за филмот. Просечен филм, ништо посебно, не е глуп, ама не е ниту којзнае колку интересен. Оценка... се мислам помеѓу 5 или 6, а гледам на имбд 8, а мислам дека и Оскар има земено .
Убаво, лесно филмче...баш за опуштање, одлични ефектии башка многу се слатки штрумфовите! Smurf-xactly 8/10 Spoiler Филмот се базира на тематиката од цртаните филмови за штрумфовите. Случајно еден од штрумфовите наоѓа портал кој ги носи штрумфовите надвор од нивното село...и тие одеднаш се наоѓаат во Њујорк. По некоја логика и лошиот вештер Гаргамел доаѓа во градот. Тука почнува борбата како да се вратат дома
HORRIBLE BOSSES Искрено поради малку глупавиот и неинвентивен наслов на филмот, а и многуте ѕвезди во него, бев скептична, но пријатно се изненадив. Филмот е многу добар. Со икслучок на 1-2 тотално изамериканизирани сцени кои и самите ќе ги познаете, остатокот е пријатен, забавен, смешен, со добар хумор, супер реплики и дијалози. Ѕвездите во филмот имаат споредни улоги и важно е што не го надглумија главните ликови. Би го гледала пак. 7/10
A little bit of heaven По препорака на пола фемина, ајде и јас го изгледав. Не беше лошо, дефинитивно ми се допадна што не се излечи на крај, малку така, пореално гледање на работите имаше. Е, глумците, т.е. како пар, воопшто не ми одеа еден со друг, овој беше ептен бејби фејс, како син да и беше. Приказна просечна, некако Вупи ми ја вметнале со сила, но, ајде. И тоа џуџето, ако му дале централна улога - ќе беше мнооогу подобар. Очекував дека ќе има порадикални промени, а и тоа со желбите не го укопчав. Арно за трошење време, кога ништо друго не се прави. Кој сака да си плаче, изволте на гледање.
Little Secrets Не знам за другите, ама јас сум си љубител на вакви слатки филмчиња каде има убави куќи и типично амерички маала. Во секој случај, филмот е приказна за девојче виолинистка која работи како чувар на тајни т.е. за парички им чува тајни на сите маалски деца. Интересна приказна, онака опушта.
Британска комедија ... хмм оценка негде 7 според мене ... гледајќи го трејлерот ми делуваше интересен ама не испадна тоа што очекував Се работи за женски колеџ каде владее откачено атмосфера ... Пристигнува девојка нова (инаку глумицава многу потсеќа во црти на Ана Калачовска), очекува пристоен колеџ,а наоѓа тотална спротивност ... луди и откачени девојки и надредени заедно со сопственикот/чката ... И почнуваат згодите и незгодите ... кој е за нека го гледа. Инаку Руперт Еверет е и во улога на маж и на жена(сопственичката на колеџот) во филмов
Its a kind od funny story Spoiler Kрег е момче кое има нормално семејство,освен татко му кој е воркохолик и не му обрнува многу внимание,Kрег е депресивно момче заради што нема девојка-вљубен е во девојката на најдобриот другар,треба да аплицира на некој колеџ,и од сите тие проблеми пробува да се самоубие,но нема сила и оди да се пријави во лудница,запознава таму други луѓе со поинакви проблеми,и се бори со своите,се рага и мала лубов помегу него и Hоел(тинејџерка која се сече по телото) 6\10