Hard Candy (2005) 104 min - Drama | Thriller мислам дека порано не се снимале вакви филмови. сеа изглеа се натпреваруваат кој ќе направи поментален, поодвратен, позгрозувачки... ова дефинитивно влага во потесната категорија. многу ненормални свари на едно место. приказнава целосно гледана е поучна ама... а IMDb секој ден се повеќе ме изненадува со оцениве http://www.imdb.com/title/tt0424136/
Breaking and Entering 7/10 Убав ми беше филмот 99% затоа што Џад Ло глумеше а 1% поради приказната.Не е лоша целата приказна но ништо ново или посебно. А да и Чак Бас глуми во филмот но само во неколку кратки сцени а и да не прочитав на почетокот Ед Вествик немаше да го познаам.Изгледаше како потпросечно момче.
http://www.youtube.com/watch?v=ak-pN_ZwvG4 6/10 добар филм комедија е,приказната е за чувар на зоолошка кој ќе има проблеми со девојката а животните ќе му помогнат.Сцената кога ќе го носи мајмунот во град,ветувам дека добро ќе се насмеете
Red Cliff - поклон http://www.imdb.com/title/tt0425637/ Прекрасен филм. Моќен! Се работи за битка од 208-209 година (вистински настан од кинеската историја). Војна, крв, битки... можеби премногу крвав за мој вкус, но величествен филм без дискусија. Масовните сцени ме оставија без здив, буквално не дишев при крајот на филмот. Најинтересен дел од филмот е воената стратегија при крајот, Кинезиве биле стварно луди. И убавините на некогаш прекрасната земја... во филмов се претставени на најдобар можен начин. Актерите се врвни, иако имав мал проблем на почетокот затоа што сите ми се исти и не распознавав кој е кој. Инаку ова е само прв дел, запира на најважното, и многу ми е криво што сме крај на месец и треба со денови да чекам да ми се спушти вториот дел. Колку и да го фалам нема да биде доволно. Единствено нешто што ми недостигаше беше гооолем екран. Еден од најдобрите, ако не и најдобриот историски филм што сум го гледала. Masterpiece!
Последно нешто што гледав беше Burlesque синоќа и да Ви кажам право навистина ми се допадна. Мјузикл-драма е, со малку веќе-видена приказна, но сепак, музиката е преубава, ме изненади Кристина Агилера, не очекував дека толку добро ќе се снајде во улогата, а за пеењето не се ни сомневав. Страшен вокал е и иако не сум нејзин фан, го признавам тоа. Еве trailer, па кој не го погледнал нека го гледа http://www.youtube.com/watch?v=FMqIlAgVU9I
Water for elephants http://www.imdb.com/title/tt1067583/ Џејкоб е младо момче, студира ветерина и живее со своите родители.Доаѓа и неговиот последен испит, но дента на испитот неговите родители умираат во сообраќајна несреќа и му ги оставаат само долговите.Тој немајќи ни кров под главата, ни пари се придружува кон еден циркус како ветеринар. Таму се спријателува со газдата, и ја запознава неговата преубава жена Марлена... Во главните улоги:Риз Витерспун и Роберт Патисон. Midnight in Paris http://www.imdb.com/title/tt1605783/ Инес и Џил се млад пар, тие се свршени и одат на патување во Париз со родителите на Инес.Џил е писател, и е многу носталгичен човек кој сака да живее во 20-сеттите во Париз, времето на неговите книжевни идоли.Една вечер додека Инес оди на вечера со со своите приајтели Џил оди на прошетка во Париз, и кога ќе отчука полноќ доаѓа една мистериозна кочија од минатиот век, и го носи Џил во својата златна доба, во неговиот совршен свет, а наутро е со своето семејство.И така ноќ, по ноќ, по ноќ... Многу фино филмче, Париз како локација е прекрасен, кој го сака нека си го погледа.
The shunning http://www.imdb.com/title/tt1561770/ Интересен филм за животот на амишите, со главен осврт на судбината на една млада девојка. 20-годишната Кејти е пред венчавка за која не е сигурна дека ја посакува, во градот пристигнува една жена која ја бара нејзината мајка.. и натаму ќе видите. Мене ми се допадна. Не знаев многу за амишите па филмот ме заинтересира и ме натера да гуглам малку. Јас би му дала 6. Можеше малку пожива да биде приказната и да има подобар крај.
The Girl Next Door (2004) 108 min - Comedy | Drama | Romance Spoiler Матурант ќе се заљуби во својата сосетка која е бивша порно ѕвезда... заплетот започнува кога продуцентот сака да ја врати назад на работа......... Добра комедија, одамна не сум се смеела вака на филм.. оценка според мене 8/10
X-Man Origins: Wolverine; (2009) http://www.imdb.com/title/tt0458525/ Логан, чија девојка ќе биде убиена од страна на неговиот полубрат, сакајќи да се одмазди се решава да земе доза на некој метал(најверојатно метал, тој што го бараа на почетокот) која ќе го направи непобедлив.. Мене ми се допадна, не беше досаден во ниту еден момент, само не ми се допадна како заврши. Како што ми кажаа ќе имало и втор дел, ама незнам точно. Ако има го гледам - дефинитивно. Мислам дека 9/10 би била мојата оцена, само заради крајот.
MODIGLIANI прекрасен филм немам зборови, судбината на еден сликар во времето на пикасо и неговата љубовна приказна. љубов, омраза, себичност, лудило. апсолутно го препорачувам
Water for elephants Филм со кој сигурно нема да ви биде досадно и приказна која ќе ви го задржи вниманието. Младо момче на денот кога го полага својот последен испит ги губи своите родители и останува без никаков имот. Принуден да се снаоѓа сам се приклучува во еден циркуз каде ја запознава љубовта на својот живот... Вреди да се погледне
THE LINCOLN LAWYER http://www.imdb.com/title/tt1189340/ Многу добар филм. Еден од најдобрите филмови излезени во 2011 година. Сплетки, неправди, манипулации. 10/10 :up:
Veronica decides to die Овој филм е сниман според книгата „Вероника реши да умре‘‘ од Пауло Коелјо. Се работи за една девојка Вероника која има се што би посакала една девојка но сепак нешто и недостасува. Решава да си го одземе животот но не успева и ја сместуваат во психијатриска болница. Дознава дека од животот и останува само една недела. Запознава еден жизофреничар и открива многу работи за самата себе што не ги знаела и дека најголемата желба и е ДА ЖИВЕЕ. Книгата е далеку подобра, нормално. Актерите од ред в ред грозни, да сум го гледала филмот прво, немало шанси да ја прочитам книгата. Кому му се допаднала книгата, ќе му се допадне и филмот. Ќе му дадам едно 6че.
"Lady In The Water" Неам коментар, старо филмче од 2006, гледан ми е веќе еднаш ама толку многу бев заљубена порано шо пак си го симнав, го гледав и пак ми остана в'ум. Инаку одличен, фантазија, сирени, волци, преубава глумица, чиста магија е филмов, срце да ти исполни.
Gravedancers Spoiler Еден од моите омилени хорори, и еве по 4-5 пат го гледам и пак ми е интересен. Самото име кажува, се работи за неколку другари кои една вечер ке заминат на гробишта, ке пијат и танцуваат и со тоа ќе вознемират духови на проблематични луѓе и така ќе им почнат проблемите.. Ај да не должам, има се што треба да има еден хорор филм, па ако сте љубител гледајте го..
Сега само што го изгледав Shelter. Филмот е со Julianne Moore и Jonathan Rhys Meyers. Хорор е и можам да кажам дека ми се допадна. Ја почитувам нејзината глума, а дечково сум го гледала во неколку филмови, не глуми лошо и тврдам дека подобро му прилегаат улоги на лоши луѓе Ако не гледате хорори, гледајте го заради него, мене ми е страшно секси Ќе ставам trailer, па кој е заинтересиран нека го погледне. Позз! http://www.youtube.com/watch?v=O9G6y7pJTOw
Штрумфови. Морав да го погледнам иако се двоумев околу модерна верзија на мојот некогаш омилен цртан филм. Приказната започнува кога штрумфовите прогонувани од Гаргамел, паѓаат во една временска порта(или што и да е, не знам како да се изразам) и доаѓаат во Њујорк. Интересен е за помали деца претпоставувам, мене ми беше онака, просечно интересен со неколку смешни сцени. 6/10