Perkins '14 Се работи за еден доктор, кој во тек на 10 години континуирано киднапирал деца и вршел експерименти на нив, претворајќи ги во зомби.. Претерано агресивен филм, со многу крв. Јас уживав, не знам за вас. И да, тие што ги сакаат Misfits, посебно Michale Graves, гледајте го.
A little bit of heaven. http://www.imdb.com/title/tt1440161/ Spoiler Веќе е погоре спомнат филмов. Се работи за девојка ( Кејт Хадсон ) која дознава дека има рак на дебелото црвео, и дознава дека има малку време за живот и дека се ближи нејзината смрт. Има три желби пред да почине. Посакува да полета, да има милион долари но...третата желба ја чува длабоко во себе. Да запознае човек во кого ќе се заљуби. Тоа е нејзиниот доктор всушност, кој и ја соопшти веста дека има рак. Имаат убава романса, иако знаат дека девојката умира. Таа пак, гледа да остане што позитивна, и го планира нејзиниот погреб на кој сите ќе се забавуваат, а не да тагуваат. Според мојот вкус, и според мојот став дека за мене најдобра е оваа актерка од безброј причини, можам да дадам оценка 9/10 затоа што мислам дека еден од подобрите филмови во кои глуми Кејт, ако не и најдобар. Spoiler Таа најчесто глуми во романтични комедии, но во овој случај завршува трагично и таа умира, што мислам дека е за прв пат.
http://www.youtube.com/watch?v=wB_Ty3-yomk Филмот е тотално непредвидлив. Трилер, добар е, четворица мажи се будат, не сеќавајќи се на ништо во врска со нив, затворени во еден објект, на сред пустина, и нема излез, едниствената врата е на шифра, се што им преостанува е да пробат да се сетат на нешто, и зошто се тука.
THE RITE На сите љубители на филмови поврзани со егзорцизмот ќе им се допадне. Мене ми беше интересен, ретко ги гледам филмовите со ваква тематика, и не сум компетентна да кажам дали бил доволно страшен, реален или бил фејк. Му давам 7/10, кастингот е одличен, Ентони Хопкинс како и секогаш - совршен во улогата.
http://www.imdb.com/title/tt1010048/ Случајно го начекав на ХРТ и премногу ми се допадна. Одамна читав за него, знаев дека е за момче кое победило на “Кој сака да биде милионер“ во Индија и дека поради неговото потекло го обвиниле за измама, но филмот е многу повеќе од тоа. Филмот ме трогна, гледав каков е животот во Индија и сфатив колку ние треба да бидеме благодарни што сме се родиле во оваа земја која од која толку пати кукаме, а истовремено ме трогна љубовта на главниот лик кон неговата сакана. Сакам да верувам дека таква љубов навистина постои. Ме запрепасти и љубовта на брат му кон него, не за џабе рекле дека крвта вода на бидува Само кога читав за филмот мислев дека е сниман според вистински настан, а сега пребарував и не најдов на таков податок, освен дека е снимен според книга, па тоа малку ме разочара, бидејќи крајот е баш филмски, а сакав да верувам дека тоа го има и во реалноста. Сума сумарум, го препорачувам на сите оние што сакаат да погледнат филм кој што е различен од американските стереотипи, оние кои сакаат да гледаат чуда, оние кои веруваат во судбината и љубовта.
да, добар е, малку изопачен ама добар е за тепање време. Инаку онлајн го гледав и едвај го најдов бидејки е грчки филм и тешко се наога со превод или Англиски титлувано. Ако го најдам ке ти пратам ПП.
The Other Man (2008) 88 min - Drama | Mystery | Thriller повеќе драма него трилер со Liam Neeson и Antonio Banderas. навидум изгледа како обичен филм за човек кој дознава дека жената го изневерува, па го бара љубовникот за да се освети. меѓутоа има добар пресврт филмов, кој ќе го гледа ќе види што. и ја лично повеќе го бендисувам Liam у вакви улоги него акции со пукања. полека ми станува еден од омилените актери. планирам што повеќе филмови да му изгледам во иднина. ме изненадува пријатно секој пат. за овој филм конкретно еве IMDb што вика: http://www.imdb.com/title/tt0974613/
WIN WIN Адвокат во мало градче паралелно работи како тренер на боречки тим во училиштето. Во недостаток на средства, за пари ке стане старател на стар човек. И тука почнува заплетот... Не е лош за гледање ама не сум воодушевена. 6/10
Една обична девојка ќе се сплетка со богаташ кој е и вдовец, за кратко време ќе почнат да живеат заедно и да спремаат свадба, но открива дека можеби е вплеткан во смртта на починатата сопруга.Не е лош
The Bourne Ultimatum (2007) Action | Crime | Thriller Ете и третиот дел го изгледав Од мене нема да згрешите ако ја гледате трилогијата. НО прочитав дека ќе се снима уште еден дел но нема да глуми Мет Дејмон Ќе укакаат се, не го гледам без Мет
Pirates of the Caribbean: Dead Man's Chest http://www.imdb.com/title/tt0383574/ Филмов на Сител го даваа до сега едно 1392843275 пати, и секој пат го гледав! Исто како на А1 првиот дел, значи филмовиве ми се преизгледани.И уште не ми се здосадени, секој пат како прв пат да ги гледам.Него, на ИМДБ гледам 7,3 оценка, јас 10 + би му дала.
Spoiler Преубаво филмче, цело време без здив го гледав, ко некое 5 годишно возбудено девојче Стварно топла приказна, не може да го остави човек рамнодушен, топло препорачувам. Иако на крајот Spoiler си пуштив некоја солза кога видов дека му го нема ноџето. Ама исти си беа со змејчето и двајцата без еден дел, но заедно совршено се надполнуваа Spoiler Душичка
PRIEST Акционен филм во кој свештениците се борат против вампирите. Главниот лик кој го глуми Пол Бетани ќе тргне во потрага по вампирите кои ја киднапирале внука му, а свештенството мисли дека после војната, истите одамна се исчезнати. Приказната е возбудлива, иако при средината - малку и предвидлива. Измешани повеќе елементи - футуризам, sci-fi, па има малку матрикс сцени, па една вестерн сцена... Режисерот можеби сакал да воодушеви, но се изгубил по патот. Во секој случај убаво е снимен, интересен е екстериерот, а глумата е супер. За мене Пол Бетани е страшно добар актерски лик, а Меги Кју е . Мислам дека оставија и простор за втор дел. Филм за едно гледање. 5/10
Ако сакате лесни романтични филмчиња за едно релаксирано попладне не се лоши. Малку бегање од реалноста не е на одмет нели ... Да не ги раскажувам поединечно, само ќе кажам дека се работи за оној момент кога вистинската љубов се појавува и сите перипетии околу неа.
FROZEN ! Го препорачувам на сите мачки шо сакат реален и добар филм. Е за вакви филмови зборувам, значи толку реално е опушано кога ние луѓето не гледаме подалеку од нашиот нос, абе ајде, еве баш еден од филмовите каде шо е опишано ние младите како сите трагаме по возбуди, адреналин и авантури а без да размислиме за последиците шо не демнат на секој чекор. 2ца другари и на едниот женската, одат на скијање на планина, но преку ден девојката е многу бавна, сеуште пресна во сноубордингот, и вежба. Така да, двајцата другари, не добиваат ниту еден добар спуст од планината, па затоа решаваат тоа да го надокнадат вечерта, и некако го убедуваат стражарот да ги пушти со жичарата, демек ќе бидат брзи, да ги почека, и овој се согласува... И тука почнува се. http://www.youtube.com/watch?v=GiUNsDVjCbo Дефинитвно ви го препорачувам. Бац
Despicable me Само што го гледав со ќерка ми...се изнасмеав Се работи за еден научник кој воедно е и криминалец, посвојува три девојчиња за да му помогнат да ја оствари својата најгенијална кражба. Од мене оценка чиста 10-ка...пак ќе го гледам дефинитивно.
Dogtooth (2009) Kynodontas (original title) 94 min - Drama грчки филм. болен филм. на исто рамниште со српски филм. само умоболен може да сними вакво нешо. ја уште поболна што гледам. според мене треба да се забрани. http://www.imdb.com/title/tt1379182/
На YouTube го најдов но дали имаш линк на торент? Сакам да го спуштам а и превод исто мајка ми сака да го гледа
Eight Below Како љубител на авантуристички филмови не можев да го пропуштам... А исто така не можев да останам рамнодушна на крајот и се расплакав. Прекрасна приказна за поврзаноста на кучето и човекот. Препорачувам!