Исто. Филмот е предобар. Кучињата се срцки. Ах, ги сакам. Макс можам да кажам дека остана најверен до крај! Маја беше силна до крај. И јас не останав рамнодушна, па малце плачев. Топло го препорачувам! Оценка: 10/10!
Љубител сум многу на тинејџерски филмови Приказна за една девојка и нејзината најдобра другарка,заедно со нејзината полусестра заминуваат во Париз,Кога една од девојките е помешана со една позната личност, тие се фатени во внимание и се случува да се најдат на одмор во Монтекарло. Оценка: 10/10
Хехехех, преубав филм дефинитивно. Погоден за љубителите на животните и авантурата. Баш вчера го гледав Eight Below, признавам и јас исто малку заплакав, пошо куче како животно е најверниот пријател на човекот. Животните ги сакам премногу, се би дала за нив...
Obsessed Ах мори Бијонсе, поим за жена си! Малку доцнам со филмов ама јак бре мајката! Накратко: Патетично, умоболно суштество се опседнува со женет човек и прави секакви срања за да го придобие. Во почетокот сопругата паѓа на финтите на болнава, но подоцна сфаќа со каква си има работа и тука настанува борба за да го задржи она што и` припаѓа. Intense shit! 10/10 :up:
И јас го гледав Уф, прежално. Од што и беше нив ладно и мене ми пристуде. Се расплакав по малце, ми беше ептен жал за кучињата. 6-7 месеци оставени така, на студот. Нив не им беше до толку ладно, навикнати се, ама како и да е... Сепка овие немаа можност преку зимата, ама браво за упорноста па на крјот што отидоа. Ми беше жал многу за тие што умреа. Тоа остана да стражари ама... Како и да е, имаше Хепи енд. Ги обожавам кучињата и затоа не смеев да го пропуштам. Го имав гледано еднаш... И уште повеќе ги засакав Хаските, од филмов. Два саати не трепнав.
Истиот. За малку не заплакав се воздржав кога Маја неможеше да стане Нема што да објаснувам имаат феминкиве над мене . Оценка 10/10
Имав желба да гледам некој романтичен филм, ја отворив темата со романтични филмови кои ги препорачувате си си го симнав филмот за кој долго време слушав, но секогаш го одбегнував бидејќи е базиран на дело од Николас Спаркс, The Notebook Филмот на почетокот ме изнади позитивно, Рејчел Мек Адамс е прекрасна и прекрасно ја глумеше Али, уживав додека ја гледав нивната љубов и филмот ми беше реален поради настаните кои се изредија, се до сфаќањето дека старите луѓе во болницата се тие, и дека Ноа и чита секој ден од тетратката, а крајот беше премногу за мене. Точно дека сакам романтика, ама ова и најголем романтичар не може да го поверува и свари Ми се допадна и сцената со лебедите, а сексот на дождот, ммм Го препорачувам кога сакате да се разнежните, кога ви е досадено да решавате проблеми од трилери и да гледате тешки драми. Само немојте многу да се внесете па после да чекате некој Ноа или да мислите дека некој толку време ќе ве чека вас. Суров е животот, вакви чуда се едно на милион.
horrible bosses Комедија. На ИМДБ има 7.3 јас му давам чиста 10! Одамна не сум се изнасмеала толку. Накратко: Тројца пријатели имаат ужасни шефови и еден ден ќе им скур*и на сите и... Ќе видите што ќе се случи.
Денес го гледав прекрасен е! Семејството Стоун се собира традиционално за Божиќ но овој пат со посебна причина,сите се подготвуваат да ја запознаат девојката на најстариот син! Таа не е баш добро прифатена од семејството па ја вика нејзината сестра да и даде емоционална подршка..е од тука започнуваат љубовните пресврти..многу интересно филмче,добри глумци,ви го препорачувам топло!
грешка овој филм сакав да го цитирам, мора пак да го изгледам супер е и јас го препорачувам да не бидам офф го гледав DIE HARD 1 еден против илјада сите ќе ги потепа ама добар филм е 7/10
Еден млад дечко почнува да учи средовечен маж како да се однесува со жените и како да ја врати жена му што неодамна го изневерила и му бара развод. Супер ми беше филмов, освен една сцена, така типично холивудска, ама само една е
Како и неколку други феминки, и јас.... Spoiler Им се покачи гледаноста на Сител денес Spoiler Сцената кога една од Хаските му дозволува на Макс да јаде од нејзиниот плен ми е омилена. А на таа кога фоката изненадно излегува од китот редовно си потскокнувам, иако филмов сто пати го имам гледано.
Om shanti om Арни се овие незаморителниве и максимално опуштени индиски филмчиња. 3 часа, ама барем сите сетила ти ги активираат. Филмов е за Ом и Шанти. И ќе умрат. И во новиот живот ќе се заедно. Уметност. Spoiler Се претворив во хиндуманијак. Секако, Бандини е крива.
Сега само што го изгледав Маринецот 2 (The Marine 2) и стварно добар филм е. И кецот го имам гледано исто и тој е многу добар, баш јас како што сакам оружје и војска ваквите филмови уживам да ги гледам Ова е кецот, со John Cena - кечерот Ова е вториот дел, исто така со кечер - Ted Dibiase
Како и повеќето... Многу ми се допадна филмов и многу ме растажи. Вреди да се погледне. И нормално оцена 10/10
Annapolis(2006) 108 min - Drama | Romance | Sport убав филм со James Franco. http://www.imdb.com/title/tt0417433/
Преубав филм, арно ама како и од секогаш убавите филмови од средина почнувам да ги гледам незнам како ова ми успева, ретко гледам, ама кога ќе загледам, се од средина, никако од почеток исто и мене малку ме растажи, сабајлево го загледав.Интересен филм, барем според тоа што видов, се согласувам дека вреди да се погледне