Home. 7/10 Документарен филм, за тоа како човештвото го уништува светот. Малку препесимистички за мој вкус, имав фатено делчиња и претходно, но сега седнав цел да го изгледам. Филмот почнува со убаво објаснување за настанокот на светот, кој е човекот на планетата Земја... Ги следиме промените кои ги направил човекот за ,,мизерни,, 50 години. Дали имаме право да го менуваме светот до овој степен, дали последиците ќе ги трпат нашите деца, дали ќе преживее нашата цивилизација ?! Зошто најбогатите земји со ресурси се најсиромашни, што по ѓаволите му се случува на светот ?! Пробано да се даде одговор, но јас, искрено, повеќе останав со прашалници отколку со одговори. Прекрасни снимки и слики, морам да признаам. Како и за секој документарец, препорака да се гледа со доза на резерва.
Montevideo, Bog te video! Пресреќна сум што го гледав филмот. Ете така се чуствувам, како мало дете кое си нашло убава играчка. А јас си изгледав еден преубав филм. Многу убав филм, чиста 10. Малку му е 10 еве 100 од мене . Филмот ме расположи, ме насмеа, ах колку е добар. Филм на Драган Бјелогрлиќ кој добар е како актер, но одличен е и како режисер. Кастингот истотака одличен. Музиката повеќе од одлична, не ми излегува од глава. Ја барам на нет, да си ја слевнам . Прекрасен филм, верувам дека нема кој не го обожава филмот. Ми влезе под кожа. А детето, слаткото тоа . Еден од најубавите филмови кои ги имам гледано!
Комедија, интересна, лесна, релаксирачка таман за пред спиење со какао или млекце во рака Насловот кажува се, 3ца другари имаат неподносливи шефови, и еден ден нормално, ќе се преполни чашата и филмот може да почне.
Derailed (2005) 108 min - Drama | Thriller добар! од коа се токмев да го глеам, и дури сеа, мн сум била глупава. ептен јак трилер, по мој вкус. Clive Owen, Jennifer Aniston, Vincent Cassel, Melissa George, Xzibit, Giancarlo Esposito http://www.imdb.com/title/tt0398017/
The Shunning Филмот го гледав бидејќи од секогаш Амишите ми биле интересни, многу сакам да знам за нивниот начин на живот и обичаи, а многу малку имам читано за нив. Затоа било кој филм, емисија или книга поврзана со нив ја гледам или читам. Филмот е добар, не е лош. Јас го гледав бидејќи се работи за Амиши, но филмот има и интересна приказна. Оценка 6/10.
Леле ама ќе го изгледам, еве се спушта. Да не бидам офтопик јас изгледав едно добри 5 епизоди од серијалот MD.House.
The Switch Spoiler Двајца пријатели неочекувано и без полово контактирање стануваат родители. Тогаш започнуваат да испливуваат чувствата на површина. Пак едно детенце што имаат.... пу машала, да ти дојде на женско на целиш па за зет да го земеш. Класична американска љубовна комедија. Ништо знаменито.
The King's speech ПРЕКРАСЕН ФИЛМ, со ПРЕКРАСНИ АКТЕРИ и ПРЕКРАСНА ИЗВЕДБА. Само најдобри импресии имам, а да не зборувам за англискиот кој го говорат. Инаку филмот обработува еден многу секојдневен проблем - говорна маана, ама не било чија туку на престолонаследникот, подоцна и кралот на Англија. Поради неговото значење во нацијата, овој проблем покренува и многу други, но и периодот ги носи своите. Секоја чест за глумците си ги заслужија сите награди кои ги добија. Оцена 10/10 Spoiler
Вчера го гледав Johnny English-Reborn. Верувајте смешки живи е човекот Кој го сака Mr. Bean и неговите глупости, а и сите кои сакаат добра комедија, нема да зажалат ако го погледнат. Еве и trailer-че, бидејќи не сакам да пишувам за што се работи, па не некого да му помине меракот за гледање Позз http://www.youtube.com/watch?v=qXQSfSu1Y0s
И јас го гледав Home. http://www.imdb.com/title/tt1014762/ Spoiler Добар документарец. Овие работи ги знаеме сите, но поинаку е кога се сервирани заедно и со прекрасна визуелизација. Остава впечаток и тера на размислување. Штета што оние што се најзаслужни за проблемите кои ги обработува нема ни да го погледнат, а поголемиот дел од оние што ќе го погледнат нема да сфатат дека сите сме придонеле за тоа што е. Ќе се воздржам од оценување зашто за самото снимање на овој филм е потрошено... претпоставувам многу нафта, има авионски снимки од цел свет, оние што не се компјутерски. Но добро, за добра цел да речеме, за освестување. Во секој случај го препорачувам, воопшто не е залудно потрошено време, цело време додека го гледав ми поминуваа морници и впечатокот е уште силен ден потоа. Quo vadis човеку?
The Tuxedo http://www.imdb.com/title/tt0290095/ Сум го гледала и претходно, и вчера го фатив на Канал 5. Џеки Чен е цар за комедии, нема утка.Исто и оваа анорексичнава што глуми со него не е лоша. Па верувам дека повеќето сте го гледале ама накратко: Џими Тонг е возач на познатиот агент Кларк Девлин, но бидејќи тој доживува сообраќајна несреќа Џими мора да го преземе неговото место.Тој ја прифаќа задачата, и почнува да се претставува како Кларк Девлин, и го добива најсовременото парче на технологија. Тој има задaча да го открие планот на Бенинг, заедно со нeговата партнерка Дел.
Modigliani Филм за живот на Модиљани, ривалството со Пикасо и неговата трагична романса со Жана. Филмот мене лично ми се допадна еден од поубавите филмови кои ги имам гледано. Оценка 9/10. http://www.youtube.com/watch?v=yLan1yncYNk
http://www.imdb.com/media/rm1320401920/tt1527186 „Меланхолија“... Значи поглуп филм немам во живототв гледано. Да ме убиете сега не знам да ви кажам за што се работи, само знам дека луѓето што го напишале мора да биле напушени во тоа време. Новиве филмови како ги вадат се поглупави излегуваат, побрзо би изгледала некој филм од пред 15 години отколку овие од денес...
Интересен, не е вау нешто посебно меѓутоа има добар хумор. Некаде 8.5/10 ... Се случува двоен грабеж во банка, од една страна се глупите криминалци и од друга оние поопасните ... Вработените се заложници ... Но се случуваат разни заплети ама крајот е добар расплет. Ако ве интересира саат и нешто имате и смеење со филмов.
Се мислев дали да го симанам, ама еве штом ти препорачуваш и даваш солидна оценка тогаш го симнувам . Неколку филма на твоја и на препорака на Трендафилка сум гледала и никако нема утки .
Го фатив вчера на Канал5. Филмов го имав гледано еднаш одамна и го сметав за досаден и глупав. Ииии сум погрешила. Многу. Вчера додека го гледав ме остави без зборови. Го гледав во поинаква светлина, не сум го сфатила порано филмот, веројатно и дека го гледав со мајка ми, па умирав од срам поради секс сцените Како и да е, предобар е филмов, прекрасно направен и ако се уште некој го нема гледано го препорачувам