Mary and Max Многу добар анимиран филм ( не е за мали, само за големи деца). Приказна за две индивидуи од различни континенти, отфрлени од општеството, малата Мери и средовечниот Макс. Мери е девојче од Австралија, има многу неразјаснети прашања и во недостаток на пријатели ќе напише писмо на случајна адреса во Њујорк. Писмото го добива Макс, кој страда од Аспербергов синдом и кој има проблем со социјалната интеракција, и тука започнува нивното пријателство преку писма. Филмот нема меѓусебни дијалози, само размислувањата на Мери и Макс, и милозвучниот глас на Раскажувачот. Совршена приказна, совршено осмислени ликови, филм кој истовремено ќе ве насмее и растажи, но филм во кој беспрекорно ќе уживате. http://www.imdb.com/title/tt0978762/
Јас сум голем филмоман можам да ви препорачувам некои филмчиња повремено. Вчера гледав еден добар филм, акција, крајм и мистери како што е класифициран филмот на ИМДБ. Се вика Shooter (филм од 2007 год.) , еве кратка рецензија од мене. Spoiler Најдобар снајперист во војската се повлекува (оди во пензија). Од министерството за одбрана на САД го најмуваат да им каже од која позиција најдобро може да се изврши атентат врз претседателот бидејќи се сомневаат некој сака да го убие. Снајперистот оди во 3 различни градови каде што истражува за најдобри локации од мои може да се пука со снајпер во претседателот. И така доаѓа денот за говорот на претседателот... некој пука во него (а не е овој што е најмен), а истовремено луѓето од министерството пукаат со цел да го убијат снајперистот и на него да му го подметнат атентатот... значи го искористиле само за да го наместат дека тој е виновен а не... целата збрка настанува со тоа што не успеваат да го убиваат, само го рануваат, тој успева да им избега и од тука почнува вистинската акција... тој ја сфаќа измамата и тргнува да им се одмаздува... оди до крај додека не го исчисти името и не ги убие сите валкани луѓе во оваа игра. Толку, премногу открив хехе!!! Еве и линк за повеќе инфо: http://www.imdb.com/title/tt0822854/ Имам и еден куп интересни филмови предлози, па ако некој/а побара ќе му/и кажам. Само е доволно да ми каже каков жанр на филм сака и го има името на филмот.
Го имам гледано мал милион пати, ама кога синоќа го начекав на телевизија пак седнав да го изгледам. Старо, интересно филмче за опуштање. Лесна комедија за љубовен пар кој се справува со својата комшика, досадна и неподнослива старица
Born To Race http://www.imdb.com/title/tt1781781/ зНачи не ми се верува колку тоа воопшто не се потрудиле да се оргинални !!! искрено можеле да кажат филмов мораше да се вика вака пошто е исти со Брзи и Бесни мислам крадевме финти од таму !!! НО лике на филмов воопшто 1/10 моја оценка
Кој сака да слуша неврзани муабети за машко - женските односи нека го гледа. Не е лош има што да се слушне, не е нешто возбудлив или но стоп акција ... онака опуштен. Поентата е да се дознаат одговори на некои прашања од светов на овие односи.
Surveillance (200 Crime | Drama | Mystery Првите 60 минути тапа, ништо да те заинтересира, ништо да те изненади ниту да те збуни...Ама последните 30сетина мин пресврт-циркузи, ме изненади и ме насмеа, стварно не го очекував крајот Фатена работа!
Honey 2 - Одличен филм за мотивација! Приказна за девојка од поправен дом, која навистина е моќна. Плус, има одлична игра. Оценка 8/10
Labor Pains - 2009 10/10 Романтична комедија. Обожавам вакви филмови. Едвај чекав да го гледам, имав некое претчувство дека ќе биде убав филм Се работи за девојка која ја издржува сестра. Одеднаш шефот ќе сака да ја истера од работа. За да не се случи тоа смислува огромна лага на која мисли дека ќе и дојде крајот после 5-6 дена, но таа станува се поголема и поголема и Линдси почнува да се соживува со лагата. Почна да се "лаже" и самата себе. На момент веруваше во својата лага. Го препорачувам на сите љубители на вакви филмови.
The Messengers (2007) 90 min - Drama | Horror | Thriller не е лош како што мислев дека ќе биде. http://www.imdb.com/title/tt0425430/
Zodiac (2007) 157 min - Crime | Drama | History http://www.imdb.com/title/tt0443706/ Закон филм кој трае 2 и пол саата. Гаранција за убаво искористено време. До последниот момент ќе нагаѓате who's the killer.
Mr. Popper's Penguins Од филмот неможе да се очекува некоја јака приказна, веќе типично американски, таткото се разведува, нема време за децата, ама подоцна ќе сфати дека ги сака и на крај сите среќно си живее, НО... Но и покрај оваа во овој филм има 6 пингвина кои ќе ве насмеат , па така филмот ви станува убав и пријатен за гледање. Кога и ќе видите дека Џим Кери глуми во главна улога, тогаш смеењето ви е загарантирано. Епа ако сакате убаво, лесно филмче ви го препорачувам. Да напоменам дека подобро е овој филм да се гледа со друштво или фамилија, со пуканки во раце и сите прд ТВ .
Up http://www.imdb.com/title/tt1049413/ Таков ми е периодот и можеби на тоа се должи, ама јас на цртанов си плачев од почеток до крај. А го пуштив за да ме разведри, демек анимиран филм. Убаво е филмчето, само не го препорачувам кога сте во некое шкљ расположение. Spoiler Единствено се изнасмеав на сцената кога се тепаа двајцата старци и им крцкаа коските. А пред некој ден го гледав Despicable Me (конечно). http://www.imdb.com/title/tt1323594/ Ееее ова е веќе лајт цртанче кое го направи тоа што требаше - ме расположи. И морам да препорачам и јас, иако сум го гледала пред доста време Ова е навистина одличен анимиран филм за 10. Малку меланхоличен, но за анимација е неверојатно моќно нешто.
Man of the Year многу добар филм, со Робин Вилијамс во главната улога кој станува претседател на САД по грешка Интересен, смешен филм, одлична глума, оцена 7,5/10 http://www.imdb.com/title/tt0483726/
Bad Teacher Приказнава на филмов без врска и досадна. Од комедијата ни блиско смешно. Камерон сум ја видела во подобри улоги, а Џастин Тимберлеик поретардирано никогаш не изгледал. Се на се ништо посебно и безвезе. Се гледа дека сакале нешто да направат ама.....
Мислам дека посоодветно е тука да го поставам прашањево одколку во СДП.Значи филмов сакам да одам да го гледам во кино и ми изгледа интересен на трајлерот,па ако го гледал некој да ми казе каков e..
Population 436 (Video 2006) Drama | Horror | Mystery Како прво ни Х од хорор нема во филмов Просечен, предвидлив филм...Еден типац оди во едно градче полно со лудаци да направи попис на граѓаните и открива дека секоја година запишано е дека има 436 граѓани... http://www.imdb.com/video/screenplay/vi729874713/
Инаку прееска го гледав Тaken Е од ова филмче навистина очекував многу повеќе. Интересен е за гледање, ама разработува тематика која е веќе видена. Некоја комбинација од Умри машки и Трафик, ама далеку далеку зад нив. Се работи за поранешен шпион, агент што ли беше не знам баш, на кого му ја кидапираат ќерката и сега тој сам против сите (Албанска мафија) оди да ја спаси. Има добри акциони сцени, ама барем во Умри машки Брус Вилис јадеше ќотек и крвареше, а тука татково само на крајот го повредија. Spoiler Се разочарав и од сцената на крај на бродот....зошто, ама зошто главниот мора да биде дебел, мрсен тип, и баш од сите девојки кои беа на бродот истиот ја грабна баш ќерка му .