Despicable Me Најубавиот цртан филм што сум го гледала Spoiler Се работи за Гру, криминалец, кој се спрема да ја украде Месечината. Тој ги посвојува трите девојчиња кои се хиперактивни и многу слатки - со цел да му помогнат во планот. Watch the film ! It's beautiful Agnes е срценце http://www.youtube.com/watch?v=ooUNdEc1HZM
Marley and me the puppy years Spoiler Се работи за натпревар со кучиња и едно дете ќе требада го тренира кучето на роднините зашто го чува.не ме бива за раскажување. Оценка 7/10 Срце ми е Марли
"Final destination"5 Филмот е лудница,кој не го гледал веднаш да го земе и да го гледа,супер ефекти има-се зборува за еден дечко кој има мок да ја гледа иднината така што ке ја предвиди смртта и ке се спаси,амаааа смртта не сака никој да ја пресретне затоа-КАДЕ И ДА СТЕ И ШТО И ДА ЗНАЕТЕ ОДНАПРЕД ТАА КЕ ВЕ ПРЕСРЕТНЕ
Од мене нема добра оцена. Spoiler Се надевав дека на крај мајката ќе биде Ејприл. Многу ме разочара, до тој момент филмот некако се уште ми имаше душа, потоа..
OMG Don't be afraid of the dark. Spoiler се зборува за едно девојче мало кое се сели со татко и и неговата нова жена во нова кука во која предходно сопственикот исчезнал без трага. Во новата кука има некои пријателчиња и што се случува понатаму видете. За љубителите на лесен хорор го препорачувам 8/10.
Up Многу убав филм. Spoiler Се работи за еден старец , кој со помош на 1000 балони , оди на местото каде што сакал да биде кога бил млад.Со него е и едно момче што собира беџови заради различни дела. Добри дела Spoiler Spoiler Spoiler Spoiler Spoiler Spoiler Spoiler
THE SMURFS Лесна лимунада... многу ми се слатки штрумфчињата Живеејќи мирно во својот волшебен свет еден ден лошиот волшебник Гаргамел ги наоѓа и бркајќи ги да ги фати тие заглавуваат во нашиот свет по вина на едно трапаво штрумфче . Така тие наеднаш се наоѓаат во средината на Централ Парк,Њу Јорк . Едно семејство што чекаат бебе ги прифаќаат да останат дур не пронајдат начин да се вратат во своето мирно село пред да ги фати лошиот Гаргамел. Доста комични ситуации има што ќе предизвикаат насмевка на вашето лице. Препорачувам
PRINCE OF PERSIA: The Sands of Time Авантура во вистинска смисла на зборот. Ако ви се допаѓале Индијана Џонс на времето, ќе ви се допадне и овој филм, со тоа што технологијата е далеку пософистицирана и приказната не е лоша воопшто. Имајте на ум дека филмот е правен според игрицата и не очекувајте чудо, само час и 50 минутки убаво поминато време. Многу добри ефекти, возбуда од прва до последна минутка. Ако ништо друго, овој Џејк Гиленхал е мелем за очиња. Каков маж. И девојката е многу убава, this poster doesn't make her justice 7/10
Monte Carlo Потпросечен филм, кој иако се води како комедија, нема ништо од комедија. Уствари може и да има, ама за деца под 12 години. Приказната веќе видена, ама во подобри изданија. Станува збор за три девојки кои одат на патување во Париз, таму ја испуштаат турата со која дошле и случајно се среќаваат со девојка која е многу богата, а физички многу слична со едната од нив. И така и го крадат идентитетот и одат во Монте Карло... Во Монте Карло девојките влегуваат во три различни индивидуални љубовни приказни, а секоја љубовна приказна подосадна и побесмислена од претходната. Единствено нешто убаво во филмот беа местата - Париз и Монте Карло. Све остало тапа Оцена од мене 4/10
No Country for Old Men (2007) 122 min - Crime | Drama | Thriller http://www.imdb.com/title/tt0477348/ Spoiler Топ филмче. Започнува нешто во стил на drug deal gone bad и доаѓа главниот лик во филмот гледа сите луѓе мртви, кој лежи на земја кој во автомобил со куршум во главата итн. И така разгледувајќи ја околината и чудејќи се што настанало, наоѓа 2 милиони $ in cash baby. Негативецот во овој филм знае за парите и тргнува во потрага по човекот што ги има парите, а овој пак оди од хотел до мотел итн. со цел да избегне и да ги спаси 2-те милиони долари. Гледајте и ќе видите на крај кој ќе се збогати за 2 million dollars.
X-Men: First Class... на луѓето што ги сакаат екранизираните стрипови X-Men, ептен им го препорачувам... мене барем претерано ми се допаѓа... младите момци изненадија....
DEJA VU!!!! Знам, знам, 'малку' каснам со филмот, но битно сега го изгледав и сум Нема потреба од кратка рецензија, сигурно сите го имате гледано, и сте биле сведоци на добар трилер-акција, со прекрасниот Дензел Вашингтон. Презадволна сум од глумата на Дензел и воедно од сите глумци, сценариото е поразлично од другите филмови кои ги гледам во последно време, и предобро ми дојде оваа промена. Што друго може да посакам пред спиење после овој добар филм. Добра ноќ.
Trust Филмов многу одговара на денешново време! Spoiler Ени ќе се допишува со некое момче преку интернет кое ја лаже дека има 16 години.Потоа и вика дека има 20год и на крај дека има 25, а всушност тој има 35 години.Кога ќе се сретнат...ГЛЕДАЈТЕ ГО!!
The Caller Spoiler -Доста заплеткан филм во кој една штотуку доселена жена нонстоп добива повици од друга жена која наводно го бара својот маж. Сплетките почнуваат кога ќе открие дека се тоа се случило години порано и дека всушност со дел од луѓето што се сретнува се мртви...
Џ.Робертс(Кетрин) е модерна професорка по историја на уметност во конзервативен женски колеџ.Единствена цел на интелигентните студентки е да се омажат и со тоа го задушуваат својот потенцијал и амбиции, нешто што Кетрин сака да го промени Шпански филм, добитник на Оскар. Бенџамин е пензиониран правен советник кој пишува книга за случај додека работел-силување и убиство на една жена и што направил нејзиниот маж потоа.
Мерил Стрип бе луѓе Мерил Стрип!!! На женава музеј да и направат малку ќе биде. Како и останатите феноменален филм. Вистинска приказна за тоа како едноставни работи како готвењето ги поврзуваат луѓето, како е важно да го правиш тоа што го сакаш, како е да бидеш висока жена меѓу милион ниски Французинки. Од мене филмов има 10/10. За приказната, за неверојатната глума, за се. Два часа одлично потрошени. Топло препорачувам.
Убаво филмче. Приказната едноставна ... ќе ве разнежни и ќе ве стопи, како и да е нема да ве остави рамнодушни буди емоции. цело време го гледав со блага насмевка ... Сепак на моменти посебно крајот е тажна. Препорачувам. Постар човек(старец), инцидентно запознава постара жена која го кани на состанок ... Но дали е тоа вистинската приказна или се крие нешто друго позади гледајте го филмов.
Swimming Pool (2003) 102 min - Crime | Drama | Mystery многу убав филм. бавен. дејствието се одвива така полека и лесно некако, а сепак не е досадно. прекрасна фотографија. пејсажи на Франција. филм баш по мој вкус. 10/10 http://www.imdb.com/title/tt0324133/