Мајло, дете на отприлика десетина години, ќе замине на Марс во потрага по неговата мајка која е киднапирана од Марсовците. Следат неговите авантури на црвената планета во обид да ја спаси неговата мајка за заедно да се вратат дома. Знам дека звучи смотано, ама филмот е интересен и има стварно добра графика.
Конечно да го изгледам Friends with benefits и искрено,ми се допадна.Читав повеќе негативни коментари за филмот и некако бев подготвена на нешто очајно но далеку е од тоа.Секако дека приказната е веќе видена и е сличен на No strings attached но некако ми беше интересен а и глумата беше многу природна.Џастин во Bad teacher ме разочара но овде премногу ми се допадна,и Мила исто беше многу смешна и симпатична. 8/10 Препорачувам за оние кои што сакат да гледат интересно филмче за опуштање. Spoiler
The Next Three Days wow, навистина wow... Eден од подобрите филмови што сум ги гледала во последно време. Драма, романса, акција, неизвесност...преубав филм...филм во кој ќе се запрашате до каде може да оди љубовта. Spoiler Сопругата не еден професор Џон (Расел Кроу) е обвинета за убиство на својата шефица и е осудена на доживотен затвор. Откако Џон ќе увиди дека после 5 год. борба со судот сите докази укажуваат дека таа е виновна, верувајќи дека сопругата не го извршила убиството, нема друг избор освен да го планира нејзиното бегство. Дали е виновна, дали е неоправдано осудена, дали ќе избегаат....погледнете
Троја http://www.imdb.com/title/tt0332452/ Значи прекрасен филм, од приказна, до ефекти, до сценографија, до актери, се бе. Се чудам како не сум го изгледала порано, од 2004 е излезен, јас во петокот го гледав.
The Tortured (2010) 79 min - Horror | Thriller http://www.youtube.com/watch?v=SFBLH3sZ ... re=related додека го гледав филмов бев , на крај бев главна улога градинарот од очајни домаќинки, ако тоа му значи на некој нешто директорот е истиот од Пила (SAW). се работи за млад брачен пар на кои што им го киднапираат и убиваат 6 годишниот син, па овие го фаќаат и му приредуваат шоу благо кажано. е сеа што е финтата мора да го гледате за да откриете. препорачувам. http://www.imdb.com/title/tt1017464/
Ghajini. Интересно индиско филмче со голема тензија до самиот крај! Значи не е типичен индиски филм,сосема поразличен мене ми се допадна.Трае прилично долго 3 часа,ама не ни осетив кога поминаа. Spoiler На кратко се работи за бизнисмен на кој ке му ја убијат девојката пред неговите очи и тој ке се здобие со повреда на главата при што ке добие амнезија.Понекогаш му се врака секавањето на 15 минути.Бидејки постојано заборава ке го истетовира целото тело со имињата на сите оние кои треба да ги убие,односно оние поради кои умре девојка му. Глумецот убав,ама девојката.. перфекција. Spoiler
Midnight in Paris Филмот е нешто феноменално. Типичен филм на Вуди Ален со мнооогу дијалог, прекрасна фотографија а бе мислиш навистина си во Париз. Париз во мугрите, Париз наутро, Париз претпладе, Париз попладне, Париз навечер, Париз на полноќ. Ах, немам зборови.
Case 39 Хорор, ама не е толку страшен, воопшто не е страшен, може малку морничав и мистериозен. Оценка 7/10 Spoiler Се работи за социјална работничка (Рене Зелвегер) која го добива Случајот39, девојчето наводно е злоупотребувано од страна на родителите.... Но, зад невиното, мило и исплашено лице на Лилит се крие нешто...
Air force one од 1997 година Обично одбегнувам акции и трилери, ама дечко ми го загледа овој, па од пуста досада морав и јас да го гледам. И само ми се потврди она поради кое што одбегнувам вакви филмови, а тоа е супер херои во стилот на Чак Норис, нереални ситуации, испукување на милион куршуми, а никако да се погоди главниот лик и такви слични ствари. Тематиката на филмот е добра, содржината веќе видена, ама можеле да го направат барем за нијанса пореален, вака Имено станува збор за американскиот претседател чиј авион е заземен од терористи. И да, сигурно погодувате, терористите се руси . Баш како и во секој амерички филм американците се добрите момчиња и херои, а русите се терористи и фанатици. Оцена од мене 5/10
Многу добар филм! Цело време сте во неизвесност, секоја секунда го задржува вашето внимание. Препорачувам :up: Spoiler Ана изненадно станува сведок но и жртва на сериски убиец, кој прво заведува. па убива и силува ... При нападот Ана задобива тешки удари но за среќа ќе се спаси. Само што последицата е ја губи способноста да ги препознава вистинските лица на луѓето ... Што се случува во филмот погледнете, нема да зажалите.
Sweeney Todd: The Demon Barber of Fleet Street Одмазда, убиства, канибализам, неизвесност, музика, Џони Деп, Хелена Бонам Картер и Алан Рикман во пакет, го прават филмов прекрасен. Преработка на хит мјузиклот од Бродвеј, мене баш ми се допадна, а песните уффф зараза се Оцена 9/10 Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=L_hgrfZVlJA И за крај , How about a shave??
Water for Elephants Кој ќе каже дека Роберт Патинсон немал поим од глума, страшно се излажал. Дечкото глуми многу солидно. Базирано врз истоимената книга од Сара Груен, ова е филм кој ќе ви ги стопли срцата и ќе ве исполни со љубов. Секој кој ги сака животните и циркусот нека го погледне филмот и нема да остане разочаран. Риз Витерспун беше слаба во улогата. Од неа останав благо разочарана. Не почувствував хемија помеѓу актерите, можеле да најдат подобра девојка за улогата на Марлена. Но, затоа негативецот го погодиле до сржта. Предобро одглумено. Christoph Waltz е мојот најнов омилен негативец. Како би го личел еден наци-филм, мх мх. Приказната е убава и топла, а реализацијата успешна. Не верувам дека е доволно добар колку книгата (затоа што ниту еден филм е), но сосем заслужено 7/10
Unbreakable со Брус Вилис по 29347493 пат! 10/10 обично не гледам ваков тип на филмови, но овај едноставно ме освои. одлична глума, совршена приказна.. Spoiler Брус Вилис ја има улогата на човек кој никогаш не бил повреден, дури и преживува во железничка несреќа во која сите други се мртви.. Од друга страна, неговата спротивност е човек чии коски се премногу кршливи. го викаат г.Стакло, затоа што неговите коски и се кршат како стакло.. Што следува од овој спој, останува да видите.. Вредеше за секоја минута... http://www.imdb.com/title/tt0217869/
tres metros sobre el cielo (италијанската верзија)...веќе познатиот филм Се уверив колку многу добар филм е покрај сите пофалби 10/10
Убаво филмче , совршена комбинација на глумците. Романтична комедија, за оние емотивните спремете си палома
Le chocolat Убава топла приказна за чоколадото, која се одвива во едно закоравено француско селце. Предрасуди... Љубов... Препорачувам!
Па нели му беше заслужен оскарот за нацистот во Inglourious Basterds? ОДЛИЧЕН е! Штотуку го догледав Midnight In Paris На самиот почеток да признаам, Вуди Ален никогаш не ми бил најомилениот режисер, но некои негови филмови ги сакам. Овој на мое големо изненадување беше волшебен! Навистина. Не знам дали е заради Париз, заради тоа како прекрасно филмов го опишува Париз онака како што јас сум го доживеала како град и совршено се вклопи во она што токму јас би го кажала за градов или веќе сум го кажала илјадници пати и напишала на форумов , или пак заради фактот што речиси рипнав од столче кога видов каде залута главниот лик. Spoiler Ако сте луди по изгубената генерација, по луѓе како Хемингвеј, Стајн, Фицџералд, Елиот или Пикасо - ќе сфатите зошто. А ако ја обожавате A Moveable Feast од Хемингвеј - ќе рипнете од столче уште повеќе. Магично е да се пие винце со сите овие личности на едно место нели? Јас на местото на типов, ќе си подмочнев, па да не претерам едно 10 пати ако не и повеќе Типични Вуди Аленовски дијалози кои за чудо овој пат не ми пречеа. Ми пречеше девојката на Гајл - Инез, снобизам и незадоволство на купче. А тој толку поинаков и толку романтичен што дури ни дождот во Париз не му пречеше. Лајтмотив на филмот? Да. Можеби на крајот ќе се фатите себеси како размислувате заради една основна работа - дали сум премногу незадоволна и аздисувам, или ако го сменам само уште ова, дали ќе прекинам да бидам незадоволна? Ве оставам да го погледнете, а јас од се срце ви го препорачувам. Совршено избрани звучни имиња како Owen Wilson (за кој си мислев дека знае да глуми само во глупави американски комедии - ups, my bad), Kathy Bates, Adrien Brody (одличен како Дали), Marion Cotillard.... Уметност, литература, суреализам, дадаизам, импресионизам, псеудоинтелектуалци и симпатични писатели, мирисот на антиквитетите и старите книги од кај букинистите, историја, атмосфера. ПАРИЗ. Се на едно купче во еден град. И да, ако не сте биле во Париз, после филмов ќе отидете. А ако сте биле - ќе го доживеете повторно...for Paris, IS a moveable feast
State of Play (2009) Crime | Drama | Mystery Супер филмче, супер актери освен Бен Афлек, човекот едноставно многу глупсонска, дебилна фаца ми има Нема воопшто да раскажувам за што се работи само ќе го препорачам