Многу убав филм Мел Гибсон е таксист кој е опседнат со теории на заговор за секакви работи.Но, за една од нив е и во право и станува мета на опасни луѓе.Единствено има доверба во Џ.Робертс која работи за владата
Spoiler During experiments to find a cure for Alzheimer's disease, a genetically-enhanced chimpanzee uses its greater intelligence to lead other apes to freedom.
Martyrs (2008) 99 min - Drama | Horror | Thriller грозно, грозно, да погрозно не може да биде. заедно со српски и грчки филм се убедливо во топ 3. само од Европа може да искочи вакво нешто. филмов е правен за садисти. друго нема. па уште и награди има зимано http://www.imdb.com/title/tt1029234/
Рене ме натераа да го гледам,комедија е,српски филм,искрено многу досаден и глуп ми беше,не за друго,несакам ич такви филмови,и само некое време го гледав,нешто слично е на Панкот не е мртов(језда овој филм го сакам хаха),само што тука нема скинери и такви работи
THE FOUR FEATHERS http://www.imdb.com/title/tt0240510/ Одличен филм со Heath Ledger и Kate Hudson во главните улоги. 9/10 :up: Се работи за британски офицер кој пред да замине неговата чета во борба против бунтовниците се откажува од својата должност. Сфаќајки го неговиот чин како кукавички, неговите пријатели и свршеница му даваат четири бели пердуви - симбол на кукавиштво. Но, како ќе постапи тој...
Трансформери,не по мој избор,ама по изборот на согледачот го догледавме мушки до крај,иако зевавме и превртувавме очи! Мислам,залудно ми е да давам рецензија на вакво труло,глупо,бедно и не знам веќе какво дело... Како може на некој воопшто да му се допаѓа?! Зошто изгубив време и се налапав пуканки,зошто?!
Ете затоа јас овој филм вешто го избегнувам. И јас не знам како може на некој да му се допаѓа, ама им се, а еден од тие е и мојата посилна половина . Човекот обожава вакви филмови, едвај чекаше да излезе . А згора на се, филмот има страшна зарaботка . Али ефектите се во прашaње нели де. Вкус, тоа ќе да е. Некој го сакаат, некој не.
Bad teacher со Камерон Дијаз и Џастин Тимберлејк. ОМГ, не знам зошто го гледав. Тупав филм, многу. Ќе ве позанимава саатипол, и толку.
Kites (Змејови) Индиско-шпанска мешавина на љубов, солзи, смеа и пари. Се работи за маж и жена на кои после бракот за пасош, ќе им се вкрстат животите во потрагата по пари. Добро филмче.
Midnight in Paris Вуди Ален и кажано е (скоро) се'. Мене лично не ме треснаа од земја Vicky Cristina Barcelona и You Will Meet a Tall Dark Stranger, последните два негови што ги гледав, ама овој е прилично добар. Прво го видов постерот, ми се виде како Роберт Редфорд ама после увидов дека е кривото носле Овен Вилсон. Нема врска, тука е поднослив. Многу познати глумци на куп, писател кој е во Париз со неговата свршеница и кој очајно сака да остане во градот за да ја вкусува секојдневно неговата магија. Spoiler Магија навистина и ќе се случи, кога една вечер шетајќи сам низ Париз, точно на полноќ го собира такси кое го носи во времето на 20-тите години од минатиот век, каде што ужива во друштвото на Хемингвеј, Фицџералд, Фолкнер, Пикасо... но вистинско изненадување за мене беше Адријен Броди. Маестрално одглумено, погледнете и ќе видите чија улога ја толкува. Филм за создавањето на едно дело, за неискрена љубов и за онаа која може да ја пронајдете на најнеочекуваните места. Самооткривање, храброст и одлучност. Филм со порака - колку и да е убаво и инспиративно минатото, најубаво е да се живее во сегашниот миг. Филм кој пред се' друго е мошне забавен. p.s. Сите не-обожаватели на Вуди Ален слободно нека го прескокнат. 8/10
На почетокот мислев дека филмот е досаден, но се излажав. Интересен е, и тоа многу. Добра приказна, добар кастинг. Одлична реализација. И солиден хумор. Оценка 7\10 Препорачувам!
The Black Dahlia (2006) 121 min - Crime | Drama | Mystery спор, на моменти досаден, ама пак некако убав филм. со многу јака актерска екипа, која можела малку поубаво да се искористи, некако филмов не вреди баш за 2 саати, ама тоа е што е. http://www.imdb.com/title/tt0387877/
LARRY CROWNE Larry Crowne, во своите доцни 40ти години ке биде отпуштен од работа под изговор дека неможе да напредува повеке на работното место, поради недостаток на образование. Ке се запише на колеџ, каде ке запознае нови пријатели. Станува збор за човек кој се вљубува во својата професорка, но гледано подлабоко, јас прочитав повеке скриени пораки: како да застанеш на нозе после паѓање; никогаш не е доцна; знаењето е моќ (ова преземено до Грујо и понатака тврдам дека е најпаметната работа што ја има кажано); биди џентлмен; не биди роб на стварите итн. Лесна драма / романтична комедија со Tom Hanks и Julia Roberts во главните улоги :up:
Трансформерс филмовите се добри само заради прејаките ефекти. Не може да се очекува приказна, за приказната се читаат стриповите. Ама од својот жанр, филмовите се едни од најдобрите.
Не знам како се вика, веројатно нема ни име филмов... уште трае. Документарец на МТВ1, за војната во 2001, за политичките игри, на соседите, на Европа... прилично интересно. Во последно време се почесто налетувам на некои документарци во режија на МТВ1. Ме изненадуваат, позитивно се разбира. А и доста објективно се зборува, од двете страни ги гледаат работите. Ако имате време, пуштете МТВ1, не е губење време, дефинитивно.
Lions for Lambs (2007) 92 min - Drama | Thriller | War политичко филмче кое ќе ве замисли. http://www.imdb.com/title/tt0891527/
RED STATE Да не ве лаже овој постер. Ужасен е преблаг збор за ова чудо (нема да го наречам филм, не заслужува таков епитет). Тројца другари тргнуваат на секс средба со една жена, само за да западнат во канџите на чукната верска заедница која има насобрано бајаги гнев против хомосексуалците. Почнува типично тинејџерски - очекувате едно. После 20 минути, дејствието се развива во друга насока. Следат 5 минути ШОК и неверување (и зрнце надеж, си помислувате - леле филмов, колку е само ТОП!) Следи 20 минутен монолог од страна на водачот на верската заедница кој нема една реченица за паметење или релевантна на било каков начин, со филмот или животот. Тотално непотребно. Па трета насока на развивање на филмот. Па антитерористичка единица на полицијата, многу пукање, blood bath. Па крајот, па тоа зборови да не може човек да изнајде. Не знам од кај му е таа висока оценка, не сфаќам што сакаше да каже поетот, а и од тоа малку што го сконтав - не е доволно вредно да се направи саат и 28 минути СРАЊЕ ВО БОЈА! 0.5/10
Одлична концепција и идеја. Самиот филм уште почетокот ме зграби и ме држеше во тензија се’ до крајот. Мислам дека замислата успеале да ја фатат, квалитетно изреализирана. Содржината е посебна и несекојдневна, и многу ми се допаднаа мноштвото перипетии во филмот. Сакам такви испревртени филмови, ама испревртени со квалитет. Не само безврска натрупани настани и ликови. Од една страна поучен, дечкото навистина се гледа самиот во исто време во иднината, но под различни околности - ако има работа и пари, ќе ја нема девојката, љубовта на неговиот живот и обратно. Што да одбере? И на крајот кога очекуваме дека вратен во токму точниот момент во времето ќе ја поправи целата ситуација - тој ја усерува - мх, типично машко. Spoiler И филмов уствари завршува со смрт на главниот лик - тоа е нешто што најмногу го мразам во фимовите, ама сепак, крајот пак ме освои и ме изненади - неговото детенце ја има истата моќ, и можеби ќе го врати! Едвај чекам трет дел!
Се мислев дали да го ставам како гледан,оти си чракав на телефонот на повеќе сцени од кои ми се приспиваше. The Caller Филмот би требало да биде хорор/трилер но подосадно нешто одамна немав гледано.Цело време чекав да се случи нешто возбудливо и страшно,а целиот филм помина како на оваа женската по телефон и се јавува некоја непозната женска особа и се тоа па тоа и збори. Spoiler Демек имаше претпоставки дека и се јавува од минатото,па на крај изгледа навистина така испадна или можеби не? .Не знам загубив интерес за филмот после еден саат талкање во место. Немој некој да се осмелил да го гледа оти ќе си потроши драгоцен час ипол од неговиот живот за џабе 1/10.
Once brothers- филм за Владе Дивац и Дражен Петровиќ. Нивниот пат до НБА, нивните успеси и падови, нивната караница заради војната во Југославија... Многу ми се допадна документарецов. Наратор е Владе цело време, има сцени од 90тите години, а и од сега. Го препорачувам на сите. Една многу тажна приказна за пријателството и животот. Оценка 9/10