Последно нешто што гледав е Flypaper со Patrick Dempsey и Ashley Judd, во главните улоги. Интересна комедија. Дејството се одвива во една банка, каде што доаѓаат две криминални групи да извршат грабеж, во исто време, па се случуваат различни комични ситуации. Еве trailer, па кој сака нека го погледне. Мене лично ми се допаѓаше Позз! http://www.youtube.com/watch?v=GJjb_tfaP9c
Бизарно симпатично филмче ... блесаво депресивно - комично. Анимација за возрасни. Е нешто што може е ок од филмов е дека носи пораки. Не е на одмет кој сака, да го погледне. Само нека не очекува висок просек. Девојче по име Мери од Австралија немајќи пријатели, во потрага по пријател се одлучува по случаен избор да пише писмо на некој непознат во Америка ... Тоа е Макс Хоровиц од Њу Јорк, човек со психолошки проблеми (тешка анксиозна состојба) ... Што понатаму се случува откријте
Lovely, still Spoiler Една многу убава приказна за еден човек кој го загубил памтењето,неговата жена ќе му помогне да му се врати сеќавањето видете на кој начин. Оценка 8/10 Ах љубов
Не е баш последен,ама меѓу последните е - „ Три метри над небото “ ( " Tres metros sobre el cielo "). Главни улоги Mario Casas (мммх !! ) и María Valverde . Мене лично ми се допадна многу,ме расплака многу и за жал не заврши со happy end.Ама сега имаше нa нет дека кај и да е ќе има и 2ро продолжение и едвај чекам !
DESERT FLOWER http://www.imdb.com/title/tt1054580/ Многу добар филм! Реален, суров, вистински. 9/10 :up: „The extraordinary true story of the woman who crossed a desert and changed the world. “ Базирано е врз вистинска приказна, за Сомалија, нивните обичаи и низ што се поминуваат девојките од Сомалија. Конкретно се работи за автобиографска приказна за една девојка која е обрежена на 3 години, продадена за брак на 13 години, нејзиното бегство и пат од пустината па се до нејзиното станување на врвен модел и нејзиниот говор пред ОН.
Поим за добар филм? FROZEN. Не трепнав од почеток до крај. Предобра приказна, предобра глума и глумци, дефинитивно вреди да се погледне. Spoiler Се зборува за група од тројца млади, девојка и двајца момци. На зимување се на планина. Една вечер одат на нокно скијање но додека се возат со жичарата несакајки ја исклучуваат и тие остануваат заглавени. Што се случува понатаму погледенете, не го препорачувам на оние кои се гадливи има некои гадни сцени.
Mona Lisa Smile Романтична драма, на IMDb со рејтинг 6.1/10 и сосема коректно јас би рекла. Лефтерно филмче, со Julia Roberts, Kirsten Dunst, Julia Stiles, ништо што ќе те подмрдне од место, меѓутоа за релаксација е ОК. Spoiler Во 1953год. кога улогата на жената е ригидно дефинирана, слободоумна професорка по Историја на уметност Katherine Watson доаѓа на престижниот женски колеџ Wellesley, каде покрај академската репутација, ова е место каде што успехот е вреднуван преку тоа која девојка колку добро ќе се омажи.Watson ја предизвикува админстрацијата и ги инспирира нејзините студентки да погледнат малку подалеку од тоа што таму е популарно верување.
Тројца пријатели одлучуваат да ги убијат своите шефови кога сфаќаат дека тие се причината поради која не се среќни и веројатно никогаш нема да бидат. Јас се изнасмеав слатко на некои сцени, а вниманието ми беше во екранот од почетокот до крајот. Перпорачувам, квалитетно филмче. 8/10
Синојка го гледав филмов и сум доста задоволен. Рене Зелвегер е во главната улога. Таа е социјален работник кој успева да спаси едно девојче од смрт. Потоа таа го посвојува привремено додека не се најдат соодветни родители кои би ја вдомиле. Не работите не изгледаат така како што се. Прилично интересен филм, вреди да се погледне.
Just like heaven: Навистина убав филм. Го имам гледано одамна но сакав пак да го гледам. Интересна романтична комедија.
Joshua (2007) 106 min - Drama | Horror | Thriller ех што убаво филмче. си уживав додека го гледав. http://www.imdb.com/title/tt0808331/
^^ ау не е баш класичен хорор, не знам тебе колку би ти се свиѓал. уствари нема ништо хорорско у него, освен детево што е такво крипи . се работи за типично њујоршко семејство. родители , дете. се раѓа ќеркичка и тука се почиња. малиов е љубоморен дека него не му се обрнува внимание како порано и почнува ... доволно? нема поента цел да го раскажувам.
Labor pains - интересна комедија во која Теа ( Линдзи Лохан) на почетокот се преправа дека е бремена, за на крајот навистина да и се случи тоа. Оценка 6/10
Добар беше се до крајот кога заврши малце безвеза, а јас со фаца (вака ли завршува ова ли е крајот )едно време помсилив дека ќе има втор дел просто од моја страна попросто од нивна .
Frozen :up: Драма | Трилер Е ова е топ филм со реална приказна која пу пу недај боже може да ти се случи. Глумата на сите тројца ликови ќе ве натера просто да сочуствувате и се соживеете со нив. Филмов има навистина некои шокантни и стравотни сцени, језиви за гледањње. Цело време е возбудливо се до самиот крај и што многу ми се допадна кај филмов е што не можеш со сигурност да го предвидиш крајот, ма колку и да си викаш така и така ќе заврши сепак цело време си со исчекување и сомнеж дека можеби не е така. Фантастичен филм кој ви го препорачувам за сите кој не го гледале, а сакат бар на момент да погледнат нешто друго, а да не е лимонатка филм. П.С. Морам да си признаам шо убав беше оној глумецот што скона од жичарата Spoiler Тројца скијачи се заглавуваат на жичара и принудени се да направат избор момеѓу живот или смрт.
The Sentinel (2006) 108 min - Action | Crime | Drama леле какво филмиште! не ни очекував нешто помалце од Michael Douglas и Kiefer Sutherland. Eva Longoria и Kim Basinger мање више. ептен ептен ептен јак! заговор за атентат на претседателот на Америка, прељуба, местенки, осветољубие, има од се по нешто. http://www.imdb.com/title/tt0443632/
African Cats http://www.imdb.com/title/tt1223236/ http://disney.go.com/disneynature/africancats/#story/ Интересен документарец во кој главните улоги се мајка гепард која ги заштитува своите младенчиња, и фамилија на лавови од друга страна. Мајката е големо нешто, и овој филм тоа го потврдува. Без разлика дали е човек или животно, мајката е неверојатно чудо на природата. И морам да признаам дека малку повеќе се лигавев на кадрите со малите гепарди, а и кој не би? Spoiler Му давам 9 само поради тоа што документарците што им даваат лични имиња на животните и го водат дејствието како приказна - не ми се омилени... ме потсети на тринаесеттото прасе Гиле во тој поглед Многу убаво ми го пополна времето. Препорачувам.
Everybody's fine Spoiler После смртта на својата сопруга, Френк се чувствува осамено најмногу затоа што неговите 4 деца живеат далеку и еден ден решава да ги посети на нивно изненадување. Притоа дознава дека нивните животи не се толку совршени како што му ги претставувала неговата сопруга Мене ми се свиѓа, сакам ваков тип на филмови слични на реалноста Оцена 8/10