Revolutionary Road Прекрасен филм кој е сместен во 50 тите години на прошлиот век, кој се занимава со бракот на млад брачен пар со две деца, нивната борба со монотонијата на нивниот живот и со тешкотиите со кој се соочуваат кога им е јасно дека нема никогаш да бидаат тоа што си замислувале дека ќе бидаат кога биле млади, пред да стапаат во брак. Тоа што е Леонардо Дикаприо во филмот само го прави уште попривлечен за гледање
Баш ми се допадна. Онака фино, пријатно, вкусно и сетилно филмче. Нема да пишувам рецензија ... само ќе кажам и да сте и да не сте љубители на готвењето одвојте 2 часа за филмов, ќе ве релаксира и научи на нешто.
Alive Уште кога видов дека Франк Маршал е режисерот, знаев што ме очекува. Базирано на вистинска приказна, проткаено со толку силни моменти што срцето ми стреперуваше. До каде те води желбата за живот... за да преживеат мораат да се хранат од месото од задниците на погинатите и смрзнатите пријатели. Дали си до толку човек да го ризикуваш својот живот само за да не постанеш канибал? Во ситуација кога немаат друг избор...
Денес изгледав два филма со луѓе како продукт на амерканаското тупо општество. 1. Requiem for a dream Филмот има добра замисла, но мене не ми се допаѓаат некои негови ефекти. Приказната е океј. Америка, зависници се од сешто, ќе се извлечеш од една, заглавуваш во друга, лоши родители и деца итн итн... Може и подобро според мене. Колку и психички да ме обзеде филмот, не сум толку запрепастена. 2. Prozac Nation Е ова е нешто друго. Башка што ја има Кристина Ричи, женска што многу ја почитувам, има и неверојатни сцени, одлично изглумени. Се пронајдов малку во ликот на Елизабет и да повторно би го гледала
Arena - Action | Thriller Значи филмот го гледав бидејќи видов дека во него глумат Kellan Lutz и Nina Dobrev...(инаку не сум голем љубител на овој жанр) *малку ме разочара бидејќи Нина Добрев се на се ја имаше првите 5 минути од филмот и толку.. *(премногу крв и тепачки, акција... кој е љубител на вакви филмови и е фан на Samuel L. Jackson може да го погледне) .. *оценка : 7/10 .. Spoiler Откако Дејвид Лорд ќе ја изгуби бремената сопруга во сообраќајна несреќа, разочаран од својот живот се свртува кон пиењето и завршува во гладиjаторска арена во која луѓето се борат за своите животи се со цел да се забавуваат интернет корисниците кои се обложуваат кој ќе победи..
Legally Blondes Лично мене ми се допадна и баш убаво се релаксирав додека го гледав Spoiler Во филмот се работи за две сестри близначки кои се преселуваат од Англија во Калифорнија а со тоа и го менуваат училиштето. Таму се наместени од една нивна "другарка" дека ги прекршуваат правилата за однесување во училиштето. Се обидуваат да го докажат спротивното пред училишниот суд барајќи докази...
L'arnacoeur (Heart Breaker) Главниот лик работи како растурач на врски, заедно со својата сестра и зет. Француска романтична комедија, одлична за опуштање :up:
First Daughter Го имам гледано одамна. Интересно филмче, ми се допадна глумата, иако Кејти на моменти ми беше како потресена, најверојатно не и бил добар момент за глума. Замислата ми се допаѓа, има тежина содржината. Мајкл Даглас како и увек - одлична глума.
Zookeeper Филмов е одлична комедија одама ме нема нешто вака насмеано. Гифин е чувар во зоолошката кој со помош на животните ќе се обиде да ја врати својата поранешна девојка ако ова не ви е потик да го погледнете целиот филм еве ви траилер http://www.youtube.com/watch?v=CtxUxa-u3u8
Everybody's fine - Филм за очекувањата на еден татко од своите деца и вистинската реалност. Семејна приказна, која ми се допадна. Оценка 6.5/10
Вчера го гледав и искрено се насмеав на моменти но сепак не беше таква комедија да ме импресионира и да се валам од смеење.Просечно филмче,би дала 4/10.
Постар филм, Џ.Робертс иако не е мед.сестра се пријавува за работа да чува млад дечко болен од леукемија и полека се заљубуваат еден во друг. Филмов веќе на сите им е познат, само ќе кажам дека уживав додека го гледав
Одлична драма, која те остава да размислуваш за филмот и од кога ќе заврши. Дејствието се одвива во педесетите години на минатиот век на еден тешко пристапен остров на кој е сместена душевна болница за криминалци. Леонардо и овој пат покажува и докажува дека е класа глумец
Истиот го изгледав и јас по 10-ти пат(јас се наоѓам во фаза на манијакално гледање на филмови со Лео) Секој пат кога ќе го изгледам наоѓам нешто ново во филмот, мислам дека Martin Scorsese и Leonardo DiCaprio се match made in heaven и двајцата го извлекуваат најдоброто еден од друг, секој нивни заеднички филм те става во размислување и желба за повторно гледање на филмот.
И јас го изгледав филмчево. Meryl Streep одлична како и секогаш. Аmy Adams ми е толку мила и како создадена ми е за улогата. Убава комедија-драма која ми изнуди неколку насмевки. 2 часа храна, задоволство, релаксација и лиги течење по прекрасните специјалитети, нормално
Цела недела имав филмски маратон и ке ги издвојам само филмовите кои ми оставија впечаток. 1. Despicable me Spoiler прекрасен анимиран филм еден од поубавите нови кои ги имам гледано, Агнес, девојчето ми беше преслатко. Се зборува за еден криминалец Гру кој ке посвои 3 девојчиња за да му помогнат да ја украде месечината. 2. Striptease Spoiler Филм со Деми Мур, добра приказна добра глума и танцување. Се зборува за жена која ке го изгуби старателството над керка и бидејки нема стабилна работа. За да преживее ке почне да работи како стриптизета во еден стриптиз бар и ке стане многу позната и посакувана од сите па и од еден човек кој е многу богат и може да и помогне да си ја врати керката. 3. Case 39 Spoiler Филм со Рене Зелвенгер. Се зборува за социјален работник (Рене) која истражува зошто едни родители се однесуваат лошо со посвоената керка односно зошто сакаат да ја убијат. Таа за да ја заштити ја посвојува... 4. Gothika Spoiler Филм со Хали Бери. Се зборува за Миранда, психијатар во психијатриска клиника која еден ден се буди со изгубена меморија затворена во клиниката каде што работи. Сваќа дека таму е затворена под сомнение дека има проблеми со психата бидејки го убила сопругот, но таа на ништо не се секава. 5. A Christmas Carol Spoiler Анимиран филм со Џим Кери. Се зборува за еден богат скржав старец кој не го сака Божиќ бидејки нешто на тој ден во минатото му се случило. Му се јавуваат духови кои го тераат да свати дека има некој на кому му се потребни неговите пари повеке одколку што му се потребни нему. Интересен во секој случај.
Eдна сопруга е шокирана кога дознава дека маж и загинал в сообраќајна несреќа, а утредента го гледа жив како ништо да не се случило.Интересен филм
Shrek и бебињата...нешо така се викаше. Цртан филм е , ама многу е добар. го има во Водеотека ако некој има Макс ТВ зз. <333