Spoiler Продолжение на злобни девојки 1, до некаде слично на првиот дел, но сепак интересно филмче за гледање,навистина сакам вакви тинејџерски филмови. Оцена 10/10 Spoiler Права комедија, се пресмеав додека го гледав . Оценка 9/10
Stay Cool (2009) Comedy | Drama | Romance Досадна лимонатка, не го ни догледав филмот од што ми беше безврска
Faces in the Crowed Одличен трилер! Се работи за девојка која има проблем при разликување на лица. Зошто, како, не кажувам, бидејќи ќе откријам се, така да го препорачувам да го гледате. Мила е како створена за улогата. Оценка 8/10.
Something Borrowed http://www.youtube.com/watch?v=4qlMqqc7YdE Интересен додека трае,крајот не ми се допадна а и приказната не баш во целост,ама колку за релаксација може да го погледнете. Spoiler Се работи за две другарки,едната се спрема за венчавка,а другата е вљубена во нејзиниот свршеник уште од времето коа студирале заедно,исто и тој во неа,само никогаш не си кажале еден на друг,а кога се случува тоа,се случува и неверство на најдобрата другарка...
LABOR PAINS Ако Линдзи Лохан сметала дека со овој филм ќе направи камбек, гадно се прелажала. Ако го направила за забава и релаксација, ок е. Лохан (Теа) е млада девојка која мора да се грижи за својата помала сестра, затоа што родителите им се погинати во сообраќајка. Од страв да не ја отпуштат од раб. место во моментот измислува лага дека е трудна. Одеднаш се' започнува да се менува во нејзиниот живот... Малку предвидлив и да беше во било која нормална држава, Теа ќе ја сместеа веројатно малку под психијатриски надзор, ама ова е Америка, а таму (скоро) се' има хепиенд. Глумата на Лохан е солидна, штета што така пропадна девојкава. 6/10
Midnight in Paris... http://ia.media-imdb.com/images/M/MV5BM ... 4,317_.jpg Филмчево не ми се допадна, воопшто. Чоеков (Овен Вилсон) и не ми е соодветен за ваква улога, уствари и што улога имаше? Обид за приказна, длабока, демек, како те тера цело време да размислуваш, а всушност цело време очекуваш конечно да се случи нешто, и...не се случува ништо. За мој вкус, лошо. 3/10
Добри глумци, ама некако монотона приказна. Давам 6/10 ... Може некој повеќе би дал ... Брачен пар и ќерка живеат во луксузна куќа ... Николас Кејџ се занимава со проценки на дијаманти и заработува доста пари ... Затоа и се пик на една ограбувачка банда еден ден и после се се случува во куќата ... што и како ако ве интересира погледнете го.
За тие што искакавте за филмов: Врска си немате!!! Јас разбирам дека секогаш првиот дел ќе биде најдобар, ама мислам дека на овој апсолутно ништо не му фалеше. Дури имаше и малку поинтересни цитати и смешки од Алан. Од мене 8/10
Faces in the Crowd (2011) Horror | Thriller мислам дека уште некој тука го имаше спомнато. филмов е релативно добар. и ептен нов, се чудев како го има на толку добра снимка. се работи за жена што доживува несреќа и после тоа има ''face-blindness'', односно не препознава лица. се океј тоа, оригинална е идејата, арно ама заборавиле на еден битен сегмент - глас. ако не по лице барем по глас ќе ги распознаваше. ама нејсе ајде, нема да конкурира за Оскар тоа сигурно, за филмска вечер со пуканчиња и лепо друштво сосем задоволително. http://www.imdb.com/title/tt1536410/
Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет Филмов не е толку впечатлив како глумциве Претставен е нивниот брачен живот исполнет со многу караници и смирувања.Очекував повеќе, но не е и така лош.
и јас го гледав овој интересен беше, повеќе е трилер отколку хорор 7/10 од мене веќе кажа ти да не се надовзува WRONG TURN 4 и овој го гледав, мене ми беше добар, глумата малце беше аматерска, ама после толку крвишта вреди да се гледа група другари ќе го згрешат патот кога ќе одат на зимување, и ќе налетаат на една напуштена болница за душевно болни, а тука се кријат 3 монголоиди кои јадат човечко месо и убиват луѓе овој дел е демек како се почнало, се раскажува за детството на монголоидиве, првите 10 минути 8/10 како љубител на вакви филмови
Bobby (2006) 120 min - Drama | History πреубав. ќе набројам само некои од глумците: Demi Moore, Anthony Hopkins, Laurence Fishburne, Ashton Kutcher, Christian Slater, Sharon Stone, Elijah Wood, Helen Hunt, Lindsay Lohan и многу други. се работи за 1968 година. секој лик е засебно претставен, но нивните приказни се спојуваат на крај. и тоа ноќта кога е убиен сенаторот Кенеди во Ambassador Hotel во Κалифорнија. топло го препорачувам, мене ме потресе некако на некој чуден начин. http://www.imdb.com/title/tt0308055/
Млада девојка пораснува со желбата да стане ладен убиец, откако ќе биде сведок на убиството на нејзините родители како дете во Богота. Таа работи за нејзиниот чичко како убиец, но она што чичко ѝ не го знае е дека таа врз секоја жртва го остава симболот на нејзиниот татко – цвеќето Каталеја и на тој начин се надева дека ќе предизвика паника што ќе ја одведе до нејзината крајна цел – мафијашот кој е одговорен за смртта на нејзините родители… http://kinoteka.mk/?p=2845
Beautiful mind со Расел Кроу.Иако е постар филм ми остави добар впечаток и е доказ до каде мозе да се отиде човековиот ум
DESERT FLOWER преубав филм! правен според вистинска приказна, за девојка од Cомалија,која на 5 години има преживеано FGM, и пребегува во Aнглија на 13 години, бидејќи нејзините сакаат да ја омажат за старо аро, за на крај да стане врвен топ модел ! 10/10
Професор отвора временска капсула закопана во дворот на училиштето на неговиот син, во која има некои загрижувачки предвидувања ... http://kinoteka.mk/?p=2835
Jас онлајн го гледам еве ти линл добра беше сликата само некои делови се на сомалиски јазик, малце е 80% е на англиски по реакцијата и дејствијата ќе сфатиш што зборат http://xtshare.com/humancheck.php?Id=28781 не чекаш ни да се пуни, дирекно си го гледаш онлајн не кочи воопшто малце ќе ти отвара реклами ама ќе исклучиш, во десниот агол горе ќе имаш после некоја секунда CONTINUE TO ZXSHARE ќе кликнеш таму значи не е на првиот линк, туку на тој вториот, самата стана ќе ти посочи горе во десниот агол со сини букви се надевам ме разбра
Jennifer's Body (2009) 102 min - Comedy | Horror и покрај тоа што сите го спамуваа издржав цели две години да не го гледам, и еве сега му дојде редот. првите пола саат се стварно тапа, али после интересен станува. се на се не е лош. ја со моите го гледав. http://www.imdb.com/title/tt1131734/
Julia & Julie Аххххх.. колку само добро ќе заспијам вечерва Топло, пријатно, вкусно филмче кое ќе ви ги размрда сите сетила Посебно за гурманчињата како мене, филмот е РАЈ, РААААЈ!! Дефинитвно препорачувам, дами мои, издвојте 2 часа од вашиот ден и ѕирнете ја прекрасната приказна за две жени кои ја обожаваат храната. Повелете неколку слики од филмот.