И јас го гледав и морам да казам дека 10/10 е малку бравос и за пораката и за се тоа што има постигнато оваа Пустинска роза!!! одличноо и навистина сум бесна за се тоа што се случува на тие млади жени таму!!
Го изгледав. Добар филм. Мене најубав впечаток ми остави музиката ... Прекрасна. Приказната е исто изненадувачка и на моменти е потресна . Некои факти кои не ги знаев, а преку филмов ги дознав ме оставија со под отворена уста и тежина во себе. А глумицата е преубава. Од мене 9/10 ... И го препорачувам
Before and After (1996) 108 min - Drama | Thriller фамилијарна драма од 90-тите со Мерил Стрип и Лијам Нисон кога не беше уште толку познат. мал град, фино место, луксузен дом, перфектно семејство, се навидум совршено се руши во еден момент кога синот е осуден за убиство. целиот филм всушност е приказна која ја раскажува ќерката. http://www.imdb.com/title/tt0115645/
Предобар трилер - акција. Глумата е извонредна, сценариото предобро осмислено, акција со damn hot момци, и расплетот е врвот! Многу ми се допадна, препорачувам.
Midnight in Paris Убав, ми се допадна! Не очекував дека ќе се импресионирам од филмот, но погрешив, филмот ме бендиса. Типичен Вуди Аленски. Имам само единствена забелешка за глумецот. Никако не можам да го прифатам во оваа улога, Owen Wilson ми е лик за комедии, никако лик за писател и уметник. Некако не ми се уклапаше. После овој филм, јас уште повеќе се заљубив во Париз, и знам дека морам да го посетам. Париз наутро, Париз навечер, Париз кога врне дожд!
Го избегавам филмов ради глумецот. Остај што ми е антипатичен, него неможам да ја замислам комбинацијата Вуди Ален/Вилсон. Зарем неможеше некој квалитетен глумец да најде.... Него, јас конечно го гледав Hangover II го немаше целово време на добра снимка, и кој чекал да знае дека го има од пред 2 дена на DVDrip. Обично мразам наслови без рецензии ама мора да рипнам сега. Едноставно нема што да се раскажува и опишува, знаеме што и како е Лудите фаци во нова авантура. I и II ми се единстевните понови комедии на кои паѓам од стол
The Resident Интересен трилер за девојка која се преселува во нов, голем апартман со прекрасен поглед. Го добива за прилично ниска цена,а во зградата живее само со сопствениците на истата. Ќе почнат да се случуваат чудни работи во станот, па таа ќе постави камери за да види што не е во ред. А што ќе види на снимките, тоа сами ќе си видите Филмов е creepy, неколку пати се извадив од памет поготово затоа што го гледав со Volume 100. Некои работи не ми се разјаснија, ама како и да е - му давам оценка 8.
Desert Flower И јас го гледав филмов и се воодушевив прекрасен филм. Потполно се сложувам со тебе.Од мене има 10/10 :up: За тие што го немаат гледано, мора да се погледне дефинитивно. Liya Kebede преубава девојка која била и една од ангелите на Викториа Сикрет.
"Таа се викаше Сара". Прекрасен француски филм за животот на едно 10годишно девојче кое успева дури и да побегне од концентрационен логор само за да го спаси своето помало братче, на кое му вети дека ќе се врати по него откако го заклучи во плакар за да не го земат и него. Дејството се одвива во Париз, јули 1945год. Прекрасен филм и одлична глума. За тие што ќе се одлучите да го гледате, не седнувајте без палома
White chiks http://www.youtube.com/watch?v=mo26inW4jdY Лудила сее и порано го имаф гледано ама не ми текнуваше како се викаше..Па денес го откриф и пак го гледав
Исто и јас го гледав филмов вчера по препорака на феминките. Нема што да се зборува за филмот , највисока оценка ! Само моја препорака да го гледате обавезно .
Еве линк http://zamunda.net/catalogue.php?search ... log=movies Јас баш сега го симнав да го гледам Полна маса солени и благи грицки + капучино + дечко ми = совршена саботна вечер
HERO http://www.imdb.com/title/tt0299977/ Приказна за обидот за атентат над кралот на моќна кинеска провинција што има за цел да ја обедини Кина и да ја направи империја (инспирација е вистинската историја на Кина). Планот на Безимениот (Џет Ли) е да добие дозвола за да се доближи на 100 стапки до кралот, за што треба да убие 3 кинески херои кои се барани поради обид за атентат над истиот крал. Прекрасна приказна за моќ, чест, љубов, цел и жртви потребни за нејзино остварување... Крајот е преемотивен. Има многу симболика во филмов - ветерот, колебањето на свеќите, паѓањето на лисјата, боите на есента, погледите, музиката... секој кадар и секој збор има значење, што го прави малку комплициран за гледање, но не ми е проблем да го гледам уште еднаш за целосно да ги доловам деталите, затоа што навистина уживав во исклучителното чувство за естетика на Кинезите. Ако планирате да го погледнете - ве предупредувам дека ги има оние сцени со борба во летање (иако повеќето од нив се кога прават визуелизација на борбата). Ако не сте љубители на такви филмови, ве предупредувам, да не ме пцуете после. Ако сте љубител на апстрактни филмови, со беспрекорни визуелни ефекти, подлабока филозофија во приказната и оооодлична глума - препорачувам. Актерската екипа е исклучителна, глумата е совршена. Вистинска филмска уметност. Ми остави многу силен впечаток. И еден заклучок - Џет Ли не би требало да го троши својот талент во американски клише филмови.
Resident evil 2 8/10 A Mоментално го глеам на Oбн THE GREAT RAID преубав филм за американски воени заробеници во Jапонија,кои се држени и користени како работна сила повеќе години. Mногу јапонци скришно собираат лекови за да им носат, но, ако војската ги фати ги стрела веднаш! за цело време еден заробен војник (Joseph Fiennes)ќе си праќа писма со една девојка... на крај ќе видите што ќе се случи Hадвор пак, нивните колеги заедно со филипинската армија ќе склучат пакт за нивно спасување работен по вистинска приказна пре пре убав филм, штета што не е многу познат
Crazy, stupid, love Повеќето го имаат гледадно и веќе имаат дадено рецензија, па затоа јас нема да се повторувам. И мене ми се допадна филмот, интересен е, одличен за во пмс . Се шалам, интересен е кога и да го гледате . Ако има уште некој што не го гледал, ви препорачувам да го изгледате.
^^ Го гледав прееска и не е лош, за релакс е ок. Сега го гледав Исто фино филмче за опуштање. Женски филм ... 8/10 Се работи за жена која е сопруга, мајка, кариеристка и за начинот на кој успева да да балансира помеѓу сите овие нејзини животни улоги. Сара Џесика е одлична во вакви рољи.