The Bad Lieutenant: Port of Call - New Orleans (2009) 122 min - Crime | Drama хахаха леле каков луд филм! Николас Кејџ е прљав полицаец, а Ева Мендес ја ставиле само да се деконцентрираш не, шала на страна, совршенство од жена ми е. од мене филмов има :up: http://www.imdb.com/title/tt1095217/
Бидејки највеке сакам да си гледам вакви chick - flicks, без да проверам IMDB си го симнав филмчето и го пуштив. После 5 минути, ни трага од Meg Ryan Eva и Mendez... Поминаа 10 минути, си велам до кога ке го развиваат дејството, и на крај во 16та минута Spoiler кога видов како типката му ги јаде прстите на човекот сватив дека сум симнала погрешен филм. Наместо The WomЕn, јас сум напишала The WomАn и еве што сум симнала: Crime | Drama | Horror - 18 August 2011 (Australia) Но, тенкју ilent: Згора на се, кога отворив IMDB за The Women и видов дека нема ниту едно машко во кастот, се сетив дека сум го гледала филмчево одамна. Филмовите ги гледам онака, у пролазу и ако не е нешто спектакуларно да ми остави силен впечаток, заборавам Инаку The Women е супер, како што пиша Џули, за опуштање :up:
Шана слатко ме насмеа ... се случува . По препорака на една од феминките. Одличен трилер. 9/10 Обожаватели на трилери симнувајте го. Хилари Свонк која во филмот е Џулиет (нели ние Џулиети сме опасни) ... докторка по професија, бара стан под кирија. Откако го наоѓа ... нели сопственикот на зградата и станува пријател. Но помеѓу нив се појавува некаква блискост. Сепак еден од нив таа блискост ја зема здраво за готово ... покажува мрачна страна на својата личност. Што се случува во филмот, погледнете.
Cow Belles 7/10 Family | Comedy Филм со порака дека нема цел живот месено-обесено од тато туку треба да преземе одговорност и да видиме дека не се заработуваат така лесно парите кои многу лесно се трошат кога не сме ги заработиле ние. Лесно филмче да се утепа време. Со цел да научат како да бидат одговорни, две богати тинејџерски сестри се принудени да работат во семеен бизнис од страна на нивниот татко.....што се случува понатаму погледнете сами.
Не ми остави којзнае колкав впечаток онака релаксирачко филмче за опуштање. Spoiler Имено се работи за девојка која заедно со својата група треба да се натпреварува во еден уличен натпревар во брејк денс,меѓутоа ќе биде исфрлена од групата па таа заедно со едно момче кое ја симпатизира ќе формираат нова група и .. веќе претпоставувате кој ќе победи на натпреварот Еве од мене има 5че за изворедни танцувачки способности на актерите.
HONEY 2 Да, драги луѓе, постои. Прво, сакам да кажам дека од оригиналниот Honey, започна мојата љубов кон ваквиот тип на филмови, и сум голем обожавател на Step up 2, You got served, How she move, Stomp the yard... итн. И му дадов шанса на филмчето, затоа што Save the last dance 2, пријатно ме изненади, иако беше со друга глумица, ама играше подобро, со поквалитетни кореографии... НО... овој филм е чиста утка. Се појавува само мајка и' на Хани, и студиото кое Хани го основаше во првиот дел. Главната улога ја глуми Katerina Graham (Бони од Vampire Diaries) и мајке ми - девојкава нема абер од глума!!! Јас претходно ја имам гледано само во Дневниците и таму ми е ок, соживеана со улогата, ама во филмов е пластична и антипатична и тиква! А типот кој и го одбрале вреска - јас сум ГЕЈ! - јас барем таков впечаток добив. Ужасно сценарио, болно е колку е досаден филмов за ваков жанр, плус, го осквернавиле моето омилено шоу ABDC - и се појавуваат Quest Crew, Fanny Pak, Beat Freaks, Super Crew - ама НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ, тајфата на оваа неталентиранава нормално, ќе победи. Тапа. 2/10
My Life in Ruins (2009) Comedy | Romance Лимонадче добро за тепање време и за да си го пуштиш мозочето на пасење. Дејството се одвива во нашата ни сакана соседна земја Педеракија.. упс Грција Актерката-каке
Се зафркнав како и за првите 2 дела мислејќи дека нешто од нешто ќе ми се разјасни. Првиот дел го гледав и си останав целата вака ???? Вториот дел си мислев ќе ми ги одгатне прашалниците од првиот, тој уште толку?????? Е сега со 3 дел ми е јасно дека ќе има и четврти дел и можеби во 666 дел ќе објаснат што всушност сака да каже режисерот. Ми е криво што потрошив уште саат и 10 мин од мојот живот на ваков с*ање филм, што нема ни Х од хорор, повеќе ме тераше на смеење . own: own: own: 0/10
Ми се допадна филмчево. Иако крајот ми стана јасен уште кога се појави Christina Applegate, беше интересно за гледање :up:
The rebound Приказна за една жена со две деца, која ќе го напушти својот маж и ќе започне врска со еден млад дечко. Приказната на филмот не е нешто посебна, ама мене ми се допадна глумата и емоцијата што е внесена. ВО принцип мразам вакви филмови, ама овој успеа да ми го задржи вниманието 7/10 I dont know how she does it Приказна сконцентрирана на жена со две деца, која мора да пронајде баланс помеѓу работата и семејството. Ко за инат се излажав и симнав филм со слична тема како претходниот. За разлика од тој, овој не ме водушеви воопшто. Единствено што ми се допаѓаше е перцепцијата на тоа како се гледаат жените во бизнис светот. Приказната е видена, дејствијата стагнираат од 15-та до 80-та минута. 4/10
Јohnny English Reborn (2011) Spoiler Johnny English, најдобриот агент на британската тајна служба, се повторно враќа на своето работно место. Ама Џони е се', само обичен не. Иако е врвен агент, сепак има една особина која никој агент не смее да ја оседува - Џони е страшно несмасен. Од друга страна, тој ќе ви покаже дека не е секогаш битна физичката способност, туку и снаодливоста. Сe' на се', добро филмче за релаксација, барем не е глупав американски хумор, а Rowan Atkinson дефинитивно му дава посебен шмек на секој филм
дојде на ред и јас да го изгледам апсолутниот хит на Фемина : Desert Flower (2009) 120 min - Biography | Drama за филмов веќе се кажавте, да не го тупам, само глумицава ме остави без зборови. прекрасна е. сурова животна приказна. феминистички. http://www.imdb.com/title/tt1054580/
INGLOURIOUS BASTERDS !!!! Душата ми се исполни додека го гледав! Филмиште! Чиста 10ка. Бред Пит во малку поинакво издание и со нов акцент, а другите момци, мислам Американците Боже мој,лепотани. Па нивниот германскиот акцент, уффф дрти мајндс ми буди Филмот е одличен На крајот мислам дека и јас присуствував на големиот финиш за смрдените нацисти
Horrible Bosses - леле мори мајко кој Луцифер ме натера да го гледам?! Се мачев, буквално се мачев додека го гледав. И така го догледав зборувајќи на скајп со една пријателка на која и се жалев за филмов Единствено нешто што вреди во филмот е глумата на Kevin Spacey - дали бил лош во некој филм се прашувам? Jennifer Anniston - која мамасита! Женава колку години наполни бре? А какво тело има Одлична како нимфоманка. Colin Farrell - истото важи за него како и за Кевин, кога бил лош во некој филм? Ѕвер. Другото све ајт у корпа. Глупав амерички хумор, тотално ме иритираа останатите ликови особено оној асистентот на Џенифер. Леле мајко моја некој те тормози со секс Ма дај! Не можев. И сега се нервирам додека ја пишувам рецензијата. Филмов ми ја навреди интелигенцијата до тој степен што дури ни за опуштање не е филмов. При крај се фатив како од очај се смеам на глупите фори - онака се смеам и плачам од што не ми се верува колку е само неандерталски филмов. Го исповреѓав, кутриот. Од вкупно 10 добива од мене 3, по еден поен за горенаведениве глумци кои вредеа.
Spoiler Само што завршив со гледање, навистина ме воодушеви Се работи за млада девојка од Англија која заминува во Австрија на планинско место да работи за да му помогне на својот татко. Таму ја пронаоѓа својата љубов и победува на натпреварот за скијање Има уште некои ситни деталчиња ама не ги откривам бидејќи филмов навистина вреди да се погледне Spoiler Млада девојка која ја добива својата шанса да биде со нејзиниот идол неколку дена, притоа служејќи се со лаги за да го задржи. Исто така преубав филм Spoiler Обично ми се допаѓаат сите филмови со Џенифер Лопез па така и овој Во филмов таа е очајна за бебе и после неколку неуспешни оплодувања конечно забременува, но токму тогаш на денот на нејзиното успешно оплодување и го запознава човекот на нејзиниот живот, дали тој ќе ја прифати со деца видете сами Spoiler Ева Лонгорија - Кејт загинува на денот на нејзината венчавка, врз неа паѓа статуетката на ангел. После една година нејзиниот вереник пробува да стапи во контакт со неа, одејќи кај пророчица. Тие се вљубуваат еден во друг, но духот на Кејт почнува да ја прогонува девојката..
Phat Girlz 7/10 Филмов е со порака да се прифатиш себеси таков како што си и да се чуствуваш добро и удобно во своја кожа. Според мене Mo'Nique е совршена за улогата. Единствено што не ми се допадна во филмот е кога на крај главната глумица станува познат дизајнер на облека за полни (дебели) луѓе и оп наеднаш како ај сега дебелината станува мода. Иначе се на се добро филмче.
На препорака на Лудото и јас го изгледав . Луд филм дефинтивно. Од режисерот на Пила, па претпоставете што може да излезе . Ако сте љубители на таков вид на филмови, препорачувам. Оценка 8, бидејќи мајката е страшно луда .
PROZAC NATION Базирано според вистинска приказна, Кристина Ричи ја толку улогата на Елизабет, млада девојка која страда од депресија првата година на Харвард Универзитетот. Филмот не е лош, главниот лик ќе ве иритира, ќе ве изнервира, па ќе се натера да се сожалите и да сочуствувате со нејзината ситуација, борбата со нејзините демони, депресијата и остатокот од другите сериозни issues што си ги има девојчево... Многу добра глума на Ричи и Џесика Ланг. Реален филм навистина. Верувам дека книгата е подобра, затоа што главниот лик е и наратор, а не може толку добро да се доловат внатрешните емоции на филм, како во книгата. 6/10
Christmas in Boston Spoiler Романтична комедија. Не ми беше нешто специјален затоа што сепак крајот се знаеше каков ќе биде. Момче и девојка се допишуваат цели 13 години. Изнанадно (од работа) момчето оди во градов каде што живее девојкава и нели ај да се видат конечно во живо. Но двајцата немаат смелост и наместо нив ги праќаат своите најдобри пријатели. И на крај конечно се открива се. Дека тие не се вистинските и сите среќно си живееа. Добар е за тепање досада. Oценка 6/10.