Spoiler Се работи за млада девојка која цело средно училиште го поминува во потсмев од страна на нејзините соученици, посебно од една девојка.. за неколку години таа е во шок откако дознава дека жената со која ќе се жени нејзиниот брат е истата онаа која и го загорчила животот. Предобар филм 10/10 Spoiler Интересна комедија, во која двајца млади во Лас Вегас, под дејство на алкохол се венчаваат. Утрото кога ќе се разбудат започнуваат сите перипетии 9/10 Spoiler На викенд во Хаваи, пластичниот хирург (Adam Sandler) ја убедува неговата асистентка (Jennifer Aniston) да се претставува како негова наскоро бивша сопруга со цел да сокрие мала лага која ја кажал на девојката за која верува дека навистина му се допаѓа 9/10 Spoiler Во главна улога со Хилари Даф, која се вработува во една компанија со цел да напише статија за магазинот Космо, што воедно е и нејзин сон, нејзината задача е секојдневно да излегува со мажи во костими Spoiler Девојка од мало гратче доаѓа во голем град за да го најде нејзиниот вереник кој што работи таму, откако увидува дека тој цело време ја изневерувал, сака да се врати дома. Но тогаш и се пружа шанса да работи во голема компанија, каде ќе биде манипулирана на некој начин. Ќе го надмине тоа, и ќе ја одведе компанијата до успех, а воедно и ќе си ја најде вистинската љубов. Филмов ме насмеа многу. 10/10
Блесаво, безобразно, откачена комедија. Иако нешто не ми беше по ќејф, цела ја изгледав. Има сцени на кои ќе ви се превртуваат црева, но има сцени кои ќе ве насмеат добро. Се на се може да се гледа. 6/10 Тројца другари одлучуваат да заминат во Њу Орлеанс на Марди Грас фестивалот и таму им се случуваат згоди и незгоди. Какви? Погледнете за да дознаете.
The other end of the line Ми се допадна филмот. Интересна глума, фини моменти, убава музика, поучни моменти ... Се работи за една Индијка која се преправа како американка за да може да работи во банка. Верена е присилно за богат индиец кој не го сака ... а сосем случајно ќе го запознае и совршениот американец ...
The nanny diaries Една дадилка ќе чува дете на богаташи кои што не знаат како им изгледа можам да кажам од што се "презафатени"..Но на крајот се случува нешто.. Гледајте го мене ми беше многу интересен Оценка 9/10
Не би откривала ништо, oсвен жанрот, Comedy | Drama | Romance, но не онаква романса и комедија каква шт се среќава кај Американците.Многу добар филм, нормално кога глуми Џек Николсон Филмов го гледав само заради М.Даглас, кој исто така нема утка.Женет е, но ќе спие со една жена која според мене е психички болна, ми одеше да влезам во монитор и да ја задавам
Crazy, Stupid, Love. Одамна го чекав за излезе DVDRip и конечно го гледав. Да не повторувам, убаво напишала Bright неколку страници наназад, одлично филмче. Spoiler Ryan Gosling тотално не е мој тип според ликот, ама кога ја соблече кошулата, жениииии, ке свршев на лице место
Филмот го гледав денес, супер е се изнасмеав, ви го препорачувам на сите шо го немате гледано Оценка: 10/10
Pay it forward Филмов го имам гледано одамна. Прекрасна драма која вреди да се погледа. А јас како обично - плачка - се расплакав - повторно. Не ви откривам повеќе детали, вкусете го сами... 10/10
I SPIT ON YOUR GRAVE Добар филм да, да и за Sarah Butler. Jeff Branson преубав, каков маж, но смрдено копиле во фимот. Млада писателка за да ја напише својата втора книга оде во викендица на планина.Една ноќ во викендицата и влегуваат 4ица момци, сакаат да ја силуват, таа бега, во шума нелетува на шерифот,која несреќа, и заедно се враќат во викендицата каде филмот може да почне.
It Runs in the Family (2003) 109 min - Drama глумците се цело Даглас семејство. од Кирк, преку Мајкл, па се до јуниорите. убава топла фамилијарна приказна. драма-комедија. има моменти кај што се смеев на цел глас, и некои стварно тажни. за овој жанр филмови мене ми се допадна. http://www.imdb.com/title/tt0311110/
What's Your Number? Една девојка, откако ќе прочита една статија, одлучува да се види со секој од поранешните 20 дечковци со надеж дека некој од нив е љубовта на нејзиниот живот. Добра замисла, ама не сум водушевена од реализацијата. Некако улгоите ми делуваа недовршени, некомлетирани и на моменти ми беш досаден, без дејство. Ако ви е досадно симнете си друг филм. 3/10
Good Will Hunting (1997) 126 min - Drama - Epten dobar film so dobri glumci i se gleda ocenkata... Vredi da se izgleda~!! http://www.imdb.com/title/tt0119217/
Eве и јас ке додадам од мене мислење за филмов Man on Fire ... ВРЕДИ ДА СЕ ИЗГЛЕДА!!!! Ако сте љубител на добри филмови тогаш одвојте 2 саата за да го изгледате филмов.Оценка од мене 9/10 А за филмов Tres metros sobre el ciealo ... тинејџерски филм!!! Глумецот јес да е убав ама толку возбуди за филмов ... мислам дека немаше потреби ама тоа се тоа тинејџерски години. Оценка 5/10
Prozac Nation (2001) 95 min - Drama по препорака на Магнолија. писателка се соочува со депресија на својата прва година на Харвард. мене ми се свиѓа. ептен поучен е. :up: Spoiler глумицава е лудило и многу ми беше жал за мајката. http://www.imdb.com/title/tt0236640/
Conviction Базиран врз вистинска приказна. Неправедно осудениот брат на Бети Ен се соочува со доживотна казна затвор. Поради недостаток на пари и адвокати кои би го погледнале случајот, Бети Ен решава да се запише на Правен факултет, да го положи правосудниот и да го ослободи брата си од вината. Но, патот дотаму е тежок и долг... Филм кој ќе ве расплаче, ќе ве разнежни, ќе покаже колку силна може да биде братско-сестринската љубов, филм за надежта и истрајноста, храброста и многу трпение... Едноставно ќе ве трогне. Прекрасен филм. Предобар. Можеби некоја друга глумица би била уште подобра во улогата на Хилари Свонк, но и вака филмот е одличен навистина. 9/10
Го изгледав сега. Стандарден филм за кражба (тука се работи за НАВОДНА кражба) во банка. Од мене има 8/10 Добар е нека дека не, но ми ја нема онаа константна акција, константна збунетост или да те држи под некоја голема неизвесност, притисок. Некаде веќе после 1 час почнува да станува малку по живо. Како и да е Дензел е стандардно одличен. Препорака има, може да се гледа кој е љубител на вакви филмови слободно.
Desert flower И јас попрепорака на феминките го гледав овој ..Филмов е многу добар, мислам дека нема потреба да кажувам има се погоре кажано Оценка 10/10