I Don't Know How She Does It 2,5/10 Досадно! Не го препорачувам. Нема некоја посебна приказна, цело време се врти едно исто, крајот уште одма знаеш каков ќе биде......не знам како успеав да го догледам, значи предосадно.
Perfect Stranger. 9/10. Без зборови ме остави филмот до последната минута. Хали Бери и Брус Вилис. Новинарка,која поради влијанието на моќните луѓе во весниците неможе да ја каже својата приказна,почнува да врши истражувања на мистериозната смрт на својата пријателка. Во тоа и помага и колегата. Можно е од целата приказна да излезе голем скандал,земајќи го фактот дека е вклучена славна личност во истиот. Можеби,а можеби и не... Ако не ви е изгледан,дефинитвно изгледајте го. Нема да зажалите. Филмот е некоја комбинација од психолошки,трилер,драма.. Совршени сцени,уште подобри глумци,одлично сценарио...
THE GUARD Крими приказна која се случува во мало Ирско гратче сместено на море. ФБИ агент ке ја посети полициската станица за да разреши случај со меѓународна трговија со кокаин. ОК филмче. Инаку ве предупредувам дека 90% од филмот е англиски со тежок ирски акцент па ако не го владеете јазикот одлично, побарајте си subtitles
Camp Rock Типичен тин филм, ништо посебно, дури и не ми се допадна којзнае колку. Глумците многу фејк и не професионални. 5/10 Robin Hood - Men in tights Смешки и комедии. Ми се допаѓа како успеале секој детал да го направат смешен. 8/10
The change up Веќе видена тематика(freaky friday)со комични моменти и со типичен среќен крај сценарио, лесна комедија, добар филм за релаксирање .
Spoiler Во Менхетен, адвокатката Лив и школската учителка Ема се најдобри другарки од детството. Тие и двете се запросени од нивните момчиња на истиот ден и започнуваат да си ги планираат венчавките во “Плаза” Хотелот, користејќи ги услугите на познатата Мерион Сент Клер. Како и да е, секретарката на Мерион прави грешка и нивните венчавки се закажани на истиот ден. Ниедна од нив не сака да си ја промени датата и така стануваат непријатели, и двете обидувајќи се да ја саботираат венчавката на непријателот…Интересен филм , баш ме насмеа 9/10 Spoiler Се работи за девојка која има нос на свиња, поради клетва во минатото. За да ја снема таа клетва треба да се омажи и некој да ја сака.. но дали ќе успее кога сите бегаат од неа.. Одличен филм 10/10 Spoiler Приказна за три другарки кои како мали закопуваат кутија со нивните омилени работи и се заколнуваат дека нема да ја отворат се до нивната матура. Иако повеќе не се најдобри другарки сепак си го исполнуваат она што го ветиле. Неколку дена потоа заминуваат сите на пат за Лос Анџелес, ќе се случат многу нешта на тој пат и тие сфаќаат дека никогаш не требале да се разделат. 8/10 Spoiler Комедија која навистина ме насмеа. Еди Марфи(Норбит) е оженет за огромно дебела жена Распутин, иако низ смешки тој цело време трпи навреди па и малтретирања од неа и нејзините браќа. Но, на тоа му доаѓа крај, кога љубовта од детството Кејт повторно се враќа во градот.. 9/10
The Machinist Приказна за еден машински оператор кој страда од инсомнија и нема спиено скоро цела година. Полека, тој почнува да се сомнева дека е луд бидејќи почнуваат да му се случуваат многу бизарни работи дома и на работа. Погледнете го обавезно, го има на http://kinoteka.mk/?p=2991
Midnight in Paris (2011) 94 min - Comedy | Fantasy | Romance иако Вуди Ален за мене не претставува гениј тука педофил бидејќи се има разведено од жена му само како би се земал со девојчето што го имале посвоено и цел живот го чувале како свое дете , сепак морам да кажам браво за оваа луда и оригинална идеја за филмов. волшебен, магичен, фантастичен. што друго да се каже освен дека би сакала да бев на местото на Овен Вилсон. за ретките што не го изгледале секако препорака. http://www.imdb.com/title/tt1605783/
Midnight in Paris Spoiler Не ми е баш ко типичен филм на Вуди Ален и за доза ми потфрли од очекуваното,ама нема врска,не дека филмот не чинеше,туку не ми беше Вуди Ален,освен малата ексцентричност и меланхолија. Ми ја нема онаа типична гротескност ко за него.Филмов го доживеав ко последно танго во Париз и ловење на последните моменти до сопствената себеиденфитикација.Интересен и чесен сплет на едноставна реалност.Американски снобизам(до душа и европски,ама млади европјани како нас на пример.Го сакаме Париз зошто треба да го сакаме,зошто е одлика на култура за која саааамо сме слушнале,на романични сокаци,а не затоа што е Париз индид,ама суштински и историски)и безобразно хедонизирање,француска,уметничка ароганција која денес се продава на килограми на овие првите.Ме изиритра хиперболизацијата на ликовите.Не може да биде Хемингвеј таков,ало! Нема шанси,ниту Дали не може да биде толку експлицитно егоцентричен!Едноставно не може!Ете таа натрупаност на толку извикани именца на едно место.Но,нејсе да не правам длабока анализа,на релативно лесно филмче,суштината му е во сосема во нешто друго...љубав де,погледнете го,јас би се изразила едноставно со мојата омилена,неподнослва леснотија на постоењето и вадење од точка на удобност за де факто да почнеш да живееш,ко исклиширано онака кажано.На крајот,гледајте го и само затоа што го сакате Париз на крајот на краиштата,ќе ви се допадне и без да ја сакате уметноста,ниту дури ако не ви пречи ни лошиот кастинг.Ах да...цел прелаз на бои човече,не се нијанси у прашање...бреј,како не можеше толку да увиди и порано.А што је кучка,је(беше очигледно и тоа).Значи на крајот,не се разликите во прашање,туку токму спротивното.И знаев дека така ќе заврши...Ми се допадна детската наивност на главниот лик кој го идентификував со лик од мојава реалност.И за крај,во кое време и да живееме,увек ќе има носталгија,не?!И секогаш нема да го сакаме своето време се додека не ни е убаво во него и ете ја потсвесната помисла на главниот лик и истовремено и инспирација за продавницата на носталгијата.И шајзе,увек сфаќаме више кога помине!Очигледна поента де. Забавно филмче.Ако барате релаксирање,забава,малку романтика,супер е!И практикувајте ја музиката од филмот за убав ден.За мој вкус,премногу памучно,не сум љубител на вакви филмови,ама ете Вуди Ален,конечно остарел и паднал на кармата на Холивуд,ама сум к*рва за убави изрази и кованици на зборови,па ете,на нив му давам прелаз. Бреј,ич не ми се пишува на форумов вака,ама ич,не знам зошто,немам мерак.
The Mechanic Ако претходно сте гледале филм со Jason Statham, тогаш ќе знаете што да очекувате затоа што филмов е во негов стил. Овој пат го игра ликот на Артур, платен убиец кој се одликува со голема професионалност и прецизност во својата работа. Поседува строг начин на однесување, никогаш не остава траги зад себе, а убиствата на злосторниците ги усовршува до тој степен да изгледаат како несреќи или самоубиства. Но, еден ден добива наредба да го елиминира својот ментор... Интересен филм со многу акција. Крајот го очекував можеби затоа што премногу филмови имам гледано од ваков тип, па можам да ги предвидам. Ама како и да е, Jason Statham не го испуштам
Serving Sara (2002) Comedy | Romance Метју Пери како и секогаш-смешки, јака фаца има човекот, го обожавам
Spoiler Интересна комедија со Меган Фокс. Се работи за едно училиште за мода...Интересно филмче за оние кои ја сакаат модата, модното креаторство 10/10
Super Sweet 16 Две најдобри другарки се натпреваруваат една со друга за кој ќе направи подобра забава за 16 роденден.
A Christmas Carol Ме мавна еуфоријата на Божиќ. Го имав гледано одмана, но пак го пуштив. Се работи за стар човек кој во минатото го сакал многу Божиќ. Но одеднаш се променил. Станал арогнатен и престана да го слави Божиќ со блиските. Се појавуваат лоши и добри духови кои го враќаат во детството и во минатото и му покажуваат колку тој го сакал празникот.. Натаму гледајте . Интересен анимиран цртан. И режисерот имал добра фантазија.
SANCTUM ! Филм според вистински настан. Филм за последната неистражувана најголема пештера во светот. Една поинаква сурова приказна за истражувачи на пештера кои се секогаш спремни за нови возбуди и истражувања во нивните домови, пештерите. Ова ново патување, за некои е големата животна мисија и замисла која цел живот ја чекале, а за некое само нов проект со нивното име на него. Суровоста на пештерата ќе ги стигне и нема да да ги поштеди, лошиот избор на повеќето од нив, нечовечноста ќе ги однесат до неповрат. Нај храбрите и нај издржливите кои со заеднички сили трагаат по излезот остануваат без боца за воздух, без светлина и се наоѓаат на раскрсница, изборот е сега или никогаш, каде?! Дефинитвно препорачувам, преkрасна драма - трилер.
Johnny english, ама првиот дел, леле луѓе се изнасмеав, на глас, скрос, за сите пари. Намерно го гледав првиот дел, за да ги спојам со вториот. 10/10 за сите љубители на комедии, топло пр епорачувам.