Јас го гледфав вчера на телевизија Лепа села, лепо горе А завчера гледав еден со Џек Николсон, ама да ме убиеш не ми текнува како се викаше... а добро филмче.
последен филм што го гледав е shutter island од мартин скорсезе со леонардо ди каприо во главната улога и би ви го препорачала одличен трилер
Синоќа го гледав Чистачот со Семјуел Л. Џексон и Ед Харис...Добро филмче...Денес се спремам да гледам цртан, Принцезата и жабокот
Аватар е последен филм што го гледав. Не очекував дека има толку добра содржина и искрено ми се допадна,чудно со оглед на тоа што мене воопшто не ме интересираат филмови од тој тип. Ама сепак,ми беше доста интересен и вреди да се погледне.
Shutter Island игра во кино рамстор.Кој сака психолошки трилери топло му го препорачувам.Мене ме воодушеви,а и приказната не е едноставна,заморува филмот.Јас сум импресионирана.
Последен филм што го гледав е со Ричард Гир и кучето Хачико,многу убав а и тажен филм по вистинска приказна,и се прашував дали е можно такво нешто,нов е,гледајте го
Последен филм што го гледав е.АВАТАР филмот е навистина добар и ако до сега моето внимание го одземале друг вид на филмови .