Добар филм кој ќе успее да го задржи вашето внимание. Не е многу страшен но има неколку сцени кои ќе ве здрмаат - Вреди да се погледне... Spoiler Содржински се работи за едно семејство кое се доселува во куќа каде порано било убиено друго семејство. Еден член од семејството по вселувањето почнува да слуша гласови кои го тераат да ги убие другите членови...
Disclosure Многу добар филм Том(Мајкл Даглас) очекува унапредување во фирмата, а местото го добива неговата бивша девојка(Деми Мур). Мајкл Даглас нема утка во филмовите изгледа
Tsotsi - многу моќен јужноафрикански филм кој е овековечен со Оскар за најдобар странски филм во 2005. Филм за чуствата на навидум најбесчуствителните луѓе. Дали најголемиот криминалец и ладнокрвен убиец може да се смени некогаш? Дали навистина е опериран од билокакви основни човечки чуства? Погледнете - го препорачувам. Мене ме трогна филмот. Можеби немаше моќна приказна колку што имаше моќна психолошка анализа.
Сум се изнагледала едни добри 5,6 часа 3 дела од филмов : 1. Дел http://www.google.com/imgres?q=lega...7&tbnw=127&start=0&ndsp=19&ved=1t:429,r:6,s:0 2.Дел http://www.google.com/imgres?q=lega...&tbnw=74&start=19&ndsp=19&ved=1t:429,r:3,s:19 3.Дел http://www.google.com/imgres?q=lega...21&tbnw=81&start=0&ndsp=17&ved=1t:429,r:0,s:0 Малце шмизлички малце повеке на моменти ме нервираа девојките од 3 дел ама тоа е го догледав
Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=5kAmN7tRDlo&feature=related Hunger Point Од постарите филмови , кои вредат да се погледнат пак топла препорака...
Secret Between Friends http://www.youtube.com/watch?v=Z7VmB6phCtc&feature=related Филмот на времето мислам дека секое лето го даваа во летната програма ...Пулсирање или како и да ја викаа... незнам што ми стана со ова поучните филмови инспирирани од вистински настани... Но топла препорака за сите кои мислат дека да си „СИЗЕ“ 0 или 1 е задоволство ...
Killing me softly Филмот е проклето многу секси Станува збор за девојка која има долга и навидум идеална врска. Таа случајно се запознава со еден човек со кој ќе доживее нешто што не го доживеала со својот партнер... Интересна приказна, исполнета со страст, опсесија, мистерија, љубов... Го препорачувам Оцена 8/10
This Film Is Not Yet Rated (2006) Документарец кој се фокусира на MPAA - The Motion Picture Association of America; асоцијацијата која е задолжена за оценување на филмовите и сместување во петте категории на класификација, коишто ги имаат американците - (G, PG, PG-13, R или NC-17). Незадоволни режисери кои сметаат дека нивните филмови не треба да бидат забранети за деца под 17 години, односот на американците кон табуата, насилството и сексот во филмовите, еволуцијата на класифицирањето на филмови, проблемот наречен цензура ... и еден приватен детектив кој во документарецот се обидува да открие кои луѓе се членови на асоцијацијата, т.е. оценувачите, затоа што се држат во најголема тајност. Многу интересено, го задржува вниманието до крајот. 7/10
Horrible Bosses 3/10 Очекував повеќе од филмов. Ништо посебно, не ми се допадна, на моменти дури и преглупав. Тројца пријатели планираат убиство на својоите шефови кога ќе сфатат дека тие им стојат на патот на нивната среќа.
Денеска се побуни детето во мене па го изгледав. Нема што да ви пишувам рецензија или да раскажувам ... Сите кои сте љубители на анимирани филмчиња да си го погледнете.
пак нешто не мнн лошо но доволно за да се троши фрее тиме My First Mister. 5/10 за уникалноста ... хехе хехе девојката е супер тотално забегана ,а мајка и е посебно забавна Spoiler го гледав тука по делови http://www.youtube.com/watch?v=DfujneoO ... re=related
Cyberbully е последниот филм што го гледав. Ми се допадна, онака баш за мојата возраст. Ме научи многу работи,што треба и што не треба! Spoiler Се работи за девојче,Тејлор,која за роденден и купуваат сопствен компјутер.Се зачленува на една страна,но станува жртва на сајбербули.
SHERLOCK HOLMES За љубителите на Sherlock Holmes, одличен филм. Robert Dоwney Jr одличен во улогата на познатиот детектив. Одлични ефекти :up: Со нетрпение го очекувам вториот дел кој треба да излезе до крајот на годината.
Гледајте го The 5th Quarter 2011. Значи немате појма каква емоционална драма со доза на спорт. Јас го гледав филмов пред неколку дена и стварно многу си поплачив.Немам зборови за филмов.Инаку е базиран на вистинска приказна. http://www.youtube.com/watch?v=f7Tz0nq2 ... detailpage
The Obama Deception The Mask Comes Off Документарец е. Spoiler Главно се разкажува за американските политичари и банкери, кои создали сојуз од нај богатите луѓе на светот, а Обама им е нивна марионетка. Този сојуз редовно прави пресконференции за завладување на светот. Како примерно камерите по улиците, богаташи, кои сакаат да стават чипови на луѓе (пачнаа со кучиња, ќе продолжат на луѓе) за да контролират све. Каде одиш, што правиш, кога одиш на работа, кога се прибираш дома, кога си миеш заби Страшно еј... На каде оди този свет. Сојузот бил таен, но Alex Jones-создателот на филмот и неговиот екип во продолжение на години ги следат и се обидуваат да ги разкријат...И накрај успеваат. Има и многу други тајни, кои се разкрити...но подобро е да го гледате... Бих препорачала филмот, кој е исто во този стил Zeitgeist Ratings: 8.5/10 from 22,910 users Леле какви нешта се кажуваат таму страшно!!!!!
Eight Below За време на една експедиција во Антартикот, Jerry Shepherd мора да ја напушти поларната база заедно со неговите колеги поради близината на обилните снежни врнежи. Тој е принуден да ги остави кучињата со цел да се врати набргу по нив. Сепак мисијата за враќање по кучињата е откажана и тие се оставени сами на себе. Jerry се обидува да нјаде сонзор за спасување на неговите кучиња, додека тие се борат за опстанок… Прекрасен филм, го има и на кинотека.мк со македонски превод.
Демек како продолжение на Legally Blonde. Демек! Толку многу ја сакам Ел Вудс, што се натерав да го гледам филмов иако е без неа. Ве молам да не го гледате, ама стварно ве молам. Најпрво за да го зачувате убавиот спомен од Рис Витерспун, а и да си ги поштедите мозочните клетки. 1/10 Филм што нема да ве остави рамнодушни. Буквално нема да трепнете за да бидете во тек со развојот на настаните. Дејството се одвива меѓу брачен пар, а потоа се осврнува кон сопругот кој после една исповед од жена му не може да се помири со сликите во главата и се впушта во опасна, интригирачка мистерија. Задолжително да го гледате. 9/10
Пооди пооди застани го гледав FORWARD па опет F. не ми остсави некој си добар впечатулок онака факин блади дежа ву од 1-10 ....4че